Во четврток и петок локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд


УХМР информира дека продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра, но во четврток и петок, во попладневните часови, како што најавува, ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.  Утре, според УХМР, утрото ќе биде свежо, а преку ден ќе се задржи сончево со мала локална облачност. […]

Османи ќе ги посети Киргистан и Туркменистан


Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Макеоднија Бујар Османи ја продолжува посетата на земјите од Централна Азија (ЦА). После  реализирањето на посетите на Узбекистан и Казахстан во август оваа година, Османи од утре ќе престојува во дводневна посета на Киргистан, а наредната недела се очекува да го посети и Туркменистан, соопшти […]

Краткометражниот филм „Мавера” вечерва премиерно и на “Ѕирни”


Краткиот независен филм „Мавера” кој премиерно се прикажа на ИФФК “Браќа Манаки” влезе во официјална селекција на петтото изданије на Скопскиот фестивал “Ѕирни”. “Мавера” својата скопска премиера ќе ја има денеска од 20:00 часот, на Платото „Котур” и се натпреварува за наградата “Данчо Чеврески”. ИФФК „Браќа Манаки“ секоја година ги вреднува најдобрите кинематографери, тешко е да се раскаже прекрасното непознато […]

За исполнување на родовата еднаквост, неопходни се еднакви плати меѓу мажите и жените


Фактите зборуваат дека и 75 години по усвојувањето на Декларацијата за човекови права, родовиот јаз во платите сè уште постои, вклучително и кај нас. Ова го истакна сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, која присуствуваше и се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“ организирана по повод Меѓународниот ден за еднакви плати. „И покрај тоа […]

Млади новинари од Фондацијата „Метаморфозис“ беа на студиска посета во САД


Двајца практиканти во медиумите на Фондацијата „Метаморфозис“, Мета.мк и Портaлб.мк, заедно со двајца претставници на фондацијата, изминатиот период беа дел од еднонеделна студиска посета во Вашингтон, САД. Посетата ја организираше Меѓународниот центар за новинари (ICFJ) кои се повеќегодишни партнери на Метаморфозис. Покрај средбите кои новинарите ги имаа со претставници на Меѓународниот центар за новинари, тие […]

Oтворен новиот објект на Психијатриска болница Скопје


Психијатриската болница доби нов објект кој се градеше повеќе од една деценија, соопшти денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити, на отворањето на новиот објект. „Нешто кое со години се чекаше да се заврши, конечно од денес почнува со работа. Новата болница е современо опремена, според меѓународни стандарди и јас сум уверен дека новите услови за […]

Милановиќ: Ќе продолжам да се залагам за што побрз влез на Албанија во ЕУ


 Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска му рече на албанскиот премиер Еди Рама дека ќе продолжи да се залага за „што е можно побрз влез на Албанија во Европската унија“, земја што ја опишува како „доверлив сојузник во НАТО долго време“. Хрватскиот претседател го прими албанскиот премиер во Пантовчак и ја повтори цврстата и континуирана поддршка […]

Протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија


Во организација на платформата „Одговорност“ денеска се одржа протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија. Даријан Петров, активист, театарски актер, кој е дел од организацијата, во своето излагање рече дека причина за протестот е недовербата во правосудниот систем и институциите. -Бидејќи немаме доверба во правосудниот систем, институциите решивме да делуваме, ја формиравме оваа […]

Треба да се забрза законската процедура за трансфер на замрзнати руски средства во Украина, вели Кулеба


Украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба денеска изјави дека треба да се забрза правната процедура за трансфер на замрзнати руски средства во Украина. По состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Киев, Кулеба рече дека треба да се разјаснат судските аспекти, така што трансферот на руските средства е од корист и за […]

Општина Битола не е на чисто што сака – велосипедски патеки или дооформување на комплексот кај Офицерски дом


  БИТОЛА – Европскиот проект за изградба на велосипедски патеки во Битола со европски пари по втор пат не доби зелено светло на седницата на Советот на Општина Битола. Мнозинството во Советот, СДСМ заедно со двајца од независните советници на „Поинаку“, ДОМ и ДУИ гласаа против, ВМРО-ДПМНЕ беше за, а тројца советници се изјаснија за […]

Девојче исчезнало додека кампувало во САД, пронајден е само велосипедот


Деветгодишната Шарлот Сена последен пат била видена во саботата околу 18:15 часот по локално време во државниот парк Моро Лејк, кој се наоѓа на 80 километри северно од Олбани, главниот град на државата Њујорк. Исчезнатата девојка таму кампувала со семејството, пишува Sky News. Нејзината тетка ги повика луѓето „да продолжат да се молат“ за деветгодишното […]

Врховниот суд на САД го отфрли барањето за дисквалификација на Трамп од претседателските избори


 Врховниот суд на САД денеска го отфрли случајот со кој се бара дисквалификација на Доналд Трамп од претседателските избори во 2024 година, врз основа на уставната одредба која забранува секој што „учествувал во бунт“ да извршува јавна функција. Судиите ја отфрлија жалбата на Џон Ентони Кастро, даночен консултант од Тексас, кој побара Трамп, во рамките […]

Презентиран Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст


На денешната седница на Економско-социјалниот совет со кој претседава министерката за труд и социјална политикаЈованка Тренчевска се дискутираше за Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст: политики, препораки, мерки и индикатори, информираат од Министерството за труд и социјална политика. Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст, како единствена точка на дневниот […]

Компаниите на берзата имаат 76 отсто усогласеност со Кодексот за корпоративно управување


Просечната стапка на усогласеност на компаниите кои котираат на Македонската берза со Кодексот за корпоративно управување изнесува 76 отсто, соопшти денеска Берзата. Станува збор за прв „Извештај за следење на усогласеноста на котираните друштва со Кодексот за корпоративно управување“, кој го изготви Македонската берза со поддршка на Европската банка за обнова и развој. „Анализата на […]

Секој понеделник во училиштата во Аеродром ќе се интонира македонската химна


Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст, најави градоначалникот Тимчо Муцунски.   – Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство […]

Молдавија повеќе нема да купува гас од Русија


Молдавија повеќе нема да купува гас од руската компанија Газпром, изјави молдавскиот министер за енергетика Виктор Парликов за време на видео-обраќање на Евроатлантскиот форум за одржливост во Букурешт. Тој соопшти дека Кишињев купувал гас од европскиот пазар, под услови кои се поповолни од оние што Кишињев ги има во договорот со Газпром, информира Радио Молдавија. […]

Дали треба да го измиете оризот пред да готвите? Еве што вели истражувањето


Оризот е една од најпопуларните намирници во светот. Иако потекнува од Азија, тој е дел од многу традиционални кујни ширум светот. Сепак, неговата подготовка не е секогаш успешна, па често се поставува прашањето дали треба да се измие пред да се готви или не? Имено, кулинарски експерти наведуваат дека миењето на оризот пред готвење ја […]

Спасовски вели дека во СДСМ не се разговарало за претседателски кандидат


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан денеска во врска со шпекулациите за кавга во СДСМ околу номинирањето кандидат за претстојните претседателски избори изјави дека нема такво нешто – затоа што на оваа тема сè уште не ни било разговарано во партијата. Спасовски, чие име се споменува во политичките кулоари како можен кандидат за шеф […]

И со реконструкција на студентските домови се доцни, ама министерот нема вина


Најавените реконструкции на студентските домови не може да отпочнат, сѐ додека не се реши нивниот имотно-правниот статус. Со промените во Законот за градба, поголемиот дел од студентските домови се наоѓаат на државно земјиште, а тоа е случај и со повеќе јавни установи во земјава, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири. – Очекувам […]

Итна набавка на лекот „фезго“, јавно побара пациентка со канцер


Под итно да се набави лекот „фезго“, јавно побара денеска Елизабета Ристовска, пациентка со канцер од Скопје. -Терапијата „фезго“ што ја примаме на 21 ден, минатата недела ја немаше, денеска ми е термин да го примам лекот, до десет часот имало, од десет часот веќе нема од лекот и не враќаат, реагираше таа. Ова се […]