Државната награда „23 октомври“ за тимот на првата трансплатација на црн дроб


Медицинскиот тим кој ја направи првата трансплантација на црн дроб во земјава, професорот Африм Османи, уметникот Роберт Јанкулоски и писателот Блаже Миневски се годинашни добитници на државната награда „23 Октомври“, соопшти Министерството за култура.   Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните […]

Ковачевски се сретна со Македонците од Албанија


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Тирана се сретна со претставници на македонското национално малцинство во Албанија и  разговараа за Македонците во Мала Преспа, Тирана, Голо Брдо и Гора. На средбата македонското малцинство го претставуваа Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска Интеграција (МАЕИ) во Албанија, Кимет Фетаху, активист и претседател на друштвото МИР, […]

Сто писатели се обединија, создадени услови за одржување на Вонредно изборно собрание на ДПМ


Создадени се услови за одржување на Вонредно изборно собрание на ДПМ, откако речиси 100 македонски писатели, односно повеќе од една третина од членството, застана зад реакцијата и јавниот повик по последните настани во македонската писателска асоцијација. – Во согласност со Статутот на ДПМ, и по барање на една третина од членството, Собранието мора да се […]

Мицкоски предлага избори на 8 мај. Тогаш и првиот круг на претседателските избори треба да биде во среда


  „ВМРО-ДПМНЕ логично размислува“ – изјави денеска претседателот на партијата Христијан Мицкоски околу можниот датум за одржување заедно на претседателски и парламентарни избори. Како што пред некој ден изјави и спикерот на парламентот, Талат Џафери, и Мицкоски вели дека единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг претседателски и парламентарните избори е 5 […]

Во Украина пристигнаа американските тенкови „Абрамс“


Американската војска соопшти дека сите тенкови „Абрамс“ од американско производство што администрацијата на претседателот Џо Бајден му ги вети на Киев пристигнале во Украина. Во Украина пристигнаа 31 тенк, како и сите Украинци кои беа обучени на нив, заедно со муниција и резервни делови за тенковите, изјави полковникот Мартин О’Донел, портпарол на американската армија за […]

Каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Светските игри во боречки спортови


Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, од 18 до 22 октомври ќе биде домаќин на Светските игри во боречки спортови, а двајца членови на карате клубот „Макпетрол“, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, ќе учествуваат на глобалниот собир. Ова натпреварување, освен карате, вклучува и 15 други спортови. Пријавени се над 1.700 индивидуалци од 80 земји, контролата […]

НП „Шар Планина“: Општина Тетово отстранетиот асфалт го фрла во природа


Директорот на Националниот парк „Шар Планина“ Ибрахим Дехари денеска на прес-конференција ја обвини за негрижа кон природата Општина Тетово, затоа што асфалтот отстранет од улицата во викенд населбата, според него, бил оставен во природата. Тој прикажа видеоснимка на која се гледа како камион истовара градежен материјал, со порака дека секој посетител на скијачкиот центар исто […]

Млада докторка во Скопје донираше матични клетки за пациент со тешка болест


На Универзитетската клиника за хематологија во Скопје, се реализира несекојдневен чин на храброст и човекољубие – млад семеен лекар донираше хематопоетски матични клетки, со што ќе спаси живот на пациент, кој се соочува со тешка малигна хематолошка болест, а трансплантацијата на матичните клетки е единствената терапевтска опција. За ова попладнево информираа од Министерството за здравство. […]

Филипче: Во мое време немаше ниту еден пациент без лекови


„Во мојот мандат додека бев министер за здравство немаше ниту еден пациент што останал без лек“, порача денес поранешниот министер Венко Филипче одговарајќи пред членовите на анкетната комисија за случајот со  можни злоупотреби на Клиниката за онкологија. Неговата  одбрана одеше на линија дека како министер водел сметка пред се да има лекови за пациентите и […]

Кристерсон: На Шведска и на ЕУ им е потребна подобра контрола на границите


 На Шведска и на Европската унија им треба подобра контрола на границите, а земјата треба да ја подобри својата безбедност, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон. „Разбирам дека многу Швеѓани се исплашени и лути. Сега е момент да се подобри безбедноста, не можеме да бидеме наивни“, рече Кристерсон по убиството на двајца Швеѓани во Брисел По […]

Пратениците ја изгласаа потребата од носење на новиот Деловник за работа на Собранието


 Пратениците денеска со мнозинство гласови ја поддржаа потребата од носење на новиот Деловник за работа кој треба да стапи на сила од следниот парламентарен состав. Претседателот на Собранието Талат Џафери, образложувајќи ја потребата од носење на новиот Деловник, рече дека тој е резултат на консензус од сите политички партии. – Ова е уште еден пример […]

Странските компании бараат унапредување на деловната клима и олеснување на финансиското работење


Претставници на повеќе од 30 странски компании, кои се членки на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија, одржаа работен состанок во компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани на кој се разговараше за креирање економски политики за унапредување на конкурентноста на домашната економија и создавање на цврсти основи на нејзиниот одржлив раст […]

Илон Маск и натаму прв на листата на милијардери на Блумберг, Безос го претекна Арно за второто место


Основачот и главен извршен директор на компанијата LVMH, Бернард Арно, го загуби второто место на листата на милијардери на Блумберг, откако беше претекнат од претседателот на Амазон Џеф Безос. Прв на листата и натаму е американскиот милијардер Илон Маск. Во моментов Безос е на второто место со 156 милијарди долари, додека Бернард Арно е трет […]

Бајден ќе се сретне со лидерите на Јордан, Египет и Палестина во Аман


  Ројтерс има повеќе детали за тоа што се очекува да се случи со дипломатската мисија на американскиот претседател Џо Бајден на Блискиот Исток. Се очекува тој да го напушти Вашингтон оваа вечер. Се очекува Бајден да помине дел од средата во Тел Авив на разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и други официјални претставници. […]

УСЈЕ продолжува со инвестиции согласно највисоките ЕСГ стандарди – вложени над 6 милиони евра во иновации и развој


  Развој на компанијата, заедницата и засегнатите страни останува врвен прироритет на Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Само минатата година во развој, унапредување и примена на нови дигитални технологии УСЈЕ вложи над шест милиони евра. Овие вложувања се насочени кон одржлив развој согласно високите ЕСГ (enviornemnt, society, governance) стандарди, што компанијата ги усвои во 2020 година […]

Намалена потрошувачката на природен гас во Грција


Во првите девет месеци од годинава, потрошувачката на природен гас во Грција се намалила за 15,38 отсто во споредба со истиот период лани, согласно податоците од Националниот оператор за пренос на гас (ДЕСФА), намалување кое според компанијата се должи на благата зима, јави дописничката на МИА од Атина.  Во периодот јануари – септември 2023 година, […]

Се бара оставка или разрешување на Вархеи


Група од 12 европратеници од групите на Зелените, Социјалистите и демократите  и Левица преку отворено писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, бараат оставка од еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеи. Во писмото се повикува Вархеи да поднесе „оставка“ или „да биде разрешен“ поради пречекорување  на неговиот мандат, со тоа што […]

Поради синоќешниот напад во Брисел одложен скринингот по Поглавјето 11


Билатералниот скрининг за Поглавјето 11 – „Земјоделство и рурален развој“, што започна вчера во Брисел и требаше да продолжи денеска и утре, е одложен поради синоќешниот вооружен напад во белгискиот главен град, при кој беа убиени двајца шведски државјани, а трет беше ранет. Како што информира шефицата на македонската делегација на скринингот, заменик главен преговарач […]

Се јави првиот кандидат за претседател – Вело Марковски


  Поранешниот висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и лекар, Вело Марковски, објави дека ќе се кандидира за претседател на државата на изборите идната проле. Марковски официјално кандидатурата ќе ја објавел в четврток, 19 октомври. За да може воопшто да биде кандидат, а не според лична желба, Вело Марковски ќе треба да собере 10.000 потписи или да […]

Застаре случајот „Таргет-Тврдина“ – на Мијалков нема да му се суди за прислушувањето


Судот донесе решение за запирање на кривичната постапка за случајот за “Таргет-Тврдина” за обвинетите Горан Груевски, Сашо Мијалков, Надица Николиќ, Владимир Варелов, Маријан Шумуликоски и Васил Исаковски за делата злосторничко здружување и злоупотреба на службена положба и овластување поради настапено застарување. Со ова застаруваат кривичните дела за нелегалното прислушување за предметот, а во судница остануваат […]