Оштетен потпорниот ѕид на зградата на штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ при изградба на катна гаража


Еден од потпорните ѕидови е оштетен, а прекинат е громобронот, кој го штити штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ да не се запали при удар на гром, бидејќи во централното градско подрачје, ова е една од повисоките институции. Овие оштетување се направени од фирма која е ангажирана од Општина Штип за изградба на катна гаража. […]

МНР: Седум македонски државјани во Витлеем кој не е погоден од случувањата во Израел


Седум државјани на Македонија се наоѓаат во градот Витлeем, на Западниот Брег кој што не е погоден од актуелните случувања, соопшти Mинистерството за надворешни работи (МНР) од каде состојбата ја оценуваат како сложена и тоа во јужниот и централниот дел на Израел. МНР ги повикува граѓаните на Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел […]

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба


 Просторот на манастирскиот комплес Трескавец, освен како милениумско духовно светилиште се потврди и како урбана античка заедница, добро организирана и на преку 1250 надморска височина. Археолозите ги заокружуваат 10-годишните истражувања констатирајќи дека се заокружува првата етапа од сеопфатните истражувања на античкиот локалитет Колобаиса кај манастирскиот комплекс Трескавец. -Тоа значи дека има 10 археолошки етапи во […]

„Правда, судство и работнички права“ на „Текстилијадата: Судската пракса тешко оди


Корупцијата во секторот економија најчесто се јавува во односот помеѓу приватниот сектор и државните институции, смета претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска, која денеска беше дел од дебата на седмата „Текстилијада“ во Штип, во организација на „Гласен Текстилец“.  Според неа, до корупција доаѓа во случаи во кои се добива некаков […]

Ковачевски: Изборите ќе се одржат во законскиот термин, сè уште е на маса понудата ако се изгласаат уставните измени


Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат во нивниот законски термин, но дека се уште е на маса поднудата ако се изгласаат уставните измени со оглед дека врвно прашање за земјата е продолжување на евроинтеграцискиот пат. -Ние имаме Закон за избор на претседател, Закон за избор на пратеници, на Парламент, […]

Доделени новинарските признанија за најдоброто од Истокот


На петнаесет институции и поединци од разни области на општественото живеење во Источниот регион, синоќа, во ресортот Магнолија на Пониква, им беа врачени признанијата за нивните остварувања во 2022 година од значење за развојот на регионот, а со тоа и на Република Македонија. Манифетацијата „Најдоброто од истокот“ е во организација на  регионалниот центар на новинари […]

Во Македонија се случило „Прво управување на робот со помош на сигнали од мозокот, 1988“


ИЕЕЕ – Институт на електро и електротехнички инженери  организира церемонија на откривање плоча за значајно дело на македонската наука. Спомен-плочата е во сопственост на IEEE и ќе биде откриена од страна на претседателот на државата, Стево Пендаровски и претседателот на IEEE, Saifur Rahman, од Virginia Tech, USA. IEEE (Institute of Electrical and Electronics Engineers) е […]

Најмалку 14 загинати во земјотресот од 6,2 степени во Авганистан


 Во силниот земјотрес што денеска го погоди западниот дел на Авганистан загинаа најмалку 14 луѓе, а 78 се повредени. Првиот земјотрес беше со интензитет од 6,2 степени, додека вториот бил 5,5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил на 48 километри северозападно од градот Херат, а епицентарот бил во близина на градот Кара Баг. Најмалку илјада […]

Ивановска: Мандатот истекува на 7 февруари, навреме да се изберат членови на ДКСК


Мандатот на актуелните членови на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) со работа изтекува на  7 февруари 2024 година и согласно законот немаат право на повторен избор, ниту на продолжување на мандатот до изборот на нова Комисија, истакна денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска која одговараше на новинарски прашања на денешната „Текстилијада“ во Штип. […]

ЦУК: Вчера имаше 26 пожари на отворен простор, активни се уште три


Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите од неговиот Сектор за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 26. -Од нив, активни се уште три, во: Општина Македонси Брод, с.Белица под Солунска Глава (каде што гори борова шума); Општина Чашка, меѓу с.Горно Јаболчиште и с.Горно Врановце (гори шума) и […]

Ковачевски: Брашното нема да поскапи, имаме најнизок ДДВ во регионот


Премиерот Димитар Ковачевски, го искажа својот став околу одлуката да се покачи ДДВ-то за луксузни производи, меѓу кои е донесена одлука за некои продукти на пример лутеницата исто така да биде покачен данокот. „Прво имаше многу детален брифинг од Министерството за финансии за одлуката, која одлука доаѓа како дел од даночната реформа. На неа работеа […]

МНР со апел до македонските државјани во Израел да се почитуваат упатствата на властите


Во врска со сложената безбедносна ситуација во јужниот и централниот дел на Израел Министерството за надворешни работи ги повика граѓаните на Северна Македонија кои во моментов се наоѓаат во Израел да ги почитуваат упатствата на безбедносните власти на Израел. Подетални информации околу актуелните состојби можат да се најдат на следната веб страница: https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx Инаку според […]

Европските лидери го осудија нападот врз Израел


 Европските лидери го осудија денешниот напад врз Израел од страна на палестинската исламистичка група Хамас, при што загинаа најмалку 22 луѓе, а 545 лица се хоспитализирани. – Силно ги осудувам терористичките напади врз Израел од Газа. Силно ги осудувам неселективните напади започнати утрово против Израел и неговиот народ, изложувајќи ги невините граѓани на терор и […]

Израел и Палестина: Сè што треба да знаете за долгогодишниот конфликт


Вооружени борци од исламската милитантна група Хамас истрелаа десетици ракети кон Израел и влегоа во јужниот дел на земјата во ненадеен напад што ја поттикна израелската војска да објави „подготвеност за војна“. Десетици ракети беа истрелани кон Израел рано утринава, а сирените за воздушен напад се огласија низ целата земја. Израел изврши напади и врз […]

Маж загина, малолетник е тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп-Крушево


Битолчанец (46) смртно настрада во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер. Во сообраќајката тешко повреден е и малолетник. Како што информира полицијата, на 06.10.2023 во 21.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно […]

Нетанјаху вели дека Израел е во војна


Ние сме во војна, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во видеообраќање до своите сонародници. Тој додаде дека неговата земја ќе победи во оваа војна и дека нејзиниот непријател ќе ја плати цената за нападот врз Израел. Неговата изјава уследи откако врз Израел беа истрелани илјадници ракети од Појасот Газа, при што загинаа најмалку пет луѓе, […]

Дачиќ одбил да се слика со европските министри поради косовското знаме во позадина


Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ одби да се фотографира со другите учесници на министерските состаноци на Берлинскиот процес во Тирана. Еуроњуз Албанија јавува дека Дачиќ го нема на заедничката фотографија поради косовското знаме кое било во позадина, зад учесниците на состанокот. Берлинскиот процес е иницијатива на Ангела Меркел На средбата присуствуваа шефовите на […]

Култната „Славија” стана модерен спортски комплекс


 Со интонирање на химната, со огномет и со многу возбуда, вчера вечер, после неколкумесечни интензивни градежни активности на Општина Кисела Вода, беше ставено во функција возобновеното игралиште „Славија“, простор кој сега нуди најсовремено кошаркарско, фудбалско игралиште, модерни терени за тенис и пинг понг, создадени според највисоките меѓународни стандарди. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека со тоа […]

Пронајдени 115 тела во „еколошка“ погребална куќа во САД: „Сцената беше страшна“


Полицијата округот Фримонт во американската сојузна држава Колорадо денеска објави дека пронашла најмалку 115 тела во просториите на „зелената“ погребална куќа која е под истрага за неправилно ракување со човечки останки. Шерифот на округот Фримонт, Ален Купер, рече дека тие се координираат со други агенции за да утврдат дали има некакви неправилности. Погребалниот дом во Пенроус, […]

(Во живо) Обраќање на премиерот Ковачевски на настанот „Вкуси ја традицијата“


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,  Димитар Ковачевски, ќе се обрати на настанот „Вкуси ја традицијата – Втор национален саем за храна и пијалаци“. На настанот свое обраќање ќе има и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.