Собраниска седница посветена на пратенички прашања


Фото: Б. Грданоски

Собранието денеска треба да ја одржи 128-та седница, на која ќе се поставуваат пратенички прашања.

Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот. Согласно практиката, први прашања на премиерот и министрите им поставуваат пратеници од опозицијата.