Во Демир Капија се инвестира за подобра инфраструктура


Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој во континуитет, секоја година финансиски поддржува над 100 проекти за развој на планските региони, на општините и на селата. – Пример е овој проект за реконструкција на улицата „Партизанска“ во Демир Капија. Министерството за локална самоуправа го финансира проектот со 10.7 милиони денари, а и општината […]

Реконструирани сите занимални го градинката „13 Ноември“


Сите осум занимални во градинката „13 Ноември“ објект Парк, добија комплетно нови детски шкафчиња, масички, столчиња и друг детски мебел, нови играчки и едукативен дидактички материјал за сите дечиња кои ја посетуваат градинката. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски при денешната посета истакна дека континуираното вложување во предучилишните установи го подобрува квалитетот на воспитно образовниот […]

Трговската размена со Полска е исклучително ниска, во 2027-ма се очекува раст на извозот до 150 милиони долари


Исклучително ниска е трговската размена на земјава со Полска. Засега извезуваме многу мала палета производи, но, со јакнење на соработката, до 2027 година се очекува пласманот да достигне 150 милиони долари, велат од Стопанската комора. Двете земји немаат отворени политички прашања, ниту меѓу нив постои каков било конфликт. Како што изјави извршниот директор на Комората, […]

За денар и пол поевтинуваат нафтените деривати


Од полноќ поевтинуваат за денар ипол Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со тоа, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 89 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 91 денар за литар, додека цената на дизелот ќе биде 85,5 денари за литар.   Екстра лесното […]

Осудени лица се пожалиле дека затворски полицајци ги уценуваат, извршен вонреден надзор


Управата за извршување на санкции на минатата недела изврши вонреден наздор во КПД „Идризово“ со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени. Во врска со наводите на Јанко Јаневски кој отслужува 9 годишна затворска казна , дека имал уцени и закани по […]

Поради чести одрони се препорачува многу внимателно возење по патиштата во Дебарско


Обилните врнежи од дожд, кои продолжуваат и во текот на денов, на патните правци, во поширокиот дебарски регион, предизвикаа чести одрони, каде сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење. -Поради обилните дождови на патните правци под наша надлежност има чести одрони од камен и земја, по што е познат нашиот регион. Поради тоа […]

Норвешка ќе донира 70 воени возила за Армијата


 Над 70 воени возила како донација, најави денеска норвешкиот министер за одбрана, Бјорн Арилд Грам, на заедничката прес-конференција во Скопје со министерката за одбрана, Славјанка Петровска. На прес-конференцијата тој говореше за досегашната соработка во сферата на одбрана меѓу двете земји, но и за она што може понатаму да се стори. Истакна дека Северна Македонија и […]

Украински дрон ја уништи командата на руски воздухопловен полк кај Курск


  Како резултат на украински напад со дрон на аеродромот Халино кај Курск, Русија, на 24 септември, повеќе офицери на 14. гардиски борбен авијациски полк именуван по Жданов беа убиени и повредени, изјавија од Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина. Според него, дронот експлодирал откако бил неутрализиран со електронска средства и слетал […]

Петровска: Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се произнесат како што се чувствуваат


Тие имаат апсолутно право да се произнесат онака како што се чувствуваат односно да се произнесат како Македонци. Правото на самоопределување на секој еден граѓанин, без разлика каде и на која територија се наоѓа, е една од темелните европски вредности, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска прашана за коментар во врска со бугарски притисоци кон […]

(Видео) Ковачевски во посета на фирмата „Алма М“


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и в.д. директорот на Државен пазарен инспекторат, Горан Трајковски ја посетија компанијата Алма М, во Визбегово.

Стопанската комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен


Стопанска комора очекува Законот за солидарен данок да биде повлечен. Нејзините правни тимови велат дека ова законско решение „лебди во воздух“ по неколку основи, пред се, зашто е ретроактивно, непринципиелно и зашто не ја исполнува целта за која е наменето.  -Би било несоодветно министерот да каже дека немаме право да го оспориме Законот на Уставен […]

Стефанос Каселакис: „Странецот“ кој преку ноќ го разниша политичкиот систем во Грција


  Аналитичарите и политичките партии во Грција сè уште се обидуваат да разберат како 35-годишен жител и бизнисмен на САД, претходно непознат во земјата, успеа да го освои лидерството на главната опозициска партија Сириза во, како што се опишува, феномен на „метаполитика“. Стефанос Каселакис е роден во Грција, но мигрирал во САД на 14-годишна возраст […]

Граѓаните да не се откажуваат од барањата за нови зелени површини во средината во која што живеат


 Министерството за екологија обезбедува средства и ги промовира политиките за повеќе зелени површини во секоја општина во државата и го охрабрувам секој граѓанин да не се откажува од барањата и потребите за нови зелени површини во средината во која што живее, порача министерката за животна средина и просоторно планирање, одговарајќи на новинарскопрашање околу поставување на […]

Пешев: Маркетите немаа доволно време да се „престројат“, затворањето треба да биде крајната мерка


Мерката е престрога, драконска, непотребна, предизвикува штети и тоа треба да биде последното нешто кон кое ќе прибегнат институциите. Многу беше кратко времето за кое маркетите можеа да се „престројат“ во однос на намалувањето на цените, особено зашто се работи за околу 1 200 артикли, изјави денеска извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев, коментирајќи […]

Во среда почнува фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“


Под мотото „Ослободи ја својата фантазија“ од 27 до 30 септември ќе се одржи второто издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“. – Минатата година за прв пат се соочивме со овој адреналински предизвик кој за нашата институција значи запишување на мапата на светот на професионални фестивали на детски претстави и на „Игор […]

Најлоша состојка во храната која додава килограми: Посебно е опасна за жените 50+


Ако не сте сигурни зошто се дебелеете, ова е текст за вас! За прв пат во науката се појави сомнеж дека мокрачна киселина, односно нејзиното покачено ниво во организмот, може да биде причина за дебелината, која како епидемија се шири во светот. Д-р Дејвид Перлмутер укажува дека ова ниво кај жените се зголемило за дури […]

Шукова: Наскоро ќе има закон за декaрбонизација


Намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид, декарбонизацијата ќе биде регулирано со закон, а стопанството е подготвено да го спроведува, ова го спомена министерката за екологија Каја Шукова на конференција на тема: „Одржливи енергетски вештини во градежништвото” – SEEtheSkills проект, која ја органзира Стопаната комора. Министерката Шукова, оцени дека зелената агенда за Западен Балкан, е сериозна […]

Софија Лорен на итна операција, по повеќе скршеници


Софија Лорен вчера била примена на итна операција, по претрпени неколку скршеници, откако паднала во нејзиниот дом во Швајцарија. Според извор близок до глумицата, постои „внимателен оптимизам“ за исходот од операцијата и закрепнувањето потоа. Италијанската филмска икона која на 20 септември наполни 89 години, паднала во бањата и се здобила со повеќе скршеници кај колкот […]

Утрово, ново убиство: Со 40 убоди усмртил жена во Кочани


Рано утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, средовечен маж физички нападнал 46-годишна жена, при што ѝ нанел смртни убоди од кои таа починала. Убиството се случило пред куќата во која живеела жената, во моментот додека се подготвувала да оди на работа, а настанот го потврдија од СВР – Штип и од Општата болница во […]

Бесплатна школа за уметничка фотографија во Куманово


Фото клуб Куманово организира бесплатна школа за уметничка фотографија, соопштија денеска од клубот и ги повикаа заинтересираните да се пријават. Школата ќе се реализира во периодот октомври 2023 – јуни 2024 година и тематски ќе биде поделена на два дела. Учесниците во првиот дел ќе слушаат предавања од историјата и филозофијата на фотографијата како и […]