Жерар Депардје за обвинувањата за силување: Бев провокатор, но никогаш предатор


Францускиот актер Жерар Депардје за прв пат проговори за обвинувањата за силување кои се покренати против него. Имено, 14 жени изјавиле дека ги силувал во периодот од 2004 до 2022 година. Меѓу нив е и актерката Шарлот Арнолд. Таа поднела тужба во 2018 година, велејќи дека Депардје ја силувал двапати во неговата вила во Париз […]

Пад на вредноста на рубљата


Руската валута денеска на кратко го надмина симболичниот праг од сто рубљи за еден американски долар поради одливот на валути и намалувањето на суфицитот на тековната сметка на земјата. Потоа руската валута поврати дел од загубите и беше котирана на ниво од 99,41 рубљи за долар, откако достигна 100,2550 рубљи за долар. Последниот трицифрен пад […]

Папата Франциск предлага истополовите бракови да добијат благослов од Ватикан


Папата Франциск сугерираше дека можеби има начини да се благословат истополовите заедници, одговарајќи на петте конзервативни кардинали кои го предизвикаа да го потврди учењето на црквата за хомосексуалноста пред големиот собир на кој ЛГБТК+ католиците се на дневниот ред. Ватикан вчера го објави писмото што Франциск го испратил до кардиналите на 11 јули, откако претходниот […]

Украинa го гради првото подземно училиште


Хакив, вториот по големина украински град, ќе го гради првото целосно подземно училиште, со цел да ги заштити учениците од честите руски ракетни напади, најави градоначалникот на тој град, што воедно ќе биде и прва ваква зграда во земјата. „Таквото засолниште ќе им овозможи на илјадници деца во Харкив да го продолжат своето безбедно образование […]

Рекорден извоз на оружје од Германија


 Германските производители на оружје забележаа рекорден извоз оваа година, пред се поради испораките во Украина, а во првите три квартали владата одобри извоз во вредност од 8,76 милијарди евра, што е повеќе од извозот во цела минатата година, кој изнесуваше 8,36 милијарди евра, јави ДПА. Така, германската воена индустрија до крајот на годината веројатно ќе […]

Дваесет и осум години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров


Пред 28 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа повредени […]

ЦУК: Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, активни се уште два


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева, трње, трска, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума, борова шума и неколку депонии, а во Општина Василево изгорела и една колиба, според податоците од Секторот за операции и координација во ЦУК. До утрово, според […]

Насилниот крај на Нагорно Карабах


Триесет и петгодишната војна повторно се разгоре. Стотици луѓе загинаа; десетици илјади од се раселени. Светот, фокусиран на Генералното собрание на ОН и војната во Украина, едвај забележа. На 19 септември, Азербејџан почна да гранатира градови и воени бази во Нагорно Карабах, ерменска енклава која долго се бори за независност. За помалку од еден ден, […]

„Бургер кинг“ сè уште работи во Русија


  „Бургер кинг“ сè уште е отворен во Русија и покрај тоа што сопственикот на франшизата вети дека ќе го напушти тој пазар пред повеќе од една година. Restaurant Brands International (РБИ), кој поседува 15 отсто од бизнисите со франшиза за брза храна во Русија, рече дека моментално нема нови информации за неговото излегување од […]

Експлозија во складиште за гас во близина на Оксфорд, се верува дека била предизвикана од удар на гром


Британската полиција соопшти дека верува оти пожар што изби во складиште за гас во близина на Оксфорд бил предизвикан од удар на гром. Службите за итна помош се на терен, а нема извештаи за повредени, информираат од полицијата. Експлозијата во складиште за гас во близина на Оксфорд ги вознемири граѓаните на тој британски град. Полицијата […]

Индија ѝ порача на Канада да повлече 41 дипломат


Индија и порача на Канада дека мора да повлече 41 дипломат од Индија до 10 октомври, објави денеска Фајненшл тајмс. Односите меѓу Индија и Канада се сериозно нарушени откако канадските власти соопштија дека имаат веродостојни информации за вмешаност на Њу Делхи во убиството на сепаратистичкиот водач на Сиките и канадски државјанин Хардип Синг Нијар (45), […]

Истрага во Обединетото Кралство заради одлуките за „затворање“ поврзани со Ковид-19


Лондон- Политичките одлуки околу „заклучувањата, односно т.н. локдаун) ограничувањата за патување и физичкото дистанцирање за време на пандемијата на коронавирус ќе бидат под микроскоп со почетокот на следната фаза од истрагата за Ковид-19 во Велика Британија. Работата на владата на Обединетото Кралство за време на кризата ќе биде под лупа во текот на следните недели, бидејќи […]

Зошто расте цената на дизелот и дали ќе го има доволно


  Литар дизел гориво на бензинските пумпи во земјава од денеска чини 86 денари, исто колку и литар моторен бензин Еуросупер 95. Поскап од дизелот се уште е бензинот од 98 октани, кој чини 88,50 денари за литар, но доколку продолжи трендот на светските берзи, нема да биде изненадување доколку најпродаваното гориво во земјава ценовно […]

Продолжува растот на хотелски резервации преку онлајн платформите во ЕУ


Брисел – Во текот на вториот квартал од 2023 година преку платформите за краткорочно изнајмување сместувачки капацитети, како „Ербиенби“, „Букинг“, „Експедија Груп“ или „ТрипАдвајзор“, биле извршени резервации за речиси 153 милиони ноќевања во хотели или преноќевалишта на територијата на ЕУ, што претставува раст за 15,8 отсто во споредба со истото ланско тримесечје.  Според податоците на Европската […]

Мишел официјално го закажа неформалниот Самит на ЕУ во Гранада – меѓу темите и иднината на проширената Унија


Брисел – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел синоќа упати покани до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на неформалниот Самит на Унијата, што ќе се одржи в петок во шпанскиот град Гранада во организација на премиерот на Шпанија, Педро Санчез.  – Овој собир има особено значење: не само што ќе водиме конструктивен […]

Уште една иницијатива Западен Балкан да биде геостратешки императив за ЕУ


По австрискиот нон-пејпер испратен до ЕУ-инстутициите минатата недела за конкретни чекори за интеграција на Западен Балкан во ЕУ, вчера во заедничка изјава словенечката министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон, министерот за европски и меѓународни прашања на Австрија Александар Шаленберг и хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, нагласија дека интегрирањето […]

Квалификуваното мнозинство во ЕУ ја намалува опасноста од евентуални нови условувања


  Реформскиот приод што го нуди француско – германскиот предлог ја зајакнува позицијата на ЕУ како глобален играч. Во делот на проширувањето, за нас, уставните измени остануваат услов кој мора да биде исполнет за да можеме да ги продолжиме евроинтеграциите, но при тоа воведувањето на одлучување со квалификувано мнозинство драстично ја зголемува сигурноста дека по […]

Без струја дел од Карпош и Кисела Вода


РЦУК соопшти дека денеска без струја ќе бидат дел од општините  Карпош и Кисела Вода. Од 08:00 до 16:00 часот струја нема да имаат корисниците од дел од улиците „Франце Прешерн“ и „Драгутин Аврамовски Гуте“ (Карпош), од 08:30 до 12:00 корисниците дел од корисниците на ул. „Влае“ кај поранешна Неуромедика (Карпош), од 09:00 до 16.00 […]

Со премиера на претставата „Фирма“ почнува фестивалот РУТА


Во Драмски театар вечер, во 20 часот, со премиера на претставата „Фирма“, почнува регионалниот театарски фестивал РУТА. Фестивалот ќе трае до 8 октомври, а македонската публика ќе може да ги види „Декамерон“ на Градско позориште Подгорица, „Нора“ на Местно гледалишче Љубљана, „Син“ на Камерни театар 55 од Сараево и „Самрак на боговите“ на Београдско драмско […]

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик


Во организација на Комисијата за односи со верските заедници денеска во 11 часот во Скопје ќе биде промовирана книгата „Слава Тебе“ (Лаудато Си) енциклика на папата Франциск на македонски јазик. Издавач на книгата на папата Франциск е македонската Комисија за односи со верските заедници по ексклузивно одобрение од ватиканскиот Дикастер за комуникации. Книгата е посветена […]