„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски со уште една номинација на Европските филмски награди


Филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој е дел од овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, доби номинација и за Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA), која е една од категориите на Европските филмски награди за која гласа жири составено од студенти од 25 универзитети од 25 земји во […]

Општа болница Куманово набави три нови апарати, ќе се набавуваат и други


Општата болница Куманово набави три нови апарати за поефикасна и подобра здравствена заштита за пациентите од градот и соседните општини, информираа денеска надлежните. Апаратите ги набави претходниот менаџерски тим на болницата и се наменети за потребите на офталмолошкото и гинеколошкото одделение како и апарат за анестезиолозите. Новиот видео ларингоскоп за Анестезиолошкиот оддел е наменет за […]

Се бара притвор за мажот кој и покрај забраната за приближување, ја претепа сопругата


Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 25-годишен скопјанец кој пред два дена ѝ се заканувал, а потоа и физички ја нападнал својата сопруга со која бил во бракоразводна постапка, а имал и судска забрана да контактира со неа и да ѝ се приближува. Како што соопштија денеска од Обвинителството, постапката против скопјанецот се води […]

Санчез: Проширување на ЕУ со осум нови членки ќе создаде многу предизвици


Шпанскиот премиер Педро Санчез пред почетокот на средбата во шпанскиот град Гранада на шефовите на држави или влади од Европската политичка заедница порача дека проширувањето на ЕУ „ќе создаде многу предизвици внатре“ за Унијата, но дека Шпанија е отворена за тоа.    -Преминувањето од ЕУ со 27 во ЕУ од 35 ќе создаде многу предизвици […]

Домаќин, хаусмајстор, хигиеничар да се унапредат во сценски и тон-мајстори бара Универзалната сала


Домаќинот на Универзалната сала, хаусмајсторот, хигиеничарот и возачот, требаше да бидат унапредени цо сценско-визуелни работници и тон-мајстори, ако Советот на Град Скопје го поддржеше барањето на оваа градска институција за унапредување во 2024 година.  „Во делот на унапредување и распределување до крајот на 2024 година има наведено унапредување од домаќин во тон мајстор, унапредување од […]

(Во живо) Ковачевски на Самитот на ЕПЗ во Гранада


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, учествува на третиот Самит на Европската политичка заедница во Гранада, Шпанија. На Самитот учествуваат лидери од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина. Учество на третиот Самит […]

Австралиски долари со ликот на Чарлс Трети наскоро во оптек


Повеќе од една година по смртта на британската кралица Елизабета Втора, ликoт на сегашниот британски крал Чарлс Трети наскоро ќе се појави на австралиските долари, соопштија денеска властите. Златниот австралиски долар ќе биде прв со ликот на новиот британски монарх, кој официјално е и шеф на државата Австралија. Извршниот директор на Кралската монетарна парична единица […]

Веќе не е седмата: Проверете која година во бракот сега е најкритична


Дали некогаш сте се запрашале зошто се вели дека седмата година од врската (или бракот) е критична? Психолозите го нарекоа овој феномен „Седум годишно чешање“, по филмот од 1950 година во кој Мерлин Монро и Том Ивел минуваат низ љубовна криза – по седмата година од нивната врска. Овој психолошки термин не отана само на […]

Баба и дедо добиле на лото и се развеле, таа не сакала да му даде пари


Тие двајца имаа среќен брак пред тоа. Брачниот пар Кенет (77) и Кони (74) Паркер од Њујорк на лото освоија џекпот од 25 милиони долари (речиси 24 милиони евра). Двојката била пресреќна бидејќи со тие милиони можеле да исполнат многу од своите животни соништа и да подарат нешто на своите деца. Меѓутоа, тогаш сè испадна […]

Исти рекламни табли за угостителските и услужните објекти во стариот дел на Охрид


Општина Охрид почна со процедурата на етапно стандардизирање и визуелно унифицирање на урбаната опрема поставена на најатрактивните локации низ градот. Претставници на локалните власти се на терен во стариот дел на градот, каде е предвидено некаде осумдесеттина угостителски објекти, занаетчиски работилници, сместувачки капацитети и други субјекти што обавуват туристичка и услужна дејност да добијат унифицирани […]

ОЛАФ ја заврши истрагата за злоупотреби со ИПАРД 2 фондовите во Албанија


Канцеларијата за борба против измами на Европската комисијата (ОЛАФ) ја заврши истрагата за корупција при исплатата на средствата од ЕУ за Албанија преку земјоделската програма ИПАРД 2, која започна во јули годинава. Како што објави „Еуроактив“, засега нема детали за истрагата или нејзините наоди, бидејќи според извори во ОЛАФ, таквите информации би можеле да ги […]

Самит за намалување на штетите од тутунот: Сѐ повеќе алтернативи, а сѐ поголем број пушачи


Отпорот кон намалувањето на штети се зголемува како што расте пенетрацијата на алтернативите на цигарите е една од пораките на 6. издание на Самитот за намалување на штети од тутун во Атина, во организација на Интернационалната асоцијација за контрола на пушењето SCOHRE. На Самитот се водеа дискусии помеѓу еминентни експерти за намалувањето на штети, лекари и научници, вкупно 250 од сите континенти, […]

Гранада: Сите сакаат проширување, ама без парите и гласовите


  ГРАНАДА, Шпанија – Францускиот претседател Емануел Макрон денес на самитот на Европската политичка заедница во Гранада дојде со цел да ги собере земјите зад историско проширување на Унијата, што би ја интегрирало разурнатата од војна Украина и неколку други земји кандидати. Но, загриженоста меѓу земјите-членки за механиката и одржливоста на толку голема експанзија претставува […]

Се роди првото бебе во 2023 година во Општина Зрновци


Жителите на Општина Зрновци конечно го дочекаа првото новороденче во 2023 година. На акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди здраво машко бебе, како петта рожба во семејството на Тања и Горан Атанасови, кои веќе имаат четири сина. Градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев денеска ги посети новороденчето и мајката во […]

Бислимоски: Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција


Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на […]

Втората продавница на H&M во Скопје се отвара на 20 октомври


 Шведската модна компанија H&M ги отвора вратите на својата втора продавница во Скопје, во Diamond Mall, на 20-ти октомври, во 11:30 часот. H&M ќе понуди модна инспирација за целото семејство на површина од 1.800 m2.  На денот на големото отворање и до недела, 22 октомври, клиентите ќе имаат можност да добијат -15% попуст на целокупната […]

Словенечка „Нора“ на Нела Витошевиќ вечерва на РУТА во Драмски


Претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен на македонската режисерка Нела Витошевиќ, на Местно гледалиште Љубљана, Словенија вечерва во 20 часот ќе гостува на фестивалот РУТА во Драмскиот театар во Скопје. Премиерно, „Нора“ беше изведна на 3 март годинава. Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда […]

На Бредли Купер му требаа пет часа да се трансформира во Бернштајн- откриен процесот на шминкање


Лос Анџелес- Aктерот Бредли Купер посветено се подготвуваше за улогата во филмот на Нетфликс „Маестро“, а за да повеќе наликува на американскиот композитор Леонард Бернштајн, славниот актер помина и до пет часа со шминкери. Самиот процес на шминкање започна во еден по полноќ. „Купер сакаше шминката да биде направена пред сите останати да пристигнат, за […]

Мураками, Шуе, Атвуд и Ружди фаворити за освојување на Нобеловата награда за литература


Според познавачите, Кан Шуе, Харуки Мураками, Маргарет Атвуд и Салман Ружди се меѓу најверојатните автори кои ќе ја добијат овогодинешната Нобелова награда за литература. Кинеската авангардна авторка Шуе (70) ја предводи групата големи писатели, кои годинава се во трка за освојување на престижната книжевна награда. Победникот треба да биде објавен денеска околу 13 часот. „Тоа […]

Венко Андоновски добитник на меѓународната Толстоева награда во Москва


Професорот и писател Венко Андоновски е добитник на меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ за 2023 година за романот „Папокот на светлината“.   Романот е објавен во руски превод на еминентната македонистка, преведувачка на над 70 книги од македонски автори и афирматор на македонската култура, Олга Панкина. Олга Панкина ја доби годинешнава награда „Јасна Полјана“ за најдобар […]