Раим Бајрами претседател на УО на АЦВ, Горан Герасимовски на Советот за статистика


 Собранието денеска го избра Раим Бајрами, дипломиран сообраќаен инженер, насока воздушен сообраќај, од Кичево, за претседател на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Со одлуката на Собранието, донесена на 129. седница, се продолжува ангажманот на Бајрами на истата функција, откако му истече мандатот со претходната одлука во 2019 година. За член во УО […]

Со обновениот пат Подмоље-Струга-Ќафасан се олеснува економската соработка со Албанија


Ковачевски: Со новиот рехабилитиран пат Подмоље-Струга-Ќафасан овозможуваме поинтензивна регионална соработка, економски раст и напредок Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта, присуствуваa […]

Има интерес за подигање нови лозови насади, најмногу за сортата „темјаника”


Има интерес за подигање нови лозови насади, најголема е заинтересираноста за одгледување на сортата грозје „темјаника”, информираа за МИА од расадникот за лозови и овошни садници во неготинското село Тимјаник.  – Најмногу се бараат садници „темјаника” и тие се резервирани уште од пролетта. Годинава поатрактивни се и винските и трпезните сорти. „Шардоне”, „вранец” и „смедеревка” […]

Кратовец уапсен за кражба во угостителски објект


Полициски службеници во Кратово рано утрово околу три часот уапсиле 39 годишен жител на градот, кој извршил кражба во продажен и угостителски објект. – На 2 ноември 2023, во 2 часот и 55 минути, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кратово го лишиле од слобода 39 годишниот  М.Ј. од Кратово, кој се сомничи дека […]

Продолжува растот на цените на храната во ЕУ


По значителните поскапувања во текот 2022 година, цените на прехранбените продукти во ЕУ продолжија да растат и оваа година, при што нивниот раст забави во текот на вториот и третиот квартал, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.   Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во септември 2023 година, цените на маслиновото […]

Изјави по отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура (во живо)


Изјави на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми по отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура, искуства, предизвици, перспективи.     

Зошто предлог законот за македонски јазик не се гласа во Собранието ? 


Предлог законот за македонски јазик се уште е во Собрание. Овој закон не е променет уште од 1998 година. Јас постојано апелирам до пратениците и не можам да поверувам дека еден ваков закон наидува на какви било препреки, посочи на денешниот брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа потенцираше дека испратила апел […]

Мицкоски објави наводни нови „сознанија“ за Клиниката за онкологија


  Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека има нови сознанија за Клиниката за онкологија за периодот од 2021 до 2023 година. Мицкоски презентираше извештај од Фондот за здравствено осигурување кој извршил вонредна финансиска контрола на јавните набавки на Министерството за здравство за периодот од 1 август 2021 година до 1 август […]

Универзална сала може да падне, предупредува ИЗИС


  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека Универзална сала сѐ уште е под Град Скопје, затоа што немаат потпишано договор за примопредавање ниту на ингеренциите за реконструкција, ниту на проектната документација. Како што рече, таа е во опасност дека може да падне со оглед на тоа што долго време […]

Уште две општини со 19 училишта ќе бидат дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“


Единаесет основни училишта од општина Гази Баба и осум од Кисела Вода се вклучуваат во општествено одговорната и едукативна кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Учениците од овие две скопски општини ќе имаат можност преку работилници, кои ќе ги води психотерапевт, да се запознаат со проблемот со булингот. За нив, како и за […]

Собранието не го прифати предлогот законот за амнестија да се носи по скратена постапка


  Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието кое денеска одлучуваше за потребата од негово носење во тек на утврдување на дневниот ред на 129. седница. „Против“ гласаа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“.  „Основната цел е алармантна состојба во затворите како што во […]

УХМР најавува пообилни врнежи, локални грмежи и повремено силен ветер


Утре времето ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец, над 60 километри на час, информираат од УХМР. Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Врнежите ќе продолжат во ноќните часови и во сабота, кога ќе бидат пообилни, на повеќе места над […]

Престана со работа главната единица за производство на струја во болница во Газа


 Престана со работа главната единица за производство на струја во болницата во близина на бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, соопшти тамошното Министерство за здравство. Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф Ал-Кудра, во телевизиско обраќање рече дека болницата сега работи со помал, резервен генератор, но мора да ги исклучи светлата […]

Судска реформа во Грција: од пријава до правосилна пресуда 500 дена


  Грција прави реформа на правосудниот систем за да може судењата од пријава до правосилна одлука да завршат во рок од 500 дена. Тоа е средното време во земјите членки на Европската унија. Ова денеска ѝ го кажал на вицепремиерката Славица Грковска министерот за правда на Грција Јоргос Флоридис за време на нивната средба во […]

Апел: Да не се чека последен момент за аплицирање на тековниот Конкурс за поддршка на проекти за 2024 година


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по гостувањето во утринската емисија „Македонија наутро“ на Македонската радио-телевизија и денес, на брифинг со медиумите, апелираше до корисниците кои сѐ уште не аплицирале на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, да го сторат тоа, имајќи предвид дека е ова последна недела и […]

Висок дипломат на ОН го нарекол „колење“ односот на Израел кон Плаестинците


Висок официјален претставник на ОН, кој испрати писмо во кое го осудува неуспехот на организацијата да ги заштити цивилите во Газа, беше предмет на ревизија за наводни пристрасни објави на социјалните мрежи, откако произраелско лоби се пожали. Крег Мохибер, директор на њујоршката канцеларија на високиот комесар на ОН за човекови права, на 28 октомври му […]

Скопје по трет пат ќе наздравува со виски во „Мериот“


Овој викенд, 3 и 4 ноември, Боттега Евенти го организира 3-тото издание на Skopje Whiskey Fest, во хотел Мериот, со почеток од 18:00-00:00. Ова е досега можеби и најбогатото издание на фестивалот со преку 90 етикети на виски пијалаци од повеќе дестилерии ширум светот, претставени од виски увозниците во земјава, кои посетителите ќе можат да ги дегустираат […]

Мемоарите на Тина Тарнер „My Love Story“ и на македонски јазик


Мемоарите на поп-ѕвездата Тина Тарнер, под наслов „Мојата љубовна приказна“ („My Love Story“ ),  објавени на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“, беа бестселер на „Њујорк Тајмс“. Во нив ќе прочитате за подемите и падовите во животот на неодамна починатата кралица на рокенролот. Оваа книга е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс […]

Борис Џонсон сакал „да го убие ковид со специјален фен“


Борис Џонсон ги прашал врвните научници Сер Крис Вити и Сер Патрик Валанс дали Ковид може да биде уништен со дување со „специјален фен“ во носот, изјави  Доминик Камингс, поранешниот висок политички советник на Џонсон кој го опиша овој момент како „ниска точка“ во неговото премиерување. Екс-премиерот пуштил и видео на YouTube од човек кој […]

Бугарската такса може да го дотепа македонското стопанство


Она што до сега не им успеа ниту на здравствената, ниту подоцна на економската и енергетската криза во Европа, сега тоа може да го направи едностраната мерка на Бугарија со воведување такса за транзит на рускиот гас – да го дотепа македонското стопанство. Поскапување од 20 отсто на цените на струјата и на греењето, на […]