Деца во Гази Баба вртеа педали за да гледаат филм


Општина Гази Баба за прв пат оваа година се приклучи кон семејството на европски градови и општини кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност под мотото “Движи се рационално, штеди енергија”. Тоа подразбира рационален пристап при користење на електрична енергија, гориво и други видови енергија, со цел да се намали негативниот ефект врз животната средина. […]

Делницата Велес – Градско е затворена за сообраќај поради асфалтирање


Делницата Велес – Градско поради асфалтирање е затворена за сообраќај од 18 до 23 септември. Автомотосојузот на Македонија информира дека делницата е затворена за сообраќај во периодот од 8 до 18 часот. 

Украинец се обидел да внесе препарирана глава на алигатор, метал-детектори, воени шлемови и кубури


Опрема за пронаоѓање злато и други метали, но и војнички шлемови и стари револвери кубури – антиквитети, се запленети на влез на граничниот премин „Табановце“ од страна на царински службеници при спроведена детална контрола на возило со украински регистарски таблички, управувано од украински државјанин. Во возилото во неколку торби и една кутија биле пронајдени три […]

Истрага на „Њујорк тајмс“: Заталкан украински проектил е одговорен за масакрот на 15 цивили на пазарот


  Ракетниот напад врз Костјантиновка во источна Украина беше еден од најсмртоносните во последните месеци. Најмалку 15 цивили загинаа, а повеќе од 30 се ранети. Ракетата го погодила пазарот, а парчињата метал со кои била наполнета боевата глава ги пробиле прозорците и ѕидовите. Некои жртви беа ранети до непрепознатливост. Помалку од два часа подоцна, украинскиот […]

Изгоре познатиот клуб „Минт“ во Загреб


Ноќеска, изгоре ноќниот клуб „Минт“ во Загреб, потврдија пожарникарите. Клубот се наоѓа на улицата „Флоријан Андрашец“. Клубот сѐ уште не почнал со работа по летната пауза, а на нивната веб-страница пишува дека повторно ќе почнат со работа во септември. Клубот е отворен во декември 2019 година, а сопственик е Кристијан Бабиќ.Тоа е еден од најголемите […]

ОН ја потврдија својата посветеност на глобалните развојни цели до 2030 година


На самитот во Њујорк, 193 земји членки на ОН усвоија декларација со која ја потврдуваат нивната посветеност на целите за одржлив развој. Декларацијата вклучува обврска за финансирање на земјите во развој и јасна поддршка за пакет стимулации за реализација на целите од најмалку 500 милијарди долари годишно. Седумнаесетте цели за одржлив развој, поставени во 2015 […]

Трамп нема да учествува ниту на втората дебата на Републиканците


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп планира да одржи говор во Детроит на 27 септември пред членови на синдикатите, што значи дека ќе ја прескокне и втората претседателска дебата на Републиканците. Ова го соопшти еден од соработниците на Трамп и додаде дека ќе се обрати пред синдикално организираните работници во автомобилската индустрија. Се очекува говорот, во […]

Ќе ја преземе ли Сириза „човекот од Мајами“?


  Стефанос Каселакис, 35-годишен бизнисмен, најновиот актер во трката за раководство на главната грчка опозициска левичарска партија Сириза, победи во првиот круг од внатрешните избори во неделата, добивајќи 45 отсто од гласовите. Клучниот втор круг треба да се одржи следната недела во услови на навидум „идеолошка војна“ во партијата, која се очекува да ескалира. Масовното […]

Премиера на „88 Димензии“ во Филхармонија – Концерт на пијанистите Мустафаоглу и Шехтман


На 20 септември 2023 година започнува одбележувањето на 30 години од германско -македонските дипломатски односи, по кој повод, пијанистите Арда Мустафаоглу и Леви Шехтман, премиерно во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје, ќе го претстават проектот насловен “88 Dimensions“. На концертот ќе се презентираат современите музички трендови, при што ќе се изведуваат класични музички […]

Почнува Лигата на шампионите, Манчестер сити прв фаворит за трофејот


Милано – Со натпреварите од групите Е, Ф, Г и Х вечер ќе стартува фудбалската Лига на шампиони. Актуелниот европски првак, Манчестер сити е главен фаворит за освојување на трофејот и оваа сезона, а за негови најсериозни ривали за највисок пласман се сметаат Реал Мадрид и Баерн Минхен.   Од 18:45 часот вечер играат: Милан – […]

Што Владимир Путин и Ким Џонг-ун сакаат еден од друг


Американскиот политички магазин „Форин полиси“ ја следеше посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Русија и неговата средба со претседателот Владимир Путин, минатата среда, во воената база Восточни, на нивната прва средба од 2019 година. Списанието објави дека Северна Кореја бара руска помош во нејзините напори за модернизација на својата војска, која вклучува набавка […]

19 септември во историјата – На Хрушчов му забранија да го посети Дизниленд


  Во еден од понадреалните моменти во историјата на Студената војна, советскиот лидер Никита Хрушчов експлодира од гнев кога дозна дека не може да го посети Дизниленд. Инцидентот ја одбележа кулминацијата на денот на Хрушчов во Лос Анџелес, оној кој беше обележан и со несериозност и со напнатост. Хрушчов пристигна во САД на 15 септември […]

Владата ќе носи одлука за поевтинување на над 50 прехранбени производи


Владата денеска на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени […]

Почна Генералното собрание на ОН, денеска ќе се обратат Зеленски и Бајден


Њујорк – Повеќе од 140 светски лидери пристигнаа во Њујорк на годишното собрание на Обединетите нации, каде ќе разговараат за инвазијата на Русија на Украина, глобалната криза на трошоците за живот, влошената климатска вонредна состојба и нарушувањето на новите технологии како што е вештачката интелигенција. На меѓународно ниво има несогласувања не само околу тоа што е […]

Дел од Општина Карпош без вода


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат улиците „Осло“, „Будимпештанска“, „Душко Бојковски“, „Бањалучка“, „Љубица Ѓоргиева“, „Урош Џудовиќ“ и „Женевска“ во  Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на затварачи од ф125мм и од 100мм на ул. „Осло“ бр.15а. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со […]

ММФ и Светска банка годишниот состанок ќе го одржат во Мароко


Вашингтон – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка одлучија да го одржат својот годишен состанок во октомври во Мароко, и покрај фактот што земјата неодамна беше тешко погодена од разорен земјотрес.   Одлуката синоќа ја донесоа високи функционери на двете меѓународни институции, откако мароканските власти извршија притисок врз форумот што ќе се одржи во […]

Дел од општините Сопиште и Бутел без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел и Сопиште, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 9:00 до 12:00 часот без електична енергија ќе бидат корисниците од улицата 4, Соње Коштан, село Горно Соње во Општина Сопиште. Во периодот од 9:00 до 11:00 часот […]

Експерти во ЕП ќе разговараат за дезинформациите на Балканот и за контрамерките


Брисел – Ширењето дезинформации на Балканот и контрамерките ќе бидат тема на разговор меѓу експерти, што ќе се одржи денеска во Европскиот парламент во Брисел, јави БТА. Учесниците ќе разговараат за патот на средствата за рекламирање од меѓународни компании до медиумите што шират дезинформации и тврдења за поддршка на руските интереси и против ЕУ. Ќе се […]

Поранешен НФЛ играч исчезна откако неговата мајка е пронајдена мртва


Њујорк – Американската полиција распиша потерница по поранешниот НФЛ играч Серџио Браун (35), откако изминатиот викенд беше пронајдено безживотното тело на неговата мајка во близина на поток во предградие на Чикаго. Мартл Браун (73) беше пронајдена мртва во саботата попладне во близина на својот дом во Мејвуд, откако роднините пријавиле во полицијата дека не можат […]

Турската федерација ги демантира медиумите: Не му е врачен отказ на Кунц


Истанбул – Селекторот на турската фудбалска репрезентација, германскиот стратег Штефан Кунц, не добил отказ, објави вечерва Фудбалската федерација на Турција (ТФФ), демантирајќи ги медиумските написи. Турската новинска агенција „Демирорен“ (ДХА), објави во неделата дека ТФФ одлучил да ја раскине соработката со Кунц, откако Германецот ги критикувашe своите играчи по поразот во пријателскиот натпревар со Јапонија. […]