УСЈЕ продолжува со инвестиции согласно највисоките ЕСГ стандарди – вложени над 6 милиони евра во иновации и развој


 

Развој на компанијата, заедницата и засегнатите страни останува врвен прироритет на Цементарница УСЈЕ АД Скопје. Само минатата година во развој, унапредување и примена на нови дигитални технологии УСЈЕ вложи над шест милиони евра. Овие вложувања се насочени кон одржлив развој согласно високите ЕСГ (enviornemnt, society, governance) стандарди, што компанијата ги усвои во 2020 година и е една од првите компании во земјава што целосно ги применува и развива. Покрај инвестициите во развој, минатата година УСЈЕ инвестираше над 0,8 милион евра во зелени инвестиции, со што директно придонесе за намалување на CO2 емисиите.

„Предизвиците со кои се соочивме минатата година, а кои беа предизвикани од енегетската криза, успешно ги надминавме со воведување на нови иновативни решенија кои ни овозможија оптимизација на деловните процеси и продолжување на инвестицискиот циклус. Нашиот фокус беше ставен на декарбонизација и дигитализација, поголема промоција на зелениот цемент, циркуларна економија и мерки за енергетска ефикасност, со што ги намаливме емисиите на CO2 за 2,9% во споредба со 2021 година. Нашите инженери креираа алатка базирана на вештачка инелигенција, која овозможи намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и поголема декарбонизација. Остануваме посветени на развојот на компанијата, но и на развојот на заедницата“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен диркетор на УСЈЕ.

УСЈЕ инвестира и во изградба на фотоволтаична централа која ќе биде лоцирана на покривните површини во компанијата, а по нејзиното пуштање во употреба ќе се заменат 10% од дневната потрошувачка на електрична енергија на УСЈЕ. Преку инвестиција во обновлива енергија УСЈЕ директно ќе придонесе за намалување на емисиите на CO2 за 3200 тони годишно. Придонес кон поголема декарбонизација дава и зелениот ЕКО Цемент (CEM IV/B V-P 42,5 N) со помало количество клинкер, а уделот на овој цемент во вкупната продажба порасна за 25%.

Согласно својата определба за општествена одговорност, УСЈЕ продолжува со натамошна имплементација и спроврдување на ЕСГ стандардите базирани на четири столба и тоа: декарбонизација и дигитализција, работно опкружување што овозможува раст, позитивно локално влијание, одговорно управување со ресурсите. УСЈЕ ја продолжува соработката со заедницата во насока на поттикнување на развој на проекти кои се од заеднички интерес. Минатата година во ваков вид проекти вложени се околу 10 милиони денари.

Цементарница УСЈЕ работи по највисоките стандарди во областа на животната средина. Компанијата има Интегрирана еколошка А дозвола и согласно одредбите од истата, во работењето применува најсовремени технолошки пракси од областа. Истворемено, работењето на компанијата се следи со независен мониторинг 24 часа, 7 дена во неделата, а податоците од мерењата ги имаат на увид сите релевантни институции.