Најлоша состојка во храната која додава килограми: Посебно е опасна за жените 50+


Ако не сте сигурни зошто се дебелеете, ова е текст за вас!

За прв пат во науката се појави сомнеж дека мокрачна киселина, односно нејзиното покачено ниво во организмот, може да биде причина за дебелината, која како епидемија се шири во светот.

Д-р Дејвид Перлмутер укажува дека ова ниво кај жените се зголемило за дури 71 отсто во изминатите сто години и тврди дека е поврзано со многу здравствени проблеми.

„Колку е повисоко нивото на мокрачната киселина, толку е подебел струкот и повисок индекс на телесна тежина кај човекот“, тврди овој доктор. Тој нагласува дека жените во менопауза се под многу поголем ризик, бидејќи естрогенот претходно ги штити.

Главната причина за ова масовно зголемување е, според наодите на д-р Перлмутер, употребата на рафинирана фруктоза во исхраната. „Не се работи за природна фруктоза што се наоѓа во овошјето“, вели тој, „туку за фруктозен сируп што се добива од пченка и денес масовно се користи во производството на сокови и друга храна.

Знаевме дека рафинираната фруктоза е закана за нашето метаболичко здравје, но не знаевме зошто – до сега.“ Докторот тврди дека лесно може да се утврди дали зголемувањето на мокрачната киселина е одговорно за дебелината на една личност.

Метаболичките проблеми, според неговите наоди, започнуваат кога нивото на мокрачната киселина ќе се зголеми на 5,5 mg/dl. Доколку се промени исхраната и се отстрани рафинираната фруктоза од менито, ова ниво може да се намали за 10 проценти за само три недели. Неговите пациенти во истиот период успеале да ослабат и до седум килограми.