Крушево е без вода, детектирани проблеми со пумпната станица во село Норово


Крушево од 9 часот утрово е без вода, детектирани се проблеми со пумпната станица во село Норово, информираа од ЈП „Комуна“ Крушево.

Екипа на ЈП „Комуна“ Крушево е на терен и ги испитува проблемите по што ќе следат детални информации и преземање на чекори за состојбата со пумпната станица.