Повеќе од половина свет поседува паметен телефон


Околу 4,3 милијарди луѓе или 55% од светската популација поседуваат паметен телефон. Ова се податоците што ги објави Здружението GSM во својот Извештај за мобилна интернет конекција за 2023 година. Според нивните податоци, има 4,6 милијарди корисници на мобилен интернет, од кои 4 милијарди пристап до услуги преку паметни телефони. Извештајот на GSMA откри нееднаквост […]

Центар го поддржа Меѓународниот турнир во шах за слепи лица


По повод Меѓународниот ден на белиот стап – 15 Октомври, градоначалникот на Центар Горан Герасимовски одржа состанок со слепите лица од општината.  Состанокот, како што информира денеска Општина Центар, се покажа како уште една потврда дека општината секогаш е тука да помогне на ранливите групи. – На барање на Националниот сојуз, обезбедивме финасиска поддршка за […]

Крушево е без вода, детектирани проблеми со пумпната станица во село Норово


Крушево од 9 часот утрово е без вода, детектирани се проблеми со пумпната станица во село Норово, информираа од ЈП „Комуна“ Крушево. Екипа на ЈП „Комуна“ Крушево е на терен и ги испитува проблемите по што ќе следат детални информации и преземање на чекори за состојбата со пумпната станица.

Турција го искористи киксот на Хрватска и се пласираше на ЕП 2024


Репрезентацијата на Турција синоќа ја совлада Летонија со 4:0 на домашен терен во квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство 2024. Двоен за домаќините постигна Ченк Тосун, а по еден гол постигнаа Јунус Акгун и Керем Актуркоглу. Во исто време Велс на домашен терен ја совлада Хрватска – 2:1. Два гола за Велшаните постигна Хари Вилсон, […]

Конфликт Израел – Хамас: Најважни настани во изминатите 24 часа


Граничниот премин Рафах помеѓу Појасот Газа и Египет повторно ќе биде отворен, изјави американскиот државен секретар Антони Блинкен по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, но без да прецизира време. Според американските медиуми граничниот премин ќе биде отворен неколку часа денеска во девет часот по локално време. – Агенцијата на Обединети нации за поддршка […]

Почина Сузан Сомерс, најпозната по улогите во ТВ-сериите „Тројца се друштво“ и „Чекор по чекор“


Почина Сузан Сомерс, најпозната по улогите во ТВ-сериите „Тројца се друштво“ (Three’s Company) и „Чекор по чекор“ (Step by Step). Глумицата починала вчера наутро – еден ден пред нејзиниот 77. роденден, соопшти нејзиното семејство. „Сузан Сомерс почина мирно дома во раните утрински часови на 15 октомври. Таа повеќе од 23 години успешно се бореше со […]

Месиќ за КосоваПрес: Српската агресија во северно Косово беше со цел да се предизвика војна


Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ изјави дека „српската агресија“ во Бањска и Звечане во северно Косово била однапред подготвена и дел од неа биле и некои српски институции кои ја опремиле, како што ја нарекува, „терористичката група“, која извршила напад со цел да провоцира и да предизвика војна. Во вчерашното интервју за новинската агенција КосоваПрес, […]

Шпанија ја победи Норвешка и заедно со Шкотска се пласираа на ЕП 2024


Шпанија синоќа ја победи Норвешка со 1:0 на гостински терен во квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство 2024. Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран во Осло беше Гави во 49. минута. Претходно, во 20. минута главниот судија на натпреварот Тобијас Штилер со помош на ВАР го поништи голот на гостинскиот фудбалер Алваро Мората поради […]

Можно е Бајден да отпатува за Израел


Претседателот на САД, Џо Бајден разгледува опции за посета на Израел во наредните денови, но сè уште ништо не е одлучено, изјави неименуван висок претставник на американската администрација. Информацијата за можно патување на Бајден е во време кога државниот секретар Ентони Блинкен е на турнеја на Блиски Исток во обид да спречи израелската војна со […]

Бајден: Израел мора да го елиминира Хамас, но окупацијата на Газа би била „голема грешка“


Секој потег на Израел повторно да го окупира Појасот Газа би бил „голема грешка“, рече американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Си-Би-Ес, додека израелските трупи се подготвуваат за копнена инвазија. Израел, барајќи одмазда за нападот на Хамас на 7 октомври и објави војна на милитантната група, започнувајќи немилосрдна кампања за бомбардирање и предупредувајќи повеќе […]

Седумдесет и едногодишен Американец уби шестгодишно дете со палестинско потекло поради војната во Израел


Седумдесет и едногодишен маж од Илиноис е обвинет за убиство на шестгодишно момче и повредување на 32-годишна жена во, како што наведе полицијата, злосторство од омраза поради што биле муслимани и поради војната помеѓу Израел и исламистичката група Хамас. Полицијата ги пронашла жената и момчето во саботата наутро во дом во Плејнфилд, југозападно од Чикаго, […]

Нова демократија ги загуби Атина, Солун и пет периферии во вториот круг од локалните избори во Грција


Промени во двете најголеми грчки општини, пресврт во пет периферии, загуби за владејачката Нова демократија, но и мала излезност, ги одбележаа вториот круг од локалните избори во Грција, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис синоќа коментираше дека „не беше особено добра вечер“ за неговата партија, јави дописничката на МИА од Атина. Наспроти првиот круг пред една […]

Се очекува отворање на граничниот премин од Египет кон Газа


 Се очекува повторно да се отвори граничниот премин кон Газа контролиран од Египет по дипломатските напори да се донесе помош во појасот, што е под интензивно израелско бомбардирање по нападот на милитантите на Хамас на 7 октомври. Стотици тони помош од неколку земји со денови се на египетскиот полуостров Синај, чекајќи договор за безбедна испорака […]

Настап на Роман Симовиќ и „Профундис“ во Филхармонија


Виртуозот Роман Симовиќ – концерт-мајстор на Лондонската филхармонија и камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, ќе настапат денеска во големата сала на Филхармонија. Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав кој постои веќе четири години. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти што се дел од двата професионални оркестри во земјава, […]

Хуманитарен концерт „Жени за жените“


Во Филхармонија денеска ќе се реализира хуманитарен концерт насловен „Жени за жените“. Концертот е посветен за подигање на свеста за ракот на дојка, а средствата од секоја купена карта ќе бидат донирани директно до Здружение „Љубов сме-Jemi Dashuri”, за жените кои се бораат со оваа болест. Настанот е овозможен од Министерството за култура и Europe […]

Ковачевски на Самитот на лидери на Берлински процес во Тирана, најавени средби со Шолц и Вархеји


Постигнувањата во рамки на Берлинскиот процес и влијанието на иницијативата врз регионалната соработка, нејзината важност во заокружувањето на европската интеграција, како и билатералните односи, ќе бидат во фокусот на Самитот на лидери на Берлинскиот процес што се одржува денеска во Тирана и на кој учествуваат премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. […]

Продолжува комисиската расправа за ревизорските извештаи за Онкологија


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Конечните извештаи на Овластениот државен ревизор за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност за 2021 година во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија Скопје, здравствената институција за која Јавното обвинителство отвори предистражна постапка по наводите во јавноста за злоупотреби […]

Хуманитарна акција „Заедно против гладот“, поставени 11 собирни пунктови во Скопје


По повод 16 октомври – Светскиот ден посветен на гладот, Хуманитарната организација „Свети Спас” денеска започнува акција за собирање храна и хигиенски средства наречена „Заедно против гладот“, со цел да се соберат храна и хигиенски средства кои ќе бидат поделени на оние на кои им се најпотребни. – Ден посветен на гладните, на оние семејства […]

Дожд и ветер, пад на дневната температура


Претпладне ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена. Во Скопје во утринските часови со врнежи од дожд, а […]

Почина Војче Китановски, човекот кому заштитен знак му беше хуморот


  Почина Војче Китаноски, човекот кому заштитен знак му беше хуморот и кој со децении ја забавуваше македонската публика. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објавија неговите пријатели и познати личности. Китановски пет децении ја развеселуваше македонската публика со неговите шеги и незаборавни имитации. За себе велеше дека е првиот стенд ап комичар во […]