ФЕД повторно не ги зголеми каматните стапки, ја подобри проценката за економскиот раст


Американските Федерални резерви во средата повторно ги задржаа референтните каматни стапки стабилни во услови на растечка економија и пазар на труд и инфлација сè уште далеку над целта на централната банка. Во широко очекуван потег, групата за утврдување стапки на ФЕД едногласно се согласи да ја задржи основната стапка на федералните фондови во целниот опсег […]

Кајли ја славеше со Тимоти наградата за бренд иноватор во 2023


Њујорк– Откако го шокираа светот како двојка со нивното прво појавување во јавноста на светската турнеја на Бијонсе Rennaisance, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе заедно присуствуваа на доделувањето на наградите на Вол Стрит Журнал во Њујорк во средата. Тие изгледаа совршент пар во ултра шик минималистички комбинации. Иако двајцата одеа на црвениот тепих одделно, седеа […]

Апасиев како Палестинец во Собрание


Пратениците на Левица денеска во Собрнието поднесоа декларација за солидарност со палестинскиот народ и за осуда на израелската окупација, како и да се признае независна држава Палестина. Во Декларацијата составена од девет точки меѓудругото се бара осуда на воените злосторства врз палестинските цивили извршени од страна на безбедносните сили на Израел и осуда на политиките […]

Романот „Правта на библиотеките“ на Маџунков објавен на бугарски јазик


Романот „Правта на библиотеките“ на академик Митко Маџунков е објавен на бугарски јазик во издание на „Book All“ (Книги за сите) од Софија. Преводот од македонски на бугарски јазик е на Мариан Петров а ликовно-графичкиот дизајн е на Николај Пашалиски. – Како што стои во најавата на издавачот, романот е дел од познатиот „белградски“ циклус […]

Коциќ: Од каде знае Мицкоски дека неговите докази не се дел од истрагата за Онкологија?


Со денешната постапка Христијан Мицкоски се обидува да изврши упад и ја загрозува истрагата за Онкологија, оцени Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ, по „ексклузивната„ објава на нови докази заљ наводни злоупотреби на оваа клиника од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. -Ако навистина има докази Мицкоски треба да ги поднесе до надлежни институции, пред се до […]

Германија ќе се откаже и од еврокомесар само да поминат реформите во ЕУ


  Европската унија треба да започне со храбри реформи додека се подготвува да се прошири, изјави во четвртокот германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок. Во коментарите што ќе предизвикаат тревога во некои од помалите земји-членки на ЕУ, Бербок предложи укинување на сегашниот систем кој на секоја од 27-те земји и доделува по еден комесар, […]

Лога: Повторно ќе го поднесам Законот за амнестија


  Министерот за правда Кренар Лога денеска на прес-конференција во Собранието изјави дека повторно ќе го поднесе законот за амнестија, овој пат по редовна постапка, откако претходно Собранието на 129. седница со 66 гласа „против“ не го го поддржа донесувањето на законот по скратена постапка.  -Денеска Македонија е понеправедна држава од вчера, за жал оваа неподдршка […]

Дачиќ: Приштина попрво ќе отвори амбасада на Месечината отколку во Белград!


 „По повод бруталната лага објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Косово, кое под насловот „амбасади“ (https://ambasadat.net/en) ја споменува и Република Србија, морам да истакнам дека Приштина нема, не може да има, ниту ќе има некогаш свое дипломатско претставништво во Белград, без разлика како тие се обидуваат ова да го претстават пред својата […]

Притвор за првоосомничениот од предметот „Синџир“


Првоосомничениот во предметот „Синџир“ кој беше недостапен на органите на прогонот е обезбеден и изведен пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Прифаќајќи го предлогот на предметниот обвинител со решение судијата му определи мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти Јавното обвинителство на РСМ. Според наводите содржани во диспозитивит на наредбата […]

Две компании во Грција казнети со еден милион евра поради профитерство


 Максимална парична казна во висина од еден милион евра им била изречена на две мултинационални компании во Грција поради профитерство,  соопшти министерот за развој Костас Скрекас, јави дописничката на МИА од Атина.  Казните се по извршените инспекции од надлежната комисија за контрола на пазарот и се однесуваат на прекршување на закон поврзан со намалувањето на […]

Финансиски хороскоп за ноември 2023: Еден знак ќе слави


Месечниот хороскоп за ноември 2023 година носи добри вести за повеќето знаци од зодијакот. Дознајте што го очекува секој хороскопски знак на полето на пари! ОВЕН Ако се фокусирате на зголемување на приходите, во ноември 2023 ги имате сите шанси да постигнете успех! Главниот совет на ѕвездите е да не се откажувате и самоуверено да […]

Меџити: ДУИ врши притисок врз Врховниот суд да се врати Никола Груевски


Изет Меџити од Демократското движење,  придружуван од лидерите от на Беса и Алтернатива, Биљал Касами и Африм Гаши, на денешната прес-конференција истакна дека ДУИ и одредени поединци во оваа партија вршат притисок врз судиите на Врховен суд околу барањата за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски.   -Тука сме да ја изразиме нашата силна поддршка […]

Ковачевски не очекува нова политичка криза


  Премиерот Димитар Ковачевски не очекува нова политичка криза во државата иако, според него, изминатите четири години опозицијата ја блокира работата на Парламентот.Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфраструктура појасни дека претстојат избори, кои ќе се организираат врз основа на изборен законик којшто ќе биде усогласен со сите политички партии. […]

Ангелов: Јапонски метод на македонски начин за спречување поројни поплави во Радовишко


Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов денеска со меѓународни високи претставници за кризен менџмент од Јапонија и од Балканот беше на теренска обиколка на планината Плачковица од rадовишка страна, над највисокото село Коџалија, соопштија од ЦУК. Како што информираа оттаму, посетата е во рамки на завршниот регионален семинар „Проектот за градење […]

Откако конечно успеа тендер за „Чебрен“ сега се дебатира дали треба јавно приватно партнерство со странски инвеститор


Презентација на проектот за изградба на ПАХЕЦ Чебрен и отворање на дискусија за негова реализација преку јавно приватно партнерство со странски инвеститор е целта на панел дискусијата што денеска се одржа во Стопанската комора во организација на Здружението на енергетичари на Македонија (ЗЕМАК). На дискусијата беа истакнати аргументи за реализација на проектот по пат на […]

Со Буџетот за 2024 година не се предвидуваат нови даноци, ниту поголеми давачки, вели Бесими


Во буџетските проекции за 2024 година не се предвидуваат нови, дополнителни даноци, ниту зголемувања на давачките, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. Како што информира на средба со новинарите, предлог-буџетот се финализира и треба да биде доставен во Собранието до средината на ноември. Според министерот, догодина се очекува да продолжи трендот на раст и […]

За Задушница дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59Б


ЈСП Скопје во пресрет на верскиот празник Задушница, утре и задутре воведува дополнителен број автобуси на линиите 59, 59А и 59 Б, кои ќе сообраќаат од и кон гробишта Бутел. -Утре и задутре на редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка бара – Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче – Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода […]

Потребно е постепено воведување на рамката на фискалните правила прифатена од ЕУ


Определување среднорочна фискална патека и кредибилитет во нејзиното остварување како и автоматски корективи на примарниот буџетски дефицит доколку јавниот долг надминува определен износ, се клучни во насока на воспоставувањето на план за постепено воведување на рамката на фискалните правила прифатена од Европската Унија за периодот почнувајќи од 2024 година. Ова е една од препораките од […]

Демократијата е во неволја во половина свет, покажува новиот извештај


  Извештајот на Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (ИДЕА) за глобална состојба на демократијата 2023 година, објавен во четвртокот, 2 ноември, вели дека демократијата во светот се влошува соочена со зголемениот авторитаризам, истакнувајќи дека тоа се должи на подемот на личности како Виктор Орбан, Доналд Трамп и Реџеп Таип Ердоган, кои се познати […]

Меџити: За една недела против грип вакцинирани над 10.000 граѓани


Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, го посети вакциналниот пункт во Поликлиника „Бит-пазар“, со цел лично да се запознае како тече процесот на вакцинација против сезонски грип.   Меџити изрази задоволство од досегашниот одзив на граѓаните, потенцирајќи дека тоа покажува дека тие се одговорни за своето здравје и информирани дека вакцинација против сезонски грип […]