Шпанија ја победи Норвешка и заедно со Шкотска се пласираа на ЕП 2024


Шпанија синоќа ја победи Норвешка со 1:0 на гостински терен во квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство 2024.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран во Осло беше Гави во 49. минута.

Претходно, во 20. минута главниот судија на натпреварот Тобијас Штилер со помош на ВАР го поништи голот на гостинскиот фудбалер Алваро Мората поради офсајд.

Норвешка поради поразот од Шпанија ги загуби шансите за пласман во финалната фаза на ЕП 2024. На Норвежаните, кои имаат 10 бода во групата А, им останува само уште еден натпревар во квалификациите – против Шкотска (19 ноември). Норвешка нема да може да се искачи над третото место – водечката Шпанија има 15 бодови, а Шкотска на второто место исто така има 15 бодови.

Шпанија заедно со Шкотска веќе обезбедија пласман на ЕП 2024.