Спасени тригодишно дете и тројца возрасни кои беа заглавени на жичарата на Водно


Спасени се четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени на жичарата на Водно поради лошите временски услови и снемувањето на електрична енергија на жичарата. Како што соопшти МВР, првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот […]

Во Собранието заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на ДКСК


Во Собранието на Република Северна Македонија вечерва заврши интервјуирањето на кандидатите за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата. За новиот состав на Антикорупциската комисија беа пријавени вкупно 57 кандидати, од кои во административната селекција се утврдило дека 15 кандидати не ги исполнуваат условите или имаат доставено некомплетна документација.  Претседателката на Комисијата за селекција […]

Хамас го одложи ослободувањето на заложниците


Каиро –  Военото крило на Хамас, бригадите Изадин ал Касам, вечерва соопшти дека одлучило да го одложи второто ослободување на заложниците планирано за денеска, додека Израел не дозволи камиони со помош да влезат во северниот дел на Појасот Газа. Како што е наведено, ослободувањето на заложниците ќе биде одложено додека Израел не ги исполни договорените […]

Еве каква е состојбата на патиштата низ Македонија


ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Од 13:00 на Пат. правец Кичево-Стража има забрана за движење на ТТМВ. Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ. Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ […]

Превртен камион на автопатот Велес – Скопје, сообраќајот пренасочен преку Свети Николе


Центарот за управување со кризи информира дека има повеќе заглавени возила помеѓу двете патарини на угорнините на автопатот Велес – Скопје, а надлежните вршат расчистување. Регионалниот ЦУК Велес, известува дека преку единствениот број за итни случаи Е-112 е добиена информација за повеќе заглавени возила помеѓу двете патарини на угорнините на дел од дестинацијата од автопатот […]

Затворени неколку патни правци поради снегот, АМСМ со важно соопштение до возачите


Според најновите информации од АМСМ:   Од 17:20 часот патниот правец Струга- ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила. Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ. Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена […]

Поради врнежите од дожд и снег, без струја Центар кај „Идадија“ и повеќе села во западна Македонија


Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите во Секторот за операции и координација, известува дека поради врнежите од дожд и од снег, што ја зафатија територијата на државата, се јавуваат дефекти на електродистрибутивната мрежа на повеќе локации во државата. Тимовите на ЕВН веќе се ангажирани за отстранување на дефектите за непречено снабдување со електрична […]

Снежен бран ја зафати Македонија – вклучени жолт и портокалов аларм


Драстично намалување на температурите, силен северен ветер, обилни врнежи од дожд и снег се најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), почнувајќи од утрешниот ден. Портокалов аларм за поголемиот дел од земјава е активиран за утре, вклучувајќи ги источниот и западниот дел на Македонија. Во Скопскиот регион е вклучен жолт аларм, вклучувајќи ја и можноста […]

Секој ден лекарите препишуваат по околу 5.100 кутии дијазепам


Еналаприл, дијазепам и метформин, се трите лекови кои во 2022 биле најпродавани, односно, за нив лекарите препишале најголем број рецепти. Според последниот извештај за издадени лекови по генерика од системот МојТермин, за лекот еналаприл (енап) за висок крвен притисок, издадени биле 1.824.877 рецепти во 2022 година. По него следува метформин, лекот за дијабетес тип 2, […]

Сообраќајот на Стража во прекин, попречено е возило, излизгани возила на патот Ресен-Битола


Сообраќајот на превојот Стража во моментот патниот правец е во прекин заради попречено возило на патот кај „Тајмишка Раскрсница“, а на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег. Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека поради попречено возило на патот кај Тајмишка Раскрсница кон превојот Стража во моментот патниот правец е во прекин, при […]

Во Горно Соње блокиран автобус со број „58“, сообраќајот отежнат


Во селото Горно Соње, Општина Сопиште, блокиран е автобус на ЈСП со број „58“ и има отежнато движење на сообраќајот, информираат од Центарот за управување со кризи. Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека од операторот на ЈСП е добиена информација дека во село Горно Соње, Општина Сопиште, е блокиран автобус на ЈСП со број „58“ и […]

ЕК вети 50 милиони евра за поправка на украинските пристанишни објекти


Брисел – Европската комисија ќе обезбеди 50 милиони евра за Киев за поправка и надградба на инфраструктурата во украинските пристаништа со цел да се зголеми извозот на храна. „Подобрените пристанишни капацитети ќе го забрзаат извозот на храна и други стоки што Украина ги снабдува на глобалните пазари“, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер […]

Евакуација во Ист гејт мол поради опожарено возило


Поради појава на чад, која најверојатно е предизвикана од автомобил кој се запалил подземните паркинзи во трговскиот ценатар „Ист Гејт“, денеска биле евакуирани посетителите и вработените во трговскиот. На лица кои во моментот се затекнале во „Ист Гејт“ им било соопштено да го напуштат трговскиот центар, а притоа првично не им било дозволено да ги земат […]

Скапиот изглед на Адел на кошарка, од чанта Биркин до обетки од 860 фунти


  Можеби технички не е невеста, бидејќи наводно се омажила тајно минатата година, но тоа не ја спречи Адел да го има тој сакан сјај додека седеше во ВИП делот со сопругот Рич Пол на кошаркарскиот натпревар на ЛА Лејкерс  35-годишната лондончанка изгледаше сјајно во типично британско пријатен џемпер, спортски панталони и некои луксузни модни […]

Снег падна и на Водно


Врнежите од снег утрово ја „побелеа“ Шар Планина и рекреативниот центар Попова Шапка, а доста снег има во Маврово. Снег има и на скопско Водно, па населените места Горно и Долно Соње денеска се во зимска идила. Денеска нѐ очекува облачно со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м²). На планините врнежите […]

На планините во Србија снег до 30 сантиметри


Белград – На планините во Србија има зголемување на снежната покривка, а на Гоч каде има и до 30 сантиметри снег нема струја поради дефекти на далноводите од страната на Врњачка Бања и Краљево, јави дописникот на МИА од Белград. Електрична енергија нема ниту во Студеница каде висината на снежната покривка е околу 10 сантиметри, а […]

Само еден градоначалник и двајца почесни конзули ги понудиле своите службени возила за Министерскиот совет на ОБСЕ


Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека според проценките на неговите служби, можеби ќе се потрошат половина од средствата предвидени за изнајмување возила за претстојниот Министерскиот совет на ОБСЕ.   Како што информира Османи на денешниот брифинг со новинарите, досега само еден градоначалник и двајца почесни конзули ги понудиле своите службени возила. -Според проценката од […]

Очекувам Министерскиот самит на ОБСЕ да помине во најдобар можен ред, вели Спасовски


Министерството за внатрешни работи е клучно за безбедноста на Министерскиот самит на ОБСЕ. Заедно со група на многу владини институции се подготвуваме цела година за овој Самит да помине во најдобар можен ред, изјави денеска во Битола министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој информира дека е најавено присуство на повеќе од 70 делегации коишто […]

(Видео) Снегот прави проблеми на Стража, одрони кај Катланово


Обилни врнежи од снег прават проблеми на патот Гостивар- Маврово-Стража-Кичево. Поради тоа има забрана за движење на тешки товарни возила.  Внимателно движење и на автопатот Скопје-Велес, кај Катланово, препорачуваат од ЦУК, заради одрони. ЦУК информира дека од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека поради обилни врнежи од снег патниот […]

На атинското пристаниште откриени 91 килограм кокаин во контејнер со банани


Атина – Во контејнер со банани во брод што пловел под знаме од Либерија, а во Грција пристигнал од Еквадор, биле пронајдени и запленети 91 килограм кокаин, во вредност од околу четири милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција денеска соопштија дека бродот што легално пренесувал банани, пристигнал на […]