„Мои работнички права“, нова дигитална алатка на ССМ


Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ја организира завршната конференција за користење на новите дигитални алатки на Синдикатот преку процесот на дигитализација на синдикализмот во насока на тоа да се спречи кршењето на работничките и социјалните права на работниците преку новата дигитална алатка „ССМ – мои работнички права“ и нејзината надградба со нови можности на […]

Предлог одлуката за прераспределба на Буџетот пред Комисијата за финансирање и буџет


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да расправа за Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Комисијата за финансирање на одделна седница ќе дебатира и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, […]

Мексико: Убиен новинар откако се нашол во вкрстен оган при напад на полиција


Мексиканскиот новинар Хесус Гиутиерез, кој раководел со локалната страница за вести Нотифајс (Notifice) на Фејсбук, е убиен вчера во северниот мексикански град Сан Луис Рио Колорадо, откако бил фатен во вкрстен оган за време на напад врз полицијата. Нотифајс ја потврди неговата смрт, пишувајќи: „Мислиме дека го убија најдобриот новинар“. Обвинителите во северната погранична држава […]

Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет во високото образование


 Министерството за образование и наука и Секретаријатот на иницијативата за образовни реформи во Југоисточна Европа ERI SEE денеска и утре во Скопје ќе организираат Министерска конференција на Западен Балкан за квалитет и обезбедување квалитет во високото образование. Како што соопшти МОН, на конференцијата со над 80 учесници, ќе се обратат министерот Јетон Шаќири и министрите […]

Дебата на ЗНМ „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на медиумските работници“


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска организира дебата на тема „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на медиумските работници“. Како што информираат од ЗНМ, на дебатата новинари и претставници од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство ќе имаат можност да разменат видувања и практични искуства […]

Сончево со мала облачност, температурата до 30 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура во интервал од 9 до 18, а максималната од 25 до 30 степени. Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура […]

Комисиска расправа за Извештајот на ЈО за посебните истражни мерки во 2022 година


Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите денеска треба да расправа за  Извештајот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија за примена на посебни истражни мерки во 2022 година. -Од примената на посебните истражни мерки во 2022 година, забележително е дека има минимално намалување на бројот на случаи во кои […]

Владата ќе одлучува за поевтинување на пијалаците


 Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците. До крај на неделава се очекува да биде завршена  анализата со владините мерки да бидат опфатени и хигиенските производи. За непочитување на гарантираните цени на прехранбените производи, што е во сила од минатата недела, веќе се затворени маркети.  Како што најави министерот за […]

Во МНТ комеморација за актерот Владимир Ендровски


 Во Македонски народен театар денеска од 11 часот ќе се одржи комеморација за актерот Владимир Ендровски кој почина неодамна на 60-годишна возраст. – На големата сцена ве покануваме да му одадеме почит на актерот Владимир Ендровски, кој со својот карактеристичен излив на емоции, маестрално подготвени улоги, умешноста и со огромна експлозија на енергија ја пренесуваше […]

Форум за граѓанско општество на Берлинскиот процес за Клима и Зелена агенда


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), заедно со Институтот за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени – Скопје (IPECC) денеска го организираат јавниот настан на Форумот за граѓанско општество на Берлинскиот Процес за Клима и Зелена агенда. Како што информираат од МЖСПП, настанот ќе го отвори министерката за животна […]

Бектеши во Тирана на Форум на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес


Министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува и ќе се обрати на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ во рамки на Берлинскиот процес што денеска се одржува во Тирана, Република Албанија. На форумот со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот […]

Предлог законот за амнестија повторно пред Владата


Предлог законот за амнестија, според најавата од премиерот Димитар Ковачевски, ќе биде на расправа пред Владата и испратен до Собранието со потребните усогласувања. До денеска треба да се изврши усогласување со секторот за законодавство, откако пред една недела на седница на Владата беше констатирано дека постои потреба од негово дополнително усогласување со надлежните институции. Според […]

ЕК усвои мерки за ограничување на употребата на микропластиката


Европската комисија усвои нови правила за ограничување на намерното додавање на микропластика во производите што се продаваат во ЕУ, како уште еден чекор кон заштита на животната средина во Унијата. Како што соопшти ЕК, новите правила треба да спречат исфрлање како отпад на околу половина милион тони материјали и препарати со микропластика и со нив […]

Постигнат договор за таксите на Европската агенција за лекови


Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за Регулативата за модернизација и поедноставување на структурата на надоместоците што и се плаќаат на Европската агенција за лекови (ЕМА), соопшти шпанскиот министер за здравство Хозе Мануел Мињонес Конде.  – Договорот ќе овозможи транзиција кон одржлив, поедноставен и пофлексибилен систем на такси за Европската агенција за лекови. […]

ЕУ ќе инвестира 90 милиони евра во проекти за заштита на почвата


Европската комисија донесе одлука за инвестирање на 90 милиони евра во спроведување на 17 нови истражувачки проекти, како дел од Договорот за почвата во Европа, насочени кон обнова и заштита на почвата за овозможување на одржливо производство на здрава храна, заштита на биолошката разновидност, градење отпорност кон климатските промени и за реализација на целите утврдени […]

Лукашенко ги забрани дроновите во Белорусија


  Белорускиот претседател Александар Лукашенко им забрани на граѓаните на Белорусија да увезуваат, складираат, продаваат, произведуваат и користат дронови. Тоа беше објавено на веб-страницата на шефот на државата. Од моментот на уредбата, организациите и правните лица можат да користат граѓански беспилотни летала, односно за „деловна и професионална дејност“. За да го направат ова, тие мора […]

Мавтањето на Николоски со усб е смешен театар, вели Маричиќ


  Според вицепремиерот за европски прашања, моментот во кој ВМРО-ДПМНЕ ги вади материјалите од усб за наводен договор помеѓу СДСМ-ДУИ и експремиерот  Никола Груевски, обидувајќи се да направи театар со ексклузивни информации, е смешен бидејќи опозициската партија уште во 2019 и 2020 година презентирала слични материјали. „Театарот што го прави ВМРО-ДПМНЕ околу овој случај не […]

Данокот на солидарност од 90 милиони се „стопи“ на 50 милиони евра


  Законот за данок на солидарност денеска беше објавен во „Службен весник“, а поради сите оддолжувања кои го следеа неговото донесување во Собранието, компаниите наместо до денес, ќе мора да се „отчетаат“ пред Управата за јавни приходи до 10 октомври со цел да се утврди нивната даночна обврска. Се стопија и очекуваните приходи во Буџетот […]

Средствата  од Законот за данок на солидарност ќе се трошат само за антикризни мерки


Средствата  од Законот за данок на солидарност ќе одат само за програма П1 во Буџетот за антикризни мерки, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими.  Законот за данок на солидарност, како што рече вечерва во гостување на ТВ 24, е објавен во Службен весник заедно со Правилникот, а од УЈП има известување на нивната веб страница. […]

Маричиќ: Со неизгласувањето на уставните измени ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира целиот регион


ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира целиот регион со оваа одлука, мислам дека политичката игра ја засенува содржината на уставните измени. Ние имаме неспорни уставни измени кои што беа издискутирани многу пати, напишани од експертска група. Никој не кажа, па дури ни ВМРО-ДПМНЕ, што е спорно во содржината на уставните измени, рече вечерва вицепремиерот за европски прашања […]