Најтешката мака за Нетанјаху се заробениците однесени во Газа


  Заробувањето на повеќе од сто израелски војници и цивили – постари жени, деца, цели семејства – од страна на милитантите на Хамас ги разбранува израелските емоции повеќе од било која криза во неодамнешното сеќавање на земјата, и претставува невозможна дилема за тврдокорната десничарска влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Киднапирањето на единствениот млад регрут од […]

Битиќи: Одредени продукти не треба да имаат повластена даночна стапка


 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска рече дека предвиденото зголемување на ДДВ кај одредени производи е дел од среднорочниот план за даночна реформа.  Како што оцени Битиќи, одредени продукти не треба да имаат повластена даночна стапка, а средствата што се собираат од зголемениот данок ќе одат за сервисирање на социјалните потреби на граѓаните. -Тоа […]

Три години затвор за кумановката која усмрти пешак кај МНТ – казната е под минимумот


Казна затвор под минимумот доби кумановката Гордана Филиповиќ, која усмрти пешак кој поминуваше на пешачки премин пред мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ и изрече казна затвор од три години и пет години забрана за управување на моторно возило. Адвокатката на семејството на усмртениот Слободан Ангеловски, велат дека настрана од казната, ќе бидат […]

Дебата: Кина се противи на политиката на моќ, не разликува големи и мали земји


Албанскиот институт за изучување на глобализацијата од Тирана, денеска го одржаа форумот „Кина и Западниот Балкан: перспективи и изгледи во новата ера“, каде свои излагања имаа претставници од академската заедница, како и кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо. Во својот говор, Ѕуо се осврна на односите на Кина со Западен Балкан за кои, како што […]

„Господари на воздухот“ е најновиот воен еп на Том Хенкс и Стивен Спилберг


Том Хенкс и Стивен Спилберг соработуваат на уште една сага од Втората светска војна, трет еп во нивната трилогија минисерии која започна во 2001 година со Band of Brothers и продолжи во 2010 година со The Pacific. Актерските и режисерските моќници се извршни продуценти на Masters of the Air, за 100-тата група за бомбардирање на […]

Маркетите ја почитуваат „гарантираната цена“, некои производи намалени до 40 отсто, тврди премиерот


 Маркетите ги почитуваат мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, некои производи како млекото и месото, веќе бележат поевтинување од 10 до 40 отсто. -Мерките што се однесуваат на „гарантираната цена“ се почитуваат во маркетите без никаква селективност и веќе гледаме дека има намалување на цените на основни […]

Маричиќ го чека извештајот на експертите за владеење на правото од ЕУ


Оценската мисија на ЕУ за Судскиот совет ја завршила работата и во текот на овој месец ќе подготви извештај  со препораки, најави денес вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во Комисијата за европски прашања, додабајќи наедно дека се чека исто така и извештајот на холандскиот експерт  кој на наше барање помага во правењето на патоказот за […]

Град Скопје ги зголеми платите на 6.000 вработени за 10 отсто


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска потпиша колективен договор со репрезентативниот синдикат на Град Скопје со кој платите се зголемуваат за 10 проценти. Градоначалничката Арсовска го остварува ветеното за усогласување и зголемување на платите на вработените во Град Скопје и јавните претпријатија. Арсовска истакна дека е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо […]

Господарот на „мачениците“ од Газа


  Секој дијалог со таков човек веројатно ќе биде бесплоден: лидерот на Хамас, Јахија Синвар, пред пет години изјави дека тој и неговиот народ повеќе би сакале да умрат како „маченици“ отколку да се препуштат на понижување од рацете на непријателот. „Ние сме подготвени да умреме. И десетици илјади се подготвени да умрат со нас“. […]

Курти: Ослободувањето на Радоичиќ личи на договорот на Ескобар со колумбискиот претседател


Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека апсењето и ослободувањето на организаторот на нападот во Бањска кај Звечане, Милан Радоичиќ од страна на властите во Србија е слично на договорот на наркобосот Пабло Ескобар со претседателот на Колумбија. Во интервју за црногорскиот медиум „Побједа“, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти вели дека Радоичиќ се согласил да […]

Судскиот совет повторно ги делегираше шестмината судии чии решенија беа укинати од Врховниот суд


Судскиот совет денеска повторно донесе одлуки за времено упатување на шест судии за вршење на судиска функција во друг суд. Станува збор за судиите кои поднесоа приговор во врска со решенијата за делегирање на Судскиот Совет кои Врховен суд ги укина бидејќи не содржеле доволно образложени и прифатливи причини за едно такво одлучување. Од Судски […]

Фотоволтаиците се поставуваат на земјиште кое не е соодветно за производство на храна, вели Ковачевски


Регулативата за изградба на фотоволтаични централи предвидува целосно почитување на регулативата за пренамена на земјоделско земјиште во градежно. Министерството за земјоделство (МЗШВ) внимава земјоделското земјиште да биде за производство на храна, а она од полоша категорија на кое доминантно не се произведува храна, да се користи за изградба на фотоволтаични централи, истакна денеска премиерот Димитар […]

Ковачевски: Правиме сѐ безбедно да ги евакуираме нашите државјани од Израел


Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се прави сѐ за безбедно да се евакуираат сите македонски граѓани кои се наоѓаат во Израел. Како што посочи, остварен е контакт со 50-тина граѓани, но бројката се зголемува и се прават напори да се лоцираат. – Веќе дел од нашите граѓани се транспортирани со авион преку Тел Авив […]

Коцарев: Потребен е фундаментален документ изработен од МАНУ


 Предизвиците со кои се соочуваме денес се од духовна и од економска сфера. На државата и е потребен фундаментален документ, којшто ќе биде изработен под водство на МАНУ, заедно со универзитетите и стопанските комори, без учество на извршната власт. Но, не е доволно само да се изработи ваков документ, туку потребна е негова имплементација во […]

Откажани летовите од аеродромот во Хамбург поради закана за напад врз авион од Техеран


Аеродромот во германскиот град Хамбург денеска ги суспендира полетувањата и слетувањата поради полициски мерки, јави Германската новинска агенција (ДПА). Според портпаролот на аеродромот летовите се суспендирани поради добиена закана дека ќе биде нападнат авион од главниот град на Иран, Техеран. Но, тој не прецизираше за каква закана станува збор. 

Џесика Честејн ќе претседава со филмскиот фестивал во Маракеш


Маракеш – Оскаровката Џесика Честејн ќе претседава со жирито на Филмскиот фестивал во Маракеш, кој ќе се одржи од 24 ноември до 2 декември. Фестивалот, кој генерира илјадници локални работни места и претставува извор на гордост за мароканскиот народ, беше одржан по земјотресот што ја погоди земјата во септември. Како такво, ќе се одржи 20-тото […]

Како израелското разузнавање го пропушти нападот на Хамас?


Злобниот напад на тероризмот на Хамас во саботата беше навистина израелскиот 11 септември – не само во тегобното барање за одмазда што следеше по нападот, туку и во чудното слепило што му претходеше. Вистинските неуспеси во разузнавањето произлегуваат не само од недостаток на информации, туку и од неможност да се разберат. Израелците ја знаеја злобната […]

Продолжи протестот на судската администрација


 Независниот синдикат на судската администрација денеска продолжи со протест за покачување на платите и додатоците на плата.  Вработените во судската администрација од 9:30 до 10:30 часот ја блокираа крстосницата кај Трговскиот центар „Мавровка“ и ги повторија своите барања, повисоки плати за 78 отсто на минималната плата во судската служба и 35 проценти додаток на плата […]

Дизелот повтинува за три, а бензините за 2,5 денари


ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се […]

За шест години финансиската поддршка од државата кон домашните компании е зголемена за 11 пати


Во услови на криза најважно е инвестициите да не застанат, а вие присутните тука сте тие кои најдобро го знаете тоа. Во таа насока Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите од неговото воведување до денес поддржа 919 компании со 100 милиони евра. За шест години финансиската поддршка од државата кон домашните компании е […]