Скопскиот Драмски театар на Денови на комедија во Куманово


Со претставата „Кафез кај кокони“, Драмски театар-Скопје денеска учествува на фестивалот Денови на комедијата во Куманово. Претставата се игра во 20 часот во салата на НУЦК „Трајко Прокопиев“. „Кафез кај кокони“ на режисерот Димче Николовски ја имаше својата премиера во мај годинава и освен на матичната сцена се играше и во рамките на фестивалот „5ре“ […]

Сончево со умерена облачност, попладне во делови услови за краткотраен дожд


Времето утре во најголем дел од земјава сончево со умерена облачност. Наместа облачноста повремено ќе се зголемува, а попладне во западните делови и во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до […]

ЕУ и Советот на Европа по повод Денот против смртната казна: На егзекуциите да им се стави крај


Европската унија и Советот на Европа го потврдуваат своето недвосмислено противење на смртната казна, вклучително и какво било нејзино повторно воведување, во сите случаи и во сите околности, се наведува во заедничката изјава на ЕУ и СЕ по повод Европскиот и светскиот ден против смртната казна – 10 октомври.  – Смртната казна е нехумана и […]

Општина Центар со музички хепенинг во Паркот на Франкофонија


Општина Центар организира по првпат музички хепенинг насловен „Нешто што ќе остане“ кој ќе се случи вечер во Паркот на Франкофонијата, со почеток од 19 часот. Станува збор за нова музичка приказна која се очекува, како што најавуваат од локалната самоуправа, да стане обележје на центарци па и главниот град – концерт на кој ќе […]

Промоција на Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки


Протокол за постапување со деца со дијабетес во училиштата и детските градинки денеска ќе биде промовиран во детската градинка „Раде Јовчевски Корчагин“-објект „Пепелашка“ во општина Центар. Протоколот е во издание на Асоцијацијата за детски дијабетес – „Баланс мк“, а издаден со поддршка на Министерството за здравство. – Протоколот, всушност, претставува прв стручно изработен и рецензиран […]

Во среда, НАСА ќе открие што вратило леталото OSIRIS-REx од астероидот Бену


Во среда, американската вселенска агенција НАСА преку пренос во живо ќе открие што точно донело нејзиното летало OSIRIS-REx од астероидот Бену. На 24 септември леталото испушти капсула со примерок од камења и прашина, кои ги собра при контакт со астероидот Бену. Капсулата со падобран се спуштила во пустината во Јута, а набргу потоа научниците почнале […]

Лични документи ќе може да се вадат и без закажување


Во наредните десетина дена ќе бидат поставени десетина нови работни позиции за вадење лични документи каде што граѓаните ќе може да се јават и без закажување и добивање термин, најави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Новите места ќе бидат поставени во Скопје. Тој во интервју за 360 степени, рече дека ова се прави […]

Рома еден месец без повредениот Дибала


 Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала еден месец ќе отсуствува од фудбалски терени поради повреда. Дибала во триумфот на Рома против Каљари (4-1) во неделниот натпревар од 8. Коло во Серија А ги истегна лигаментите на левото колено и ќе паузира во следниот 30 денови, објави денеска римскиот прволигаш. Аргентинскиот напаѓач го напушти теренот со солзи и […]

Милан продава голмански дрес со името на Оливие Жиру


 Италијанскиот фудбалски прволигаш Милан пушти во продажба голмански дрес со името на Оливие Жиру, откако францускиот напаѓач се истакна на голот изминатиот викенд во победата на гостински терен над Џенова (1-0). Стандардниот голман на Милан, Мајк Мињон, беше исклучен во судиското продолжение, а Жиру застана на неговото место, и со одлична интервенција го скотри ударот […]

Роберт Кенеди Џуниор официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на САД


Роберт Кенеди Џуниор официјално објави дека ќе се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави (САД) како независен кандидат. „Тука сум да се прогласам за независен кандидат за претседател на САД“, рече Кенеди со аплауз и скандирања на митингот во Филаделфија. Зборувајќи за двопартискиот систем, Кенеди „удри“ на Бајден и на Трамп, за кои се […]

УНРВА: Наскоро нема да има капацитет да ги смести раселените лица во Газа


Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека наскоро нема да има можност за сместување на раселените лица во Појасот Газа. Директорката за комуникации на УНРВА, Тамара Алрифаи изјави дека речиси 137.000 луѓе досега се сместени во повеќе од 70 училишта на ОН низ Појасот Газа. Таа додаде дека Агенцијата може да смести […]

„Марија“: Први фотографии од Анџелина Џоли како оперската дива Калас


Пабло Ларин (Џеки) откри две први фотографии на Анџелина Џоли како Марија Калас во неговиот нов филм кој ќе го истражува животот на легендарната оперска дива, честопати опишана како оригинална дива. Врз основа на вистинити приказни, „Марија“ ќе ја раскаже бурната, убава и трагична приказна за животот на најголемата светска оперска пејачка, оживеана и замислена […]

Обновен воздушниот сообраќај од аеродромот во Хамбург


 Воздушниот сообраќај на аеродромот во Хамбург, што беше во прекин поради закана за бомба на авион од Иран, е обновен, објави попладнево аеродромот на својата веб-страница. Претходно, аеродромската управа соопшти дека се суспендирани сите полетувањата и слетувањата поради полициски мерки. Портпаролот на аеродромот во Хамбург изјави дека летовите се суспендирани поради добиена закана дека ќе […]

Реновирани една амбуланта и два оддели во тетовската болница


Министерот за здравство Фатмир Меџити со директорите на Клиничката болница Илир Демири и Блерим Османи одржаа прес-конференција на која соопштија дека се завршени работите за два тамошни оддели и една амбуланта. Министерот Фатмир Меџити во изјавата за медиумите оцени дека со тоа заокружен е еден значаен проект за Клиничка болница Тетово. – На пациентите им […]

„Кој си игра со вашиот мозок“ – предавање на Метаморфозис пред стотици средношколци од различни држави


Пред стотици средношколци од повеќе различни држави, Фондација Метаморфозис вчера преку предавања за лажни вести и дезинформации зеде учество на филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. Заменик-уредничката на Мета.мк, Мери Јордановска и Деспина Ковачевска, медиа мониторинг специјалист во Фондацијата Метаморфозис на младите вчера им презентираа голем број примери за начините на кои се шират лажните […]

За една недела 140 позитивни случаи на ковид, 13 лица се хоспитализирани на Инфективна


Во период од една недела, од вкупно направени 635 тестови, 140 се позитивни на ковид-19, информира за Мета.мк директорот на Институтот за јавно здравје, Шабан Мемети. Тој информира дека во моментов заклучно со денешниот датум, 9 октомври, 13 пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, од кои четворица се на кислородна поддршка, а еден […]

Годишен состанок на Светска банка и ММФ од 9 до 16 октомври


  Годишниот состанок на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе започне денеска во мароканскиот град Маракеш и ќе трае до 15 октомври. На овој собир ќе присуствуваат министри за финансии и гувернери на централни банки од повеќе од 190 земји, а целта на собирот, според директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, е „градење мостови […]

Еве што покажува споредбата на цените на храната во Словенија и Хрватска


  Поминаа три недели откако владата во Хрватска ги замрзна цените на 30 основни производи во трговските синџири. Ова поевтини некои производи за 50 проценти преку ноќ. Новинарите на ХРТ посетија еден пограничен словенечки град и ги споредија  цените на основните артикли со редовните цени во неколку трговски синџири. Еве кои се разликите во цената […]

Над 100 граѓани пријавиле дека сакаат да заминат од Изрaел – Владата треба да смисли како


Министерството за надворешни работи соопшти дека изготвило детална анализа и проекција на сите можности кои ќе ги презентира пред Владата, која потоа ќе одлучува за натамошните чекори кои ќе бидат преземени, во врска со помош и евакуацијата на нашите граѓани во Израел каде безбедносната состојба, сè уште останува сложена. Како што наведува МНР, состојбата во […]

Русите што избегаа од војувањето во Украина сега затечени од израелската регрутација


Алиса, 17-годишна фотографка, побегна од Русија во Израел набргу по почетокот на војната во Украина. Неколку месеци подоцна, таа беше повикана да служи во израелската армија. „Ја напуштив Русија поради војната и не можам да се замислам себеси да служам во која било армија, во која било земја“, изјави Алис во телефонско интервју за „Москва […]