Решен проблемот на ,,Еуроникел”: Струјата е платена, платата ќе се доплати


Струјата е платена, платата ќе се доисплати наредната недела, преговорите со раководството на „Еуроникел индустри” продолжуваат, информираа попладнево од Синдикатот на комбинатот во изјава за МИА, откако претходно два дена протестираа пред фабриката, барајќи од менаџерскиот тим да обезбеди пари за тековно одржување на гигантот и подобри услови за работа за околу 800 работници. 

– Штом е платена електричната енергија, тоа значи дека печката на фабриката нема да се гаси, значи сега треба само да се обезбеди руда и да продолжи производството. Останува и понатаму да преговараме околу надминување на неизвесноста околу исплатата на плати, нагласи Миле Ѓорѓиев, претседател на Синдикатот. 

Тој потсети дека имаат поддршка од ССМ и Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство, СИЕР и подвлече дека станува збор за капацитет важен за градот и државата бидејќи за него работат и транспортери, а директно и индиректно, оваа фабрика обезбедува егзистенција за илјадници семејства.