Скопје во ноември домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во ноември годинава ќе биде домаќин на над 100 градоначалници од целиот свет, во рамки на Годишниот Самит на Глобалниот парламент на градоначалници кој во 2023 година ќе се одржи во Македонија.   “Одлична средба и разговор во Вашингтон со Амбасадор Нина Хачигиан, Специјалниот претставник на Стејт Депарментот во […]

Неколку земји-членки на Шенген зоната ги зајакнуваат граничните контроли за да се заузди нелегалната миграција


Голем број земји како што се Австрија, Чешка Република, Франција, Италија, Полска, Словенија и Словачка воведоа нови контроли на нивните граници. Тие се обидуваат да ги спречат криумчарите со луѓе да ги користат балканските рути за да носат мигранти во Централна и Западна Европа. Ова ја става Шенген зоната под притисок во однос на слободното […]

Невремето Бабет ги зафати Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија


Копенхаген – Невремето во северна Европа продолжи и денеска во Велика Британија, северна Германија и јужна Скандинавија со силен ветер и обилни врнежи од дожд, кои предизвикаа поплави, евакуација на жителите, прекин на електричната енергија, прекини на сообраќајот. Од четвртокот четири лица ги загубија животите во невремето „Бабет“ како што го нарече британската метеоролошка служба. Последната […]

Полицијата го депортираше игуменот Фотиј (Александар Костовски) од Косово во Македонија


Игуменот на манастирот Девина вода на СПЦ во општина Звечан, отец Фотиј, кој е државјанин на Северна Македонија и чие граѓанско име е Александар Костовски, депортиран е од Косово во Северна Македонија од страна на косовската полиција по итна постапка и без никакво објаснување, јави дописникот на МИА од Белград. Отец Фотиј е роден 1981 […]

Нема прекин на штрајкот на актерите ниту за 150 милиони долари


Лос Анџелес– Џорџ Клуни и другите ѕвезди кои се меѓу најголемите заработувачи во Холивуд дадоа револуционерен предлог за прекин на штрајкот на актерите, кој се одолговлекува речиси 100 дена. Клуни заедно со Бен Афлек, Ема Стоун, Скарлет Јохансон и Тајлер Пери се сретнаа со синдикатот на еснафот на актерите на екранот-Американската федерација на телевизиски и […]

Од денес се инсталира новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија


Министерството за здравство информира дека од денеска започнува инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Министерството за здравство информира дека од денеска започнува инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Од Министерството за здравство велат дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и […]

„Македонисимо“ на Трпчевски и пријателите на регионална турнеја


По концертите со Симфонискиот оркестар на Квебек во Канада на крајот од минатиот месец и гостувањата со рецитал во Мајнц, Германија, со Филхармонискиот оркестар на Монте Карло во Монако (каде што со голем успех и блескави критики ја стартуваше резиденцијалната серија од 4 различни концертни возбудувања во текот на сезонава) и трите настапи со Симфонискиот […]

Седумнаесет вработени на агенцијата на ОН загинати во израелските напади во Газа


Газа – Најмалку 17 вработени во Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци се убиени во Појасот Газа од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври, изјави денеска шефот на агенцијата Филип Лазарини.  „Досега е потврдена смртта на 17 наши колеги во оваа брутална војна. За жал, реалната бројка најверојатно […]

Грција доби инвестициски степен од кредитната агенција Стандард и Пурс


Атина – Американската агенција за кредитен рејтинг Стандард и Пурс ја надгради грчката економија, доделувајќи и инвестициски степен, нешто што го очекуваше и го поздрави грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи истакна дека надградбата претставува „уште еден официјален печат на закрепнувањето на грчката економија“ и дека Грција […]

Доктори по ветеринарна медицина се едуцираа за терапии со матични клетки


Факултетот за ветеринарна медицина (ФВМ) – Скопје ги претстави најновите иновации и достигнувања во регенеративната медицина за време на својата втора Меѓународна работилница за регенеративна медицина одржана на Факултетот. Оваа експертска работилница имаше за цел да ги расветли научните и клиничките апликации на терапијата со матични клетки и плазмата богата со тромбоцити (ПЗТ) во областа […]

Како да знаете дали имате настинка, грип или корона?


Ни претстојат студени денови, а тоа значи сезона на настинки и грип, со фактот дека короната сè уште е наоколу. И ако се појават проблеми, како да знаете што е проблемот.   Симптоми на корона    Иако сува кашлица и губење на вкус или мирис некогаш беа вообичаени симптоми на Ковид-19, лекарите сега забележуваат поинаква […]

Нови книги во аудио формат и со Брајово писмо во библиотеката „Искра“ од Кочани


Бибиблиотечното катче за слепи и слабовидни лица во библиотеката „Искра“ од Кочани е збогатено со нови книги во аудио формат и пишувани со Брајова aзбука. Набавени се во рамки на проект што институцијата го реализираше во соработка со Здружението на слепи од Кочани. Книжниот фонд наменет за лицата со оштетен вид во библиотеката беше скромен, […]

МВР со одлични резултати во заплена на дрога, вели Спасовски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека МВР, од аспект на заплена на дрога, постигна одлични резултати, едни од најдобрите во последните 30 години. Криминалните групи од Грчец, Арачиново и Чаир, според министерот, се речиси целосно разбиени. -Во овие први девет месеци од 2023 година имаме некаде околу 576 кривични дела откриено за трговија […]

Законот за сајбер заштита на населението во драфт верзија


Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека драфт законот за сајбер заштита на цивилното население и формирање агенција е во постапка и поставен е на ЕНЕР. Во неговото креирање се вклучени приватниот, невладиниот и владиниот сектор, како и науката, за да се добијат најдобрите решенија. Досега за законот пристигнале преку 90 коментари […]

Барселона забрани на својот стадион внесување знамиња на Израел и Палестина


Барселона – Израелските и палестинските знамиња се забранети на домашните натпревари на шпанскиот фудбалски клуб Барселона. Каталонскиот клуб за ова ги информираше навивачите преку канали за внатрешна комуникација.  Полицијата на Барселона оваа мерка ја означи како „задолжителна“ од страна на клубот. Во текстот испратен до навивачките групи се наведува дека „секакви симболи, банери, текстови и […]

Мерил Стрип таела дека шест години е разделена од сопругот


Лос Анџелес– 74-годишната Оскаровска, Мерил Стрип и прославениот 74-годишен скулптор Дон Гамер се разделени повеќе од шест години. Во ексклузивната изјава за Page Six, портпаролот на саканиот актер рече: „Дон Гамер и Мерил Стрип се разделени повеќе од шест години, и иако секогаш ќе се грижат еден за друг, тие избраа да живеат одвоено“. Веста […]

Хрватска се подготвува за невреме, целата земја под портокалов метеоаларм


Облачно со повремени врнежи од дожд, спорадични врнежи со грмежи, обилни врнежи, а локална бура и посилна грмежи најверојатно ќе има во Далмација, особено на југот, прогнозира денеска хрватскиот Државен хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) за Хрватска. Спорадичниот дожд за време на ветровитиот октомври е невообичаен, а му претходеше рекордно топол ден. Во централниот и јужниот дел […]

Канцеларијата на ЕУ во Приштина потврди: Визите за Косово се укинуваат на 1 јануари


Приштина – Канцеларијата на Европската унија во Косово потврди дека визната либерализација за граѓаните на Косово ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Во одговорот до порталот Калѕо (kallxo.com), Канцеларијата на ЕУ укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани го нарече историски момент во односите ЕУ-Косово. – Визната либерализација […]

Фон дер Лајен го поздрави отворањето на преминот кон Газа како „важен прв чекор“


Брисел – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздрави отворањето на граничниот премин од Египет кон Газа, за камиони со хуманитарна помош за палестинската енклава и изјави дека тоа ќе биде „важен прв чекор што ќе го олесни страдањето на невините луѓе“. „Го поздравувам отворањето на граничниот премин Рафа кон Газа за […]

Без вода корисниците од улиците „Брсјачка Буна“ и „Хаџи Јован Шишков“


Поради санирање дефект од Ф-80 мм на ул.„Брсјачка Буна“ бб до Општина Шуто Оризари, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Брсјачка Буна“ и „Хаџи Јован Шишков“. Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација –  Скопје,  ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со активностите.