Без вода корисниците од улиците „Брсјачка Буна“ и „Хаџи Јован Шишков“


Поради санирање дефект од Ф-80 мм на ул.„Брсјачка Буна“ бб до Општина Шуто Оризари, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Брсјачка Буна“ и „Хаџи Јован Шишков“.

Водоснабдувањето, како што информираат од ЈП Водовод и канализација –  Скопје,  ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со активностите.