Ангеловска-Бежоска ‒ Дрекслер: Народната банка има високо ниво на усогласеност со европската регулатива


Народната банка е посветена на усогласувањето на домашната регулатива и на практиките во своето работење со законодавството и рамката на Европската Унија, при што од големо значење е соработката со институциите од Сојузна Република Германија. Во изминатите години се остварува плодна соработка на нашата централна банка со Централната банка на Германија (Дојче бундесбанк), преку која […]

Водич за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес за 2024


Министерството за култура на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година ќе поддржи проекти кои се во функција на развој, промоција и афирмација на културата на Република Северна Македонија. И оваа година електронското пријавување целосно се спроведува преку Националниот портал за е-услуги. Потсетување дека конкурсот […]

Од понеделник реконструкција на наплатната станица Желино, времен режим на сообраќај на автопатот Скопје – Тетово


 Од 23  октомври (понеделник) ќе започне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 – делница Скопје – Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај, информираат утрово од АМСМ. -Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]

Заврши првата фестивалска вечер на „Макфест“, вечерва е втората


Заврши првата фестивалска вечер на „Макфест“ на која беа изведени 13 песни, а публиката и жирито одлучија вечерва да се слушнат пет песни. Најголем број гласови од публиката доби Александра Трајчевска, потоа групата Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тијана Периќ. Според организаторот на фестивалот од Општина Штип, Александар Арсовски првата вечер поминала одлично, а […]

Автокоманда: Плаќаат 30% повисоки сметки за 24-часовно парно, а радијаторите им се ладни


Плаќаат 30% поскапо за услуга што не ја добиваат. Жителите на населбата Автокоманда секојдневно протестираат пред пунктот на ЕСМ. Додека постоеше БЕГ, тие имаа договори со друг снабдувач и добиваа парно 24-часа за време на грејната сезона за што и нивните сметки беа повисоки. Откако пропадна БЕГ, тврдат дека без нивна согласност биле префрлени кај […]

Лидл доцни со отворањето на маркетите во Македонија, Косово, БиХ и Црна Гора


Лидл во Македонија основаше фирма во 2021 година, има отворено канцеларија и вработува работници, но засега почна да гради маркет само во Битола. Се подготвуваат локации во уште неколку градови. Неофицијално првите продавници во Македонија ќе се отворат во 2026 година. Лидл уште лани требаше да отвори маркети на Косово. Но тоа до сега не […]

Викендов дводневен коњички турнир на хиподромот во Маџари


На хиподромот во скопско Маџари, клубот Илинден и Коњичката федерација на Македонија викендов ќе одржат дводневен турнир во прескокнување пречки. За денес од 10 часот е предвидено да се одржи последното, 6. коло од Државното првенство во прескокнување на пречки.  На програмата се шест натпревари во прескокнување на пречки во класите А, Б, Ц, Д, […]

Состојба на патиштата


Скопје, 21 октомври 2023 НАЈАВА ЗА ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ: Од 23.10.2023 г. ќе започне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 – делница Скопје – Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на […]

Украина стравува од замор на Западот од војна


САД ќе ја поддржуваат Украина „колку што е потребно“, изјави американскиот претседател Џо Бајден. Така се вели и во завршното коминике од последниот самит на НАТО. А тоа е и ветување на германскиот канцелар Олаф Шолц. Но, по терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври, новата меѓународна криза го привлече вниманието на светот. И таа може за себе […]

Израел размислува да ја забрани Ал Џазира


Израелските власти се насочени кон забрана на работата на телевизијата Ал Џазира, катарската телевизија која Израел со години ја обвинува за пристрасно известување во корист на Палестинците.  Израелската влада на национално единство, која беше формирана по терористичките напади на Хамас на 7 октомври, со денови размислува за преземање мерки против Ал Џазира, и покрај отпорот од […]

Евро-американска дипломатска петорка денеска во Приштина и Белград


Приштина – Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, придружуван од пратеникот на американскиот претседател Џо Бајден за Западен Балкан, Габриел Ескобар и високите советници на лидерите на Германија, Франција и Италија, денеска ќе престојува во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Дипломатската петорка ќе биде примена во […]

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб


За трансплантација на бубрези чекаат 140 пациенти во земјава, околу 15 за трансплантација на срце и околу 14 за црн дроб. Надлежните велат медицински персонал има, но, потребно е да се едуцираат уште екипи, а треба да се работи и на зголемување на свеста за органодарителство, иако на овој план е направен напредок во изминатиот […]

Дали Македонија ќе го подигне нивото на безбедност?


До крајот на месецов, според најавите на претседателот на државата, треба да биде свикан Советот за безбедност на кој ќе се разгледа безбедносната состојба во земјава по последните случувања во Израел и војната во Украина. Првите луѓе на министерствата за одбрана и за внатрешни работи уверуваат дека безбедносната состојба се следи и дека нема реална […]

Берлускони поседувал колекција од 25 илјади слики, но само неколку од нив се вредни


Милано- Големата колекција уметнички дела на покојниот Силвио Берлускони беше исмеана од еден од водечките италијански ликовни критичари Виторио Згарби. Според него, најголем дел од 25.000 слики се со лош квалитет со мала или никаква вредност.   Бившиот италијански премиер, кој почина во јуни, најчесто купувал слики и скулптури на ноќните програми за телепродажба. Делата […]

ЕУ ги засилува мерките против ширењето илегални содржини и говор на омраза на интернет


Брисел – Европската комисија подготви пакет препораки за земјите членки на ЕУ за да им помогне во координирање на нивниот одговор на ширењето на незаконски и терористички содржини или говор на омраза во дигиталниот простор, пред оваа појава да прерасне во сериозна закана за јавната безбедност.   Целта на препораките, како што јави дописникот на […]

Третата фестивалска вечер е посветена на големите имиња на џезот, но и на солидарноста со бегалците


По првите две извонредно успешни фестивалски вечери, Скопскиот џез фестивал продолжува да го чекори своето 42. издание. Во рамките на третата вечер, публиката ќе ужива во концертите на неколку великани на светскиот џез. Најпрвин, како вовед во оваа ѕвездена фестивалска вечер, блескавиот џез пијанист Џејсон Моран ќе одржи соло рецитал. Станува збор за познат, реномиран и исклучително талентиран џез уметник, […]

Белгискиот министер за правда поднесе оставка


Брисел – Белгискиот министер за правда Винсент Ван Квикенборн поднесе оставка, четири дена откако мигрант од Тунис, кој живеел илегално во земјата, уби двајца Швеѓани во Брисел. Тој на прес-конференција рече дека Тунис во август минатата година побарал екстрадиција на Абдесалем Ласуед и дека тоа не било проследено. „Тоа е индивидуална, голема и неприфатлива грешка“, […]

Прв базар на мали еколошки бизниси


 Во организација на Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Yes for Less“ и „Јуроп хаус“ Скопје, денеска во „Бистро Комедија“ ќе се одржи првиот базар на мали еколошки бизниси. Целта на настанот е запознавање со овие бизниси кои секојдневно придонесуваат кон одржливиот развој на државата, промоција на еколошките алтернативи што се нудат во замена […]

Сончево и топло, температура до 29 степени


Времето ќе биде сончево и топло на повеќе места со засилен ветер од јужен правец (наместа над 60 км/ч). Во ноќните часови кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени. Во […]

Астрономски календар


Денеска е сабота, 21 октомври 2023 година, 294-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 81 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 53 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. Денов трае 10 часа и 50 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]