Оризот, чајот и медот повеќе нема да имаат рок на употреба. Дали е тоа добра одлука?


Фото: Б. Грданоски

Долготрајната храна како чај, ориз или мед повеќе не треба да има рок на употреба. Ова е предлогот на германскиот сојузен министер за земјоделство Џем Eздемир.

„Тоа треба да помогне да се троши помалку храна“, рече политичарот на Зелените во понеделникот пред состанокот со неговите колеги од ЕУ во Луксембург, пренесува Феникс.

Eздемир смета дека на Германија и е потребна обврзувачка листа на исклучоци за одредени производи кои се чуваат на полиците.

Според него, „сосема бесмислено“ е долготрајната храна како чајот, оризот или медот да имаат рок на траење.

Eздемир ја гледа одговорноста на Комисијата на ЕУ да предложи обврзувачки регулативи за Европската унија.

Според податоците на Комисијата, во ЕУ секоја година се создаваат речиси 59 милиони тони отпад од храна – околу 130 килограми по жител.