Оризот, чајот и медот повеќе нема да имаат рок на употреба. Дали е тоа добра одлука?


Долготрајната храна како чај, ориз или мед повеќе не треба да има рок на употреба. Ова е предлогот на германскиот сојузен министер за земјоделство Џем Eздемир. „Тоа треба да помогне да се троши помалку храна“, рече политичарот на Зелените во понеделникот пред состанокот со неговите колеги од ЕУ во Луксембург, пренесува Феникс. Eздемир смета дека […]

Инфлуенсер фрлил милион долари од авион: Луѓе избезумено грабале пари (видео)


Чешкиот продуцент, актер, инфлуенсер и инвеститор Камил Бартошек, попознат по прекарот Казма, организирал лотарија со голема награда од еден милион долари, која ја ставил во контејнер под шифрирана брава. Influenser bacio milion evra iz helikoptera, ljudi se otimali pic.twitter.com/0QyVMEzQdQ — Arsil (@arsagarson) October 24, 2023 Меѓутоа, бидејќи не беше објавен победник, тој одлучи да ја […]

Дијалогот и компромисот се клуч за решавање на конфликтите, рече Заев во Атина


  „Дијалгот, дипломатијата, прифаќањето на аргументите на другиот и компромисот и понатаму остануваат единствените средства за разумно решавање на конфликтите“, со оваа порака поранешниот премиер Зоран Заев им се обрати на учесниците на конференцијата на „Економист“, која што се одржува во грчкиот главен град Атина. Заев истакна дека настанот на „Економист“ се одржува во сенката […]

Во Кисела Вода некаде има, а некаде нема парно


  Автоматската секретарка на ЕСМ му кажува на соговорникот од другата страна на телефонот дека секаде во Скопје се испорачува топлинска енергија, но некои жители од населбата Кисела Вода веќе го загубија трпението затоа што во нивните згради нема парно уште од почетокот на грејната сезона. Уште повеќе што со автоматизирањето на пораките на телефонот […]

(Во живо) Конференција на тема „Медиумска писменост во дигиталните простори“


Со конференцијата „Медиумска писменост во дигиталните простори“ која денеска ќе се одржи Скопје, Мрежата за медиумска писменост го отвора петотто издание на Деновите на медиумска писменост (2023). Конференцијата е во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Фондацијата Метаморфозис, Македонскиот институт за медиуми и ИРЕКС и ќе се состои од два панели и […]

Проблеми во однесувањето на децата што не треба да се игнорираат


 Има неколку проблеми во однесувањето на детето што, ако се појават, родителите не треба да ги занемарат, бидејќи може да се претворат во многу поголеми проблеми. Следат три примери. Ако возрасниот забележи дека, на пр., детето често лаже или ги преувеличува нештата – има причина за грижи. Штом ќе потпорасне, детето ги надминува детските невини […]

Неколку исчезнати лица по судар на товарни бродови во Северното Море кај Германија


 Неколку лица се водат како исчезнати откако два товарни брода се судрија во Северното Море кај Германија, соопшти денеска Централната команда за поморски вонредни состојби. Несреќата се случила утрово на околу 22 километри југозападно од островот Хелголанд и 31 километар североисточно од островот Лангеог, се вели во соопштението. Потрагата по исчезнатите е во тек.

Електронски техничари, градежни механичари и шпедитери се професиите на иднината


Професиите кои придонесуваат за одржлив свет и независност од фосилните горива ќе дојдат до израз, најавија од Стопанската комора на Виена. Во наредните години ќе бидат потребни се повеќе електронски техничари, градежни механичари и шпедитери. Зелените работни места се однесуваат на професии кои помагаат во ублажување на влијанието на негативните промени во животната средина и […]

Лидерот на СИРИЗА избриша тројца членови на партијата, сите поранешни министри


Тројца членови на СИРИЗА, сите поранешни министри се на чекор пред заминување од партијата, откако лидерот Стефанос Каселакис соопшти дека со нивните ставови избрале да се стават вон партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Претседателот на најголемата грчка опозициска партија доцна синоќа на социјалните мрежи објави дека Димитрис Вицас, Панос Скурлетис и Никос Филис […]

Научници: Голфската струја дефинитивно слабее, последиците ќе бидат глобални


Голфската струја дефинитивно слабее, покажува најновото истражување на океанографскиот институт „Вудс Хол“ во Масачусетс, но не е сосема сигурно дали тоа е последица на климатските промени. Резултатите од студијата беа објавени на крајот на септември во списанието Geophysical Research Letters. Протокот на топла вода (Голфската струја) низ теснецот на Флорида е забавен за 4 проценти […]

Макрон пристигна во Израел – се очекува да повика на заштита на цивилите во Газа


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска допатува во Тел Авив, јавија британските меидуми. Тој во Израел ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, израелскиот претседател Исак Херцог и со опозициските лидери од политичкиот центар Бени Ганц и Јаир Лапид. Францускиот претседател се очекува да повика на „заштита на цивилите“ во Газа, додека Израел продолжува да бомбардира […]

Израел бомбардира стотици цели во Појасот Газа


Израелската војска утрово соопшти дека повторно бомбардирала стотици цели во Појасот Газа, при што загинале неколку команданти на исламистичкиот Хамас. – Во текот на последниот ден, ИДФ погоди над 400 терористички цели и уби неколку команданти на Хамас и бројни оперативци кои подготвуваа напади, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) на социјалните мрежи. – Во широка […]

На Фон дер Лајен во Скопје може да ѝ се понуди компромис во кој сите добиваат


До декемврискиот самит на ЕУ, до кога во Македонија треба да биде извршена промената на Уставот, како услов за одржување на втората меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ на која би се започнало со отворање на поглавјата, останува многу малку време. Владата се обидува да го одржува оптимизмот дека ќе обезбеди до тогаш двотретинско мнозинство […]

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Тајван


Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Тајван, соопшти метеоролошката служба на островот. Зградите во главниот град Тајпеј се тресеа, но нема извештаи за штети, јавува Ројтерс. Сообраќајот брзо се нормализира Епицентарот на земјотресот бил во морето во близина на тајванската област Хуалиен, јужно од јапонскиот остров […]

Кац: Израел нема да ја одложи офанзивата во Газа поради заложниците


Израел нема да ја одложи копнената офанзива во Појасот Газа поради заложниците кои таму ги држи исламистичкото движење „Хамас“, кое ја контролира палестинската територија, изјави израелскиот министер за енергетика Израел Кац, цитиран од британските медиуми. Кац, кој е претставник на десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, во интервју објавено денеска за весникот „Билд“ вети […]

Поранешната претседателка на Боливија обвинета за геноцид се соочува со 30 години затвор


Јавното обвинителство на Боливија бара 30-годишна затворска казна за поранешната претседателка Жанин Ањес на која и се суди за геноцид за смртта на демонстрантите по изборите во 2019 година, соопштија денеска боливиските власти. Повеќе од 30 луѓе, главно поддржувачи на поранешниот претседател Ево Моралес, беа убиени за време на немирите кон крајот на 2019 година […]

Првата година на Џорџа Мелони: Од радикална десничарка, до пријателка на Западот


„Станавме пријатели“, рече американскиот претседател Џо Бајден во јули. Тој зборуваше за Џорџа Мелони, најдесничарскиот италијански премиер од Мусолини, која ги изненади и Брисел и Вашингтон во нејзината прва година на функцијата со своите прозападни ставови и непоколеблива поддршка за Украина. И покрај нејзиниот евроскептицизам, 46-годишната Мелони се обиде да биде конструктивна кон Европската унија […]

Годишна конференција на ОН „Слобода, еднаквост и правда за сите“ во Скопје


 „Слобода, еднаквост и правда за сите“ е темата на годишната конференција на Обединетите нации (ОН), што ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на одбележувањето на Денот на ОН.  Конференцијата е посветена на теми поврзани со човековите права, со оглед на тоа што годинава се одбележува 75 години од усвојувањето на Декларацијата за човекови […]

Јанша на удар на словенечката владејачка коалиција бидејќи повика на вооружување на луѓето


Владејачката коалиција во Словенија денеска остро го осуди повикот на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша за вооружување на луѓето, по пропалестинскиот митинг што се одржа во четвртокот во Љубљана. Лидерите на партиите од владејачката коалиција го нарекоа неговиот повик „целосно неодговорен“, пренесе агенцијата СТА. Тие во заедничко соопштение наведуваат дека и поканата на поранешниот премиер, […]

Концерт на Александра Коцевска – мецосопран и пијанистот Глигор Гелебешев


Во рамки на Фестивалот „Златна лира 2023“ во Музејот на македонска борба концерт вечер концерт ќе одржат Александра Коцевска – мецосопран и пијанистот Глигор Гелебешев. -Пијанистот Глигор Гелебешев и мецосопранот Александра Коцевска својата професионална соработка ја започнуваат во 2015 година и оттогаш се редовно присутни на концертните подиуми во државата. Оваа вечер на фестивалот „Златна […]