ММФ и Светска банка годишниот состанок ќе го одржат во Мароко


Вашингтон – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка одлучија да го одржат својот годишен состанок во октомври во Мароко, и покрај фактот што земјата неодамна беше тешко погодена од разорен земјотрес.  

Одлуката синоќа ја донесоа високи функционери на двете меѓународни институции, откако мароканските власти извршија притисок врз форумот што ќе се одржи во Маракеш, како што првично беше планирано.

Градот се наоѓа на само 72 километри од епицентарот на земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер, во кој на 8 септември загинаа повеќе од 2.900 луѓе.