Познати добитниците на наградата „13 Ноември“ – Влада Урошевиќ, Чоревски, Панчо, ДНК…


Град Скопје и оваа година ја доделува наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот. Од Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ денеска информираа дека во конкуренција за наградата годинава биле предложени кандидати со исклучителни достигнувања во повеќе дејности. […]

Петмина македонски државјани на листата за евакуација од Газа


Минитерството за надворешни работи потврди дека на листата за евакуација на странски државјани од Појасот Газа преку граничниот премин Рафа се наоѓаат пет државјани на Република Северна Македонија. -Во Газа имаме вкупно пет наши државјани. Сите тие се на листата за напуштање на Газа. Исто така, покрај овие пет, на листата е една палестинска државјанка, […]

Од утре нови правила за работа во Германија


  Од утре во Германија стапуваат на сила измените на законот за имиграција на квалификувани работници, јавуваат германските медиуми. Од ноември ќе се прошири кругот на квалификувани работници кои можат полесно да дојдат да работат во Германија. Патот до „Сината карта на ЕУ“ ќе биде полесен за висококвалификуваните академици, магистри и оние со специјализирани академски […]

Нетанјаху се крие во нуклеарен бункер, Израелците бесни


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара се засолниле во луксузен замок во сопственост на пријател, американскиот милијардер Сајмон Фалиц. Приватна вила во Ерусалим е опремена со нуклеарен бункер, а во средата персоналот беше зафатен со обезбедување на комплексот.  Ова не е прв пат парот да престојува во куќата на тајкунот. Пред две години […]

Аеродром со кривична до непознaт сторител за црните чадови над општината


Општина Аеродром поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за согорување отпад на отворен простор, надвор од границите на општината Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден до Основното јавно обвинителство од Скопје достави кривична пријава против непознат сторител. Кривичната пријава се однесува за согорување отпад на отворен простор на територија надвор од границите на општината. […]

Мајка во Иран осудена на 13 години затоа што бара правда за синот убиен во протестите


  Мајка во Иран, чиј син наводно бил убиен откако бил застрелан повеќепати од непосредна близина од безбедносните сили, е осудена на 13 години затвор од иранскиот суд откако на социјалните мрежи побарала правда за своето дете. Махса Јаздани, чиј 20-годишен син Мохамад Џавад Захеди беше убиен на протест против режимот во септември 2022 година, […]

И СДСМ против амнестијата на Лога


  СДСМ ќе гласа против законот за амнестија што ја предложи коалицискиот партнер, министерот за правда Кренар Лога. Вчера заменичката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ  од Охрид и индиректно кажа дека СДСМ се против законот кој во Влада го протурка Лога, а кој премиерот Димитар Ковачевски најпрво го поддржуваше и бранеше, но подоцна се огради поради […]

„Фероинвест“ со нова услуга за чистење на кровни фотоволтаици за повисоко производство на панелите


Групацијата „Феро Инвест“, која е лидер во секторот на обновливи извори на енергија, во своето портфолио на услуги нуди и одржување на панели на фотоволтаични електрични централи поставени на крововите на производствените погони или магацини. Одржувањето се состои во чистење кое се спроведува со специјални машини и средства, а должината на рачките од над 9 […]

УНИЦЕФ: Децата не се мета, мора да престане нивното убивање


 Сликите од масакрот во кампот Џабалија во Појасот Газа по вчерашните и денешни напади се страшни и ужасни. Иако сè уште немаме процени колку деца настрадаа, домовите на луѓето се срамнети со земја, стотици очигледно се повредени и убиени, а меѓу жртвите наводно има многу деца, се наведува во соопштението на Фондот за деца на […]

(Видео) Во Франција дувал ветер до 200 км/ч, брановите високи 20 метри


Невремето Сиаран денеска ја зафати северна Европа со силни ветришта и дожд, однесе еден живот во Франција и ги стопираше аеродромите, железницата и фериботите. Паднато дрво усмрти возач на камион североисточно од Париз, а 1,2 милиони домаќинства во Франција останаа без струја. Властите во Финистер, Бретања, ги повикаа луѓето да останат дома за да избегнат […]

„Тојота“ повлекува 1,8 милиони „РАВ-4“ возила


Јапонската автомобилска компанија „Тојота“ објави дека се повлекуваат најмалку 1,8 милиони возила „РАВ-4“ произведени од 2013. до 2018 година, поради недоволна безбедност и опасност од пожар. „Нагло движење може да предизвика позитивниот крај на батеријата да дојде во допир со стегачот за задржување на батеријата и да направи краток спој“, се вели во соопштението. Се […]

Иновации во реновирањето на домот и нивните главни предности


Кога станува збор за прилагодување на просторот за живеење однадвор и внатре, можностите за промена можат да бидат различни и неограничени. Конечната одлука зависи од повеќе фактори и критериуми, како и од конечната цел што треба да се постигне. А можностите и идеите за уредување и адаптација секојдневно се прошируваат и усовршуваат во согласност со […]

Новинарските организации се залагаат за медиумски интегритет по вчерашната епизода од „Само вистина“


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на настаните што се случија вчера на директниот пренос на „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, каде во улога на гостин беше Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен советник на […]

Во Чачак маж се разнесе со бомба на железничка станица


Во утринските часови на железничката станица во Чачак маж се разнесе со бомба. Тој починал на лице место. Според неофицијални информации, мажот седел на клупа по што активирал експлозивна направа и се разнел. На лице место се голем број полициски службеници кои вршат увид. Нема други повредени лица.

Зголемен водостојот на Охридското Езеро


 За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа, водостојот на Охридското Езеро е за три сантиметри понизок од просекот за ноември. Пониско од просечното и тоа […]

Бразил испраќа војска на аеродромите и пристаништата со цел борба против организираниот криминал


Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва најави дека ќе испрати војска на најважните аеродроми и пристаништа во земјата и на границите, за да ја зајакне безбедноста во обид да се бори против организираниот криминал во најголемата земја во Јужна Америка. Бразил ќе испрати 3.600 армиски, морнарички и воздухопловни сили да ги засилат патролите и […]

Почна третото испуштање на прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот


Третото испуштање на 7.800 тони прочистена радиоактивна отпадна вода во океанот започна денеска од оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима. Јапонските власти соопштија дека двете претходни испуштања на прочистена радиоактивна вода поминаа без проблем. Операторот на нуклеарната централа ТЕПКО, наводно, испуштил 7.800 тони прочистена вода во првите две испуштања и планира да испушти иста количина во […]

Ралф Шумахер: Место брзи автомобили, во Словенија возам трактори


Ралф Шумахер оваа недела даде интервју за германскиот магазин „Бунде“ во кое, меѓу другото, зборуваше и за својот брат Михаел и за односот со семејството. Од неговата страшна несреќа во декември 2013 година на француските Алпи, малку се знае за здравјето на Михаел Шумахер. Семејството на седумкратниот шампион во Формула 1 се труди максимално да […]

Започнува парницата за втората тужба против семејството Кечмановиќ


Во Вишиот суд во Белград треба да започне граѓанска постапка по втората тужба против таткото, мајката и момчето, кои убиле десет лица во основното училиште „Владислав Рибникар“. Оваа тужба ја поднеле членовите на семејството на едно од убиените девојчиња против семејството Кечмановиќ и училиштето во кое е извршен масакрот. Неодамна почна граѓанската постапка за тужбата […]

Христо Петрески: Сега е најбитно да се избере ново раководство на ДПМ


Христо Петрески, актуелен претседател на ДПМ во оставка, се јави со соопштение во јавноста. „Новиот Деловник за работа на Изборното собрание на ДПМ беше донесен во мај 2022 година и првпат беше воведена жрепката и јавното броење на гласовите. Тоа беше моја идеја како тогашен претседател на Собранието на ДПМ, а за што се залагаше […]