Герт Вилдерс во потрага по коалициски партнери за формирање влада


Лидерот на холандската екстремно десничарска популистичка и националистичка Партија на слободата (ПВВ), Герт Вилдерс е во потрага по можни коалициски партнери за формирање на идната Влада на Холандија.  Вилдерс не ја крие амбицијата да биде следниот холандски премиер, откако неговата ПВВ оствари изненадувачки убедлива победа на изборите за долниот Претставнички дом на Парламентот на Холандија […]

Изминатото деноноќие 2.037 повици за итни случаи поради зимските временски услови


Вкупно 2.037 повици за итни случаи регистрирал Центарот за управување со кризи (ЦУК) во изминатото деноноќие, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден. ЦУК информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. На подрачјето на СВР Охрид има забрана за тешки товарни возила само на […]

Стартува дигитална кампањата „Топли препораки“ за топол дом во зимскиот период, почист воздух и подобро здравје


Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Шведската амбасада и Шведската агенција за заштита на природата, денеска започнуваат дигитална кампања за подобрување на квалитетот на амбенталниот воздух насловена „Топли препораки“.   -Истражувањата покажуваат дека согорувањето на биомасата (дрвата) за затоплување на домаќинствата учествуваат со 45 отсто во националните емисии на ПМ 10 […]

800 гости на корпорацискиот прием на „Фероинвест“ и „Брако“


Со 800 гости и прием на кој присуствуваа видни личности од сите сфери на општеството, групацијата Феро Инвест и фабриката Брако го одбележаа своето 20 годишно постоење и успешно работење на македонскиот и на меѓународните пазари.   На корпорацискиот прием организиран во скопскиот хотел Александар Палас беа присутни првите луѓе на најголемите македонски компании, министри, […]

Берово го „сефтоса“ новото возило за чистење снег


Во Берово синоќа беше ставено во функција новото возило за чистење на снег. Во оваа општина екипи на ЈПКР „Услуга” и Општина Берово ги расчистуваа улиците од снегот кој интензивно паѓаше во оваа Општина.   Чистењето како што најави градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски ќе продолжи и денес со цел одржување на нормално и непречено […]

Израелските војници убија најмалку шестмина Палестинци во Западен Брег


Израелските сили доцна синоќа и рано утринава застрелаа шест Палестинци, меѓу кои и малолетник, во окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Петмина Палестинци загинаа во градот Џенин, а шестиот во Јатма, село во близина на градот Наблус. Во инцидентот во Џенин повредени се шест Палестинци. Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА објави дека израелските […]

Утре во Скопје дискусија за заедничко дејствување против климатските промени во соработка со УНДП


Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати на дискусијата насловена „Заедничка иницијатива за климатска акција“, што се одржува во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот 28. Самит за климатски промени. На дискусијата, како што оопшти кабинетот на Пендаровки, ќе учествуваа претставници на […]

Од 1 декември евтина дневна тарифа од 13 часот до 15 часот


 Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Тарифен систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај со кој се утврдува дека евтината дневна тарифа стартува од 1 декември 2023 година во периодот од […]

Во Дебар наврнаа 20 сантиметри снег, на Попова Шапка измерени минус 10 степени


Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат во Дебар и Ѓуриште 20 сантиметри. Снег има и во Крушево 17 сантиметри, во Битола и Крива Паланка 14,  во Берово и Охрид 12, во Прилеп 10, во Куманово и Штип 5 и во Претор 2 сантиметри,  информира утрово Управата за хидрометеоролошки работи. Најниска температура во земјава […]

За време на примирјето во Појасот Газа пристигнаа 248 камиони со хуманитарна помош


 Агенцијата на Обединети нации за хуманитарна координација (ОЦХА) соопшти дека од стапувањето во сила на примирјето помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа пристигнале 248 камиони со хуманитарна помош. Според ОЦХА 61 камиони со медицински материјали, храна и вода се доставени во северниот дел на палестинската енклава, а во болницата Ал Шифа доставени се 11 […]

Умот им е посилен од челик: Овие четири хороскопски знаци се ментално најсилни


Овие знаци се убедливо нескршливи. Четирите знаци се сметаат за најмоќни во хороскопот, а дознајте кои се тие и што им дава таков квалитет, според астролозите. ОВЕН Овенот е еден од најсилните знаци во зодијакот. Тој е полн со енергија и виталност, со интензивна и авантуристичка личност. Не се плаши од ништо, секогаш е подготвен […]

Под мотото „Вдиши за ЦФ“ ќе се одбележи Европскиот ден за ширење на свесност за цистична фиброза


По повод Европскиот ден за ширење на свесноста за цистична фиброза денеска во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Вдиши за ЦФ“. Настанот, кој е во организација на Асоцијацијата за цистична фиброза, почнува од Средно Водно со искачување до врв со водич и лекарски тим. -Паркингот на Средно Водно ќе биде бесплатен тој ден, […]

Укинати забраните за движење на камиони на патните правци Гостивар-Стража-Кичево и Крива Паланка – ГП Деве Баир


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива тековно и непречено во зимски услови по влажни коловози. -Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека во 06:30 часот е укината забраната за тешки товарни возила за патниот правец Гостивар-Стража-Кичево, а во 08:00 часот и забраната за тешки товарни возила за патниот […]

Зеленски: На Украина и треба посилна воздушна одбрана за да ги заштити извозните рути


На Украина и треба посилна воздушна одбрана за да заштити рутите за извоз на жито, како и регионите што граничат со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој во вчерашното обраќање на Меѓународниот самит за безбедност на храната „Житарки од Украина“ што се одржа во Киев посочи дека „не е тајна“ оти Украина се соочува […]

Италија ќе игра во финалето на Дејвис купот за прв пат по 1998 година


Репрезентацијата на Италија синоќа во Малага ја победи Србија со 2:1 во полуфиналето на Дејвис купот. Италијанците стигнаа до финалето на турнирот за прв пат по 1998 година. Пред 25 години тие во натпреварот за трофејот загубија од Шведска. Севкупно, италијанскиот тим по осми пат стигна до финалето на Дејвис купот. Тие ја освоија својата […]

Уставната жалба ќе им овозможи на граѓаните да се жалат до Уставниот суд пред правдата да ја бараат во Стразбур


Непостоењето на уставна жалба на граѓаните им ја ускратува можноста да покренат постапка пред Уставниот суд за прекршување на многу права и слободи како што се загадувањето, прислушувањето, прекршувањето на правото на наследство, мајчинство, сопственост…  Доколку Северна Македонија ја воведе уставната жалба, граѓаните пред да се жалат пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур […]

Трет ден од примирјето помеѓу Израел и Хамас


На вториот ден од привременото примирје помеѓу Израел и Хамас ослободувањето на заложниците и палестинските затвореници не се одвиваше со предвиденото темпо. Милитантната група го пролонгираше ослободувањето на заложниците тврдејќи дека Израел не го почитува договореното. Дури доцна синоќа Хамас предаде 13 израелски заложници и четири странци на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ИЦРЦ). Израелските […]

Дел од општина Центар без вода


Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Водњанска“, „50-та Дивизија“, „Јордан Мијалков“, „Васил Ѓоргов“ и „Шарски одред“.  Во истиот период без вода ќе бидат и Средно медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, Министерство за здравство и Клиника за радиологија.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот […]

Сончево и студено, претпладне ќе провејува слаб снег


Претежно во североисточните делови претпладне ќе провејува слаб снег, а во текот на денот во земјата ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од северозападен правец, над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, […]

Затворен за сообраќај автопатот Свети Николе – Миладиновци поради наноси од снег и подмрзнување на коловозот


Затворен е за сообраќај е автопатот Свети Николе – Миладиновци, потврди директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.   -Од Свети Николе кон Миладиновци затворен за сообраќај е автопатот поради наноси од снег и подмрзнување на коловозните ленти, вели Ангелов. Возилата на клучката кај Миладиновци се пренасочуваат да патуваат кон источна и југоисточна […]