„Волстрит џурнал“: Шолц ја блокира испораката на ракети Таурус во Украина поради страв од Русија


Германскиот канцелар Олаф Шолц ја блокираше испораката на ракетите со долг дострел Таурус за Украина, бидејќи стравува дека тоа ќе доведе до конфликт со Русија, објави „Волстрит Џурнал“ (Wall Street Journal), повикувајќи се на свои извори. Другите членови на германската владејачка коалиција одобрија испраќање ракети Таурус во Украина. Германската пратеничка Мари-Агнес Штрак-Цимерман на 4 септември […]

Над 40 отсто од Аргентинците живеат под прагот на сиромаштија


Делот на луѓето кои живеат под прагот на сиромаштија во Аргентина се зголеми на 40,1 отсто, покажуваат најновите статистички податоци во земјата, цитирани од ДПА. Според податоците објавени од националниот Институт за статистика – Индекс, во првата половина на 2023 година дошло до зголемување на процентот на луѓе кои живеат во сиромаштија за 0,9 отсто […]

Кинески хакери украле 60 илјади мејлови од американскиот Стејт департмент


Еден од претставниците на американскиот Сенат изјави за британски медиуми дека кинеските хакери успеале да украдат околу 60 илјади мејлови од американскиот Стејт департмент. На почетокот на оваа година, кинески хакери веќе извршија слични напади и ја урнаа платформата за е-пошта на Мајкрософт. Овој пат, хакерите стигнаа до околу 60 илјади електронски пораки и тие […]

Маричиќ: Спомен собата на претседателот Глигоров претставува значајно политичко наследство


Реализацијата на кампањата „Ние сме Европа“ за промоција на европските вредности и придобивки од приклучувањето кон Европската Унија се реализира во повеќе градови низ државата. Почнувајќи со Скопје, Битола, Струмица, Прилеп и Штип, Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ  последно го посети Штип, односно спомен собата на Киро Глигоров во мултимедијалниот центар во градот. …„Спомен собата […]

Американскиот Конгрес има четири дена да го одобри владиното финансирање


Претседателот на Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, го отфрли нацрт-законот за привремено финансирање на Владата кој е во постапка во Сенатот, со што Вашингтон е чекор поблиску до четвртата делумна блокада на владата во една деценија, до што остануваат само четири дена. Тоа би довело до суспензија на стотици илјади вработени во владините агенции […]

Министерот за правда ќе ги образложи деталите за Законот за амнестија на брифинг со медиуми


Министерот за правда, Кренар Лога, денеска ќе одржи брифинг со медиуми за сите актуелни теми, а потоа ќе даде и изјава за Предлог законот за амнестија со кој се предвидува растеретување на затворскиот систем. Владата неодамна даде зелено светло за ова законско решение, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави блокада. Најавената амнестија ја разбранува јавноста со тоа […]

Џафери во Даблин на Европската конференција на претседатели на парламенти на Советот на Европа


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска и утре ќе учествува на Европската конференција на претседатели на парламенти на Советот на Европа, која што ќе се одржи во Даблин, Република Ирска. Во состав на делегацијата се и пратеникот Никола Мицевски и генералната секретарка на Собранието, Цветанка Иванова. Фокусот на Конференцијата, како што информираа од собраниската прес-служба, […]

„Отпорни конструкции“: Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија


Во Скопје денеска ќе се одржи 20. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ). Темата е „Отпорни конструкции”, а во фокусот ќе бидат стекнатото знаење изминатите шест децении, по скопскиот земјотрес, во областа на асеизмичкото проектирање, како и претстојните предизвици поврзани, пред се, со климатските промени. На овој, како што е најавен, […]

Во Чифте амам омаж посветен на Миле Корубин


Во објектот Чифте амам во Старата скопска чаршија вечер ќе биде отворена ретроспективно-јубилејната изложба на Миле Корубин (1922-2000). Како што најавува Националната галерија, се работи за грандиозен проект, омаж посветен на Корубин во рамките на програмата за одбележување на јубилејот – 75 години постоење. На отворањето на изложбата ќе се обратат директорката на Националната галерија, […]

Доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2023


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје, вечерва од 19 часот во „Europe House“ ќе ја доделат наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2023 за најдобра истражувачка сторија во Македонија. Како што информираат од ССНМ, на церемонијата ќе се обратат амбасадорот на Европската Унија во Скопје, […]

Во Музејот на град Скопје се отвора изложбата „ЗАГРЕБ“ на фотографот Лука Мједа


 Во Музејот на град Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „ЗАГРЕБ“ на фотографот Лука Мједа од Загреб, Хрватска. Авторот ќе се престави со 50 црно бели фотографии во дигитален печат создадени изминативе триесетина години. Според Музејот, фотографиите како ликовни дела се посветени и се сведоштво за минатото и сегашноста со оставина за иднината. -Мједа, наизглед […]

Интерактивен настан со граѓани по повод Меѓународниот ден за пристап до информации од јавен карактер


– Интерактивен настан со поширока група граѓани во најголемите трговски центри во Скопје (Ист Гејт и Сити Мол) организира денеска Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер по повод Меѓународниот ден за универзален пристап до информации од јавен карактер. Преку настанот, наведува Агенцијата, би се промовирало правото за слободен […]

Собраниска седница посветена на пратенички прашања


Собранието денеска треба да ја одржи 128-та седница, на која ќе се поставуваат пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот. Согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата.

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Во централното градско подрачје во Скопје денеска од 9:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим поради одржување синдикален протест. -Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул.„Мирче Ацев“–ССМ, ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул.„ВМРО“ и лево по бул.„Илинден“ пред Влада на Република Северна Македонија, […]

Вучиќ негира учество на Србија во оружената пресметка


Српскиот претседател гостувајќи синоќа на РТС го негираше учеството на државата Србија во вооружената пресметка во Бањска, додавајќи дека вооружената група Срби, за него, никогаш нема да бидат терористи, јави дописникот на МИА од Белград. Вучиќ кажа дека „не знае што таа група сакала“, но и дека „веќе година дена има информации дека луѓето на […]

Вучиќ: Избори може да се одржат на 17 декември


Српскиот претседател Александар Вучиќ гостувајќи синоќа на РТС изјави дека заедно ќе се одржат парламентарните, покраинските, белградските и другите општински избори, додавајќи дека се подготвени за нив на 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград. -Го добив писмото (од опозицијата) и еве да им дадам официјален одговор. Зборував со неколку луѓе, некои се за, […]

Индонезија го забрани купувањето преку ТикТок и Фејсбук


  Министерството за трговија на Индонезија во вторникот соопшти дека работи на дополнително регулирање на е-трговијата, додавајќи дека земјата не дозволува трансакции на платформите на социјалните медиуми. „Една од работите што е регулирана е дека владата дозволува социјалните медиуми да се користат само за олеснување на промоции, а не за трансакции“, се вели во официјалното […]

Борците на „Вагнер“ се вратија на фронтот во Украина


  Платениците од руската група „Вагнер“ се враќаат на линијата на фронтот во Украина, изјави висок украински воен функционер за „Политико“ во средата. Претходно тоа го објави и Си-Ен-Ен. Неколку стотици борци од групата со која некогаш управуваше сега веќе починатиот воен лидер Евгениј Пригожин беа забележани како се борат во редовите на различни руски […]

Јанковиќ: Трагичниот инцидент во Бањска има „очајни“ последици за Србија


Српскиот пратеник  Владета Јанковиќ изјави дека, од надворешнополитички аспект, последиците од трагичниот инцидент во Бањска се „очајни“, бидејќи претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја уништи секоја предност што ја имаше пред меѓународните посредници, благодарение на инаетот на Албин Курти. „Последниве месеци Вучиќ имаше поповолна позиција во споредба со Курти , но сега улогите целосно се […]

Се продава првиот автомобил на Лука Дончиќ


На социјалните мрежи се појави оглас за продажба на првиот автомобил на Лука Дончиќ, а цената е многу прифатлива. Станува збор за Porsche Panamera 4 од 2017 година која досега има поминато 97.000 километри, а во огласот стои дека засега е во добра механичка и естетска состојба. Автомобилот има V6 мотор од 3 литри и […]