Инфлуенсер фрлил милион долари од авион: Луѓе избезумено грабале пари (видео)


Чешкиот продуцент, актер, инфлуенсер и инвеститор Камил Бартошек, попознат по прекарот Казма, организирал лотарија со голема награда од еден милион долари, која ја ставил во контејнер под шифрирана брава.

Меѓутоа, бидејќи не беше објавен победник, тој одлучи да ја подели наградата со сите кои учествуваа во лотаријата со фрлање милион долари од хеликоптер.

Пари паѓаа од небо

Во наградната игра учествуваа 100.000 натпреварувачи, кои во шест часот наутро добија мејл со потребните информации за локацијата каде ќе се фрлат парите од хеликоптерот.

 

За задачата да биде уште потешка, натпреварувачите морале прво да го дешифрираат испратениот код, за подоцна на закажаната локација да се појават 4.000 луѓе.

Луѓето кои се појавија на теренот почнаа избезумено да грабаат пари, а некои донесоа и чадори, за на најлесен начин да грабнат што повеќе пари.

Во продолжение погледнете како изгледаше грабежот:

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Pete Mitchell (@petemitchelmaverick)