Општина Кисела Вода: Избран концепт за хумано домување наместо бетонизација на Расадник


Два од вкупно пет пристигнати труда освоија еднаков максимален број на поени и рамноправно го поделија првото место на Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП Расадник во Општина Кисела Вода. Се работи за проекти на проектантска куќа од Хрватска, AG PLANUM doo и од група архитекти од Грција, предводени од Alexios Tzompanakis, за кои […]

Евакуирана зградата на Радио-телевизија Србија по дојава за поставена бомба


Зградата на Радио-телевизија Србија (РТС) во центарот на Белград денеска е евакуирана по дојава за поставена бомба, потврдија за агенцијата Бета од Министерството за внатрешни работи. Министерството соопшти дека дојавата за бомба била испратена преку електронска пошта, по што зградата била евакуирана, а во тек е проверка на објектот. Како што дознава агенцијата Бета од […]

Грција заработи 18 милијарди евра од туризмот само за девет месеци, за 15,2 отсто повеќе од лани


Во првите девет месеци од годинава, односно во периодот од јануари до септември приходите на Грција од туризмот се зголемиле за 15,2 отсто во споредба со лани и достигнуваат речиси 18 милијарди евра, според податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, во истиот период, за 17,3 проценти се зголемил и […]

Рекорден број Американци патуваат за Денот на благодарноста


 Рекорден број Американци се очекува да патуваат по копно и во воздух во пресрет на Денот на благодарноста, еден од најважните семејни празници во САД кој се слави в четврток.  Патувањата за време на празниците во САД се враќаат на бројките пред пандемијата на Ковид-19 и годинава за време на главните празници како Денот на […]

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп – Росоман кај мотел „Дреново“ поради сообраќајка


На регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај мотел „Дреново“, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен прекин, соопштија попладнево од АМСМ. Сообраќајот е во целосен прекин од 15 часот.

Тепачка пред судот во Охрид, приведени три лица од Велешта


Поради нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка пред Основниот суд во Охрид полицијата денеска приведе три лица од струшкото село Велешта, соопшти СВР Охрид. Според информацијата, во 13 часот и 45 минути лицата биле приведени во СВР Охрид, а по целосно расветлување на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. […]

Германија ќе и обезбеди нов пакет воена поддршка на Украина


 Германија треба да и обезбеди на Украина нов пакет воена помош во вредност од 1,1 милијарди фунти. Тоа ќе вклучува четири дополнителни единици за воздушна одбрана ИРИС-Т, рече министерот за одбрана Борис Писториус при денешната посета на Киев. ИРИС-Т е инфрацрвен ракетен систем воздух-воздух со среден дострел. Досега Берлин вети дека ќе му снабди на […]

ИСОС започнува серија средби со сметководителите ширум земјата заради јакнење на професионалните стандарди


Од денеска до 28 ноември, управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) започнува серија средби со членовите на подружниците на Институтот ширум земјата. Целта на ваквите средби е, преку директна комуникација со професионалните сметководители, да се потврдат досегашните и да се утврдат идните чекори на патот кој води кон натамошно унапредување на […]

Руски сатанист, кој им сечеше глави на тинејџери, ослободен за да оди во војна во Украина


  Жителот на рускиот град Јарослав, Николај Оголобјак, осуден во случај на ритуални убиства, доби помилување за неговото учество во војната со Украина. Ова за медиумот „76.ru“ го изјави неговиот татко. „Тој служеше таму шест месеци во ‘Бура Z’… Откако беше ранет, тој е инвалид. Тој оди, но раната e сериозна. Малку е веројатно дека […]

Бајага во Скопје : Сѐ уште ми е убаво кога свирам


Бајага од нашата младост, чии песни се вонвременски, на денешната прес-конференција во Скопје, по половина час задоцнување, влета во стилот на Џејмс Бонд, како што го најави Бобан од „Авалон“, фин, културен, смирен, а не како една од најголемите ЈУ ѕвезди со најмногу свирки на овие простори.   Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, на 9 […]

„Со маки сум се родила“: Великанот Мето Јовановски испратен со омилената песна


  Портретна фотографија на Мето Јовановски. На левата страна од сцената на Драмски театар, празна фотеља на која се поставени еден шал, качкет, кожена торба и мантил.  Последно збогум како сцена од театарска претстава во чест на горостасот на македонското глумиште. Зашто тој беше срцето што најсилно чукаше во Драмскиот театар Скопје, во времето кога […]

Маричиќ: Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ


  Нашата блокада во моментот има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на ова партија кои решија свесно, со политичка одлука, да ја блокираат својата држава во натамошниот тек на преговорите, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Тој оцени дека засега нема изгледи да се донесат уставните измени, но владејачката коалиција […]

Барак: Израел ги изгради бункерите под болницата Ал-Шифа во Газа


Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак предизвика контроверзии откако во емисија на Си-ен-ен изјави дека Израел помогнал во изградбата на некои подземни простори под болницата Ал-Шифа во Газа. Барак изјави дека бункерите што ги користел Хамас за терористички активности првично биле „изградени од израелски градежници“. – Кога рековте дека се изградени од израелски инженери, дали погрешно […]

Израел и Хамас на чекор до договор за ослободување десетици заложници


  Израелската влада треба да заседава вечерва за да даде конечно одобрение за договорот со Хамас за ослободување на заложници, пренесуваат повеќе израелски медиуми. На состанокот со резервните трупи во јужен Израел претходно, премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека „напредуваме“ кон договор. „Мислам дека не треба да кажам премногу, дури и сега, но се надевам дека […]

Аеродром се украсува за Нова година


На повеќе од еден месец до новогодишната ноќ, Аеродром ги започна подготовките за новогодишното украсување со што општината кон средината на декември ќе добие празничен и новогодишен лик. Во текот на вчерашниот ден преку електронскиот систем за јавни набавки беше објавен оглас за спроведување јавна набавка за изнајмување опрема за новогодишно украсување. Новогодишното украсување на […]

Графикон: Работните часови наспроти платите во земјите на ОЕЦД


  Споредба на неделните работни часови и платите во земјите на ОЕЦД Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) генерално се смета за збир на високо развиени земји со високи приходи. Меѓутоа, со 38 земји-членки од целиот свет, економскиот просперитет сè уште може многу да варира помеѓу овие нации. За да го илустрира ова, Труман […]

Заврши доказната постапка за „Ласкарци“, завршни зборови на обвинителство на 14 декември


Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска заврши доказната постапка за случајот „Ласкарци“ што се однесува на автобуската несреќа во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени. Завршните зборови на Јавниот обвинител се закажани за 14 декември. Завршни зборови потоа ќе треба да даде и одбраната на обвинетите, по што Судот ќе треба да […]

Пет клонирани кучиња се главни советници на новиот аргентински претседател


  Големо мнозинство аргентински гласачи се одлучија да пробаат нешто ново кога го избраа Хавиер Милеи за следен претседател на земјата. Во услови на зголемена инфлација и зголемена сиромаштија, Милеи, десничарски популист кој вети радикално менување на владата, го победи актуелниот министер за економија Серхио Маса на вториот круг од изборите во неделата со повеќе […]

Македонските ракометари ќе „тестираат“ и против Црна Гора пред Европското првенство


 Македонската машка ракометна репрезентација во рамки на подготовките за претстојното Европско првенство, покрај двата закажани контролни натпревари против Грција, ќе одигра пријателски натпревар и против Црна Гора. Натпреварот, како што објави денеска Ракометната федерација на Црна Гора, е закажан за 29 декември на неутрален терен во српскиот град Стара Пазова. По овој дуел, избраниците на […]

Над 90 милиони денари за изградба и опрема на објектот „Сонце“ во градинката „Росица“ во Волково


Преку проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка, издвоени се значителни 85.928.460 денари за изградба и дополнителни 6.292.161 денари за опремување на објектот „Сонце“ во градинката „Росица“ во Волково, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. – Оваа инвестиција […]