Жерар Депардје за обвинувањата за силување: Бев провокатор, но никогаш предатор


Францускиот актер Жерар Депардје за прв пат проговори за обвинувањата за силување кои се покренати против него.

Имено, 14 жени изјавиле дека ги силувал во периодот од 2004 до 2022 година. Меѓу нив е и актерката Шарлот Арнолд. Таа поднела тужба во 2018 година, велејќи дека Депардје ја силувал двапати во неговата вила во Париз неколку дена претходно.

„Не можам повеќе да толерирам што слушам и читам за себе. Сето тоа ме погодува“, изјавил меѓу другото и нагласил дека никогаш не малтретирал ниту една жена.

Апелацискиот суд во Париз ги прифати обвиненијата против актерот пред повеќе од една година.

„Жената доброволно дојде во мојата соба и денес вели дека таму ја силувале. Се вратила по втор пат. Никогаш немало насилство меѓу нас“, раскажал и за една од нив.

Тој додаде дека му замерува на „јавниот линч“ на медиумите. Тој призна дека целиот негов живот бил „провокативен, а можеби и груб“. Сепак, тој негира дека е силувач или предатор.