Баба и дедо добиле на лото и се развеле, таа не сакала да му даде пари


Тие двајца имаа среќен брак пред тоа.

Брачниот пар Кенет (77) и Кони (74) Паркер од Њујорк на лото освоија џекпот од 25 милиони долари (речиси 24 милиони евра). Двојката била пресреќна бидејќи со тие милиони можеле да исполнат многу од своите животни соништа и да подарат нешто на своите деца. Меѓутоа, тогаш сè испадна поинаку.

Тикетот го платила Кони, а парите биле уплатени само на нејзината сметка, пренесува Мирор. Штом ги добила парите на сметката го исфрлила сопругот од станот. Кони не сакала да му даде на својот сопруг ниту цент од добивката на лотарија и веднаш го прекинала контактот со него.

– Сигурен сум дека Кони сакаше да ме спречи да им дадам голем дел од добивката на моите деца. Имам пет деца од претходниот брак – рекол Кенет, кој потоа се развел од сопругата и ја тужел.

– Се чувствувам изневерено. Сè уште сум лут на себе што некогаш ја сакам таа жена – разочарано додаде тој.

Тие двајца пред тоа имаа среќен брак. Како што вели Кенет, тие никогаш немале многу пари. Тие секогаш играле лотарија со надеж дека еден ден ќе го добијат големиот џекпот. Веднаш штом беше освоен споменатиот џекпот на лотаријата, на нивната среќа и дојде крајот.