Спасовски: Груевски може да се врати само во затвор


  „Никола Груевски ќе биде уапсен ако дојде во Северна Македонија. За него нема само еден предмет, има повеќе предмети. Нема законско решение кое него го амнестира за сите одлуки кои се донесени за издржвуање притвор ил изатвор, ниту делата за кои се терети може да застарат“ рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во […]

Невреме во Велика Британија, Франција и Данска: Двајца загинати во Шкотска


Делови од источна Шкотска во петокот беа погодени од силни поплави откако бурата Бабет донесе пороен дожд и ветрови со брзина од 113 километри на час, а предупредувања за поплави и бури беа издадени во јужна Франција и Данска. Британската метеоролошка служба издаде црвено предупредување за прв пат од февруари 2020 година, предвидувајќи дека во […]

„Имаше раскошен талент“: Комеморација за Далибор Ѓошиќ, прерано починатиот солист на „Танец“


Во просториите на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ денеска во присуство на бројни колеги, пријатели и најблиското семејството, се одржа комеморацијата по повод смртта на Далибор Ѓошиќ, истакнатиот вокален уметник и солист во овој ансамбл. На комеморацијата говореа уметничкиот раководител на сценско-уметничката дејност во НУ„Танец“, етномузикологот Бранка Костиќ – Марковиќ, музичкиот педагог, […]

И третиот обид неуспешен: Џордан не стана шеф на Претставничкиот дом на Конгресот на САД


Републиканецот Џим Џордан по третпат не успеа да обезбеди доволен број претставници од сопствената партија за да стане нов претседател на Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Тој денеска доби дури и помала поддршка од претходните два круга на гласање. Противењето за назначување на Џордан расте само од гласање во гласање, а со оглед на […]

Бесими: Се бара одржливо решение за корекција на функционерските плати


Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека се бара одржливо решение за корекција на функционерските плати кои со одлука на Уставниот суд беа зголемени за 78 проценти. За централниот дневник на телевизија „Сител“, Бесими рече дека интенцијата на Владата уште тогаш била дека не треба да се укине таа одредба. – Реагирано е од страна […]

Извршено ремаркирање на најдолгата пешачка патека на Шар Планина


 Со поставување на вертикалниот и хоризонталниот сигнализациски систем, изминатиов месец се изврши ремаркирање на патеката наречена High Scardus Trail на Шар Планина, во делот на македонската страна од планината, информираат од Националниот парк Шар Планина. Уредувањето на патека е е направено во соработка со планинарското друштво Љуботен од Тетово.    Хоризонталната сигнализација на патеката претставува […]

ОН: Ел Нињо ќе трае до 2024 година, тоа ќе влијае на земјоделството во Јужна Америка


Временскиот феномен Ел Нињо ќе трае најмалку до средината на 2024 година, според најновите проценки на Обединетите нации, со невообичаено обилни врнежи во Латинска Америка и ризици за земјоделството. „Температурите на површината на Тихиот Океан нагло се зголемија во последните месеци, со затоплување посилно долж брегот на Јужна Америка“, се вели во извештајот на Организацијата […]

Хамас ослободи двајца американски заложници


  Двајца американски заложници, мајка и нејзината ќерка, се ослободени од Хамас, соопшти дипломатски извор упатен во преговорите. Двете се предадени на Црвениот крст и се „на заминување“, рече извор запознаен со преговорите. Тие се ослободени на „хуманитарни причини“ бидејќи мајката е во лоша здравствена состојба, рече истиот извор. Не е јасно дали тие ќе […]

На овие три хороскопски знаци ноември ќе им биде тежок и предизвикувачки период


Астролозите тврдат дека во ноември сепак најтешко ќе падне секојдневието и комуникацијата со овие хороскопски знаци. Ноември ќе биде тежок и предизвикувачки за овие знаци: Скорпија Им се советува да ја слушаат својата интуиција и да се трудат да не реагираат бурно. Следува предизвикувачки период и се ќе биде ставено на тест. Им се советува […]

Испраќате озборувања преку говорна пошта? WhatsApp воведува идеално решение за вас


 WhatsApp конечно ви дава можност да испраќате гласовни пораки без да се грижите дали ќе бидат снимени или споделени понатаму. Една од најпопуларните апликации за пораки е воведување функција која ви овозможува да поставите гласовни пораки за да може да се репродуцираат еднаш и потоа да се самоуништуваат, пренесува WABetaInfo. Новата функција работи слично како […]

„Кроација ерлајнс“ купува 15 нови авиони за 500 милиони долари


  Првиот од 15 нови авиони „Ербас А 220“ во флотата на „Кроација ерлајнс “треба да пристигне во јуни 2024 година, изјави за „Јутарњи лист“ Томислав Михотиќ, државен секретар во Министерството за транспорт. Михотиќ и извршниот директор на „Кроација ерлајнс“, Јасмин Бајиќ, неодамна ја посетија фабриката „Бомбардиер“ во Канада, каде што се произведуваат авионите на […]

Решен проблемот на ,,Еуроникел”: Струјата е платена, платата ќе се доплати


Струјата е платена, платата ќе се доисплати наредната недела, преговорите со раководството на „Еуроникел индустри” продолжуваат, информираа попладнево од Синдикатот на комбинатот во изјава за МИА, откако претходно два дена протестираа пред фабриката, барајќи од менаџерскиот тим да обезбеди пари за тековно одржување на гигантот и подобри услови за работа за околу 800 работници.  – […]

Бура ја зафати Германија – најсилна во последните 20 години


Делови од Германија беа зафатени од силно невреме, а надлежните служби предупредуваат дека состојбата вечерва ќе биде уште полоша. Бурниот ветер во петокот стигна до Шлезвиг-Холштајн, додека во тој северен регион на земјата се очекуваат ветрови со урагански сили. Беа упатени голем број предупредувања до населението.  „Во Шлезвиг-Холштајн на хоризонтот е една од најлошите бури […]

Гвардиола: Халанд ја заслужува Златната топка


 Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рече денеска дека играчот на неговиот тим Ерлинг Халанд заслужува да ја освои наградата Златна топка за најдобар фудбалер во 2023 година. Халанд оваа година постигна 52 голови на 53 натпревари и му помогна на Сити да ја освои тројната круна. Норвешкиот голгетер е меѓу 30 кандидати за престижната […]

Како се затру семејство од Скопје со забранетиот најотровен инсектицид „метомил“?


Метомил, познат под брендови како Акинат (Acinate), Агринат (Agrinate), ДуПонт, Ланате (Lannate), Ланокс (Lanox)… е инсектицид од прва категорија, забранет за продажба во земјава, согласно регулативите на ЕУ, поради неговата висока токсичност и поради штетите што може да ги нанесе по животната средина и живиот свет. Доколку се употреби и само еден грам од отровот, […]

Интерпелацијата на Љубомир Јовески на собраниска седница на 2 ноември


На собраниската седница закажана за 2 ноември ќе се расправа по Предлогот за интерпелација на државниот обвинител Љубомир Јовески, поднесен од пратеници од опозицијата.  Интерпелацијата е ставена како 13 точка на дневен ред на пленарната седница.  Пратениците ќе расправаат и за Предлог одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател и членови на […]

Шведска ќе ги ограничи социјалните бенефиции за неевропските имигранти


Десничарската влада на Шведска денеска соопшти дека ќе ги отежне условите за имигрантите кои не се од Европа да добиваат социјални бенефиции, нагласувајќи дека сака да ги одврати мигрантите од пристигнувањето и подобро да ги интегрира оние што го прават тоа. Малцинската влада на премиерот Улф Кристерсон дојде на власт пред една година со – […]

МКС: Септемврискиот кибер напад против Меѓународниот кривичен суд беше обид за шпионажа


Кибер нападот извршен во септември против Меѓународниот кривичен суд (МКС) беше обид за шпионажа, соопшти организацијата со седиште во Хаг. Засега судот не може да утврди кој стои зад нападот, се додава во соопштението. „Во моментов достапните докази укажуваат на насочен и професионален напад со цел шпионажа. Затоа, кибер нападот може да се смета за […]

Сара и Белисима со титули на изборот Top Model Earth во Тбилиси


Неодамна во Грузија првпат се одржа изборот за убавина Miss Top Model Earth, а две Македонки освоија титули. Сара Дојчиноска ја освои титулата втора придружничка, а Белисима Лукарова титулата четврта придружничка. Победничка на изборот е претставничката на Украина.   „Изборот се одржа во елитниот хотел Biltmore во Тбилиси, во кој девојките беа и сместени и се […]

Евакуиран аеродромот во Базел


Соопштено е дека аеродромот во Базел е евакуиран од безбедносни причини. Полицијата подоцна соопшти дека добила дојава за закана за бомба и дека аеродромот е евакуиран. Прес-службата објави дека „од патниците се бара да ја контактираат својата компанија за информации за летот“. Аеродромот во Базел беше евакуиран во петокот попладне поради закана за бомба. Во […]