Министерот за правда ќе ги образложи деталите за Законот за амнестија на брифинг со медиуми
Министерот за правда, Кренар Лога, денеска ќе одржи брифинг со медиуми за сите актуелни теми, а потоа ќе даде и изјава за Предлог законот за амнестија со кој се предвидува растеретување на затворскиот систем. Владата неодамна даде зелено светло за ова законско решение, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави блокада.
Најавената амнестија ја разбранува јавноста со тоа кој сѐ би можел да биде опфатен со неа. Според лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, намерата на власта со овој закон е да се ослободат криминалци кои служат затворски казни. За премиерот Димитар Ковачевски, блокадата е стратегија на опозицијата која постојано ја применува.
Откако Предлог законот за амнестија помина на Владина седница, Министерството за правда најави дека ќе го достави до Собранието и посочи дека очекува поддршка од сите пратеници за законското решение, чија цел, според нив, е да се овозможи ресоцијализација на сторителите на кривични дела и рестеретување во казнено-поправните установи со оглед на фактот што состојбата таму во изминатиот период е алармантна, а тоа беше потенцирано во бројни меѓународни извештаи како и од Комитетот против тортура во рамките на Советот на Европа.
Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој најави блокада на законското решение, намерата на власта со овој закон е да се ослободат криминалци кои служат затворски казни.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од тетовскиот регион истакна нови, како што тврди, проблематични делови од државниот договор со компанијата „Бехтел и Енка“ за градење д
– Да, ние ќе го блокираме, тука не треба да има никаква дилема, ова не е закон со европско знаменце како што беа измените во Кривичниот законик и ние ќе го блокираме во рамките на собраниската процедура, зошто овој закон има двојна намена. Првата е да ослободат криминалци кои одлежуваат затворска казна, бидејќи така им ветиле, тука не мислам само на СДСМ и ДУИ, туку и на помалиот коалициски партнер Алијансата за Албанците, ако воопшто постои, ако не е претопена во ДУИ, или барем оној дел кој што се идентификува како Алијанса за Албанците. Значи тоа се преземени обврски кон криминалците кои што се на отслужување на затворска казна, дел од нив да добијат намалување, делумна амнестија, дел целосна амнестија и потоа тие исти криминалци да се најдат на улиците и да прават проблеми на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека на тој начин ќе добијат, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при вчерашната посета на Општина Илинден.
Премиерот Димитар Ковачевски, коментирајќи ја најавата за блокада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека блокадата е стратегија на опозицијата, која постојано ја применува.
ППремиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.
– Нема решение во Парламентот, кое што опозицијата не го блокирала. Јас откако сум дел од Владата и дел од парламентарната дебата, било како заменик-министер за финансии, било како премиер, стратегијата на опозицијата е блокада, тоа им стана како спиритус мовенс на нивното работење, стануваат сабајле и вика јас сега ќе блокирам. Тоа е веројатно нешто што во 11 години години владеење го научиле, кое го имаа во државата. Тогаш имавме блокирани евроинтеграции, имавме блокирани НАТО интеграции, имавме блокирани односи со соседите, имавме блокиран економски развој, истакна Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Горска“ Дооел.
Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до шест месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.
Амнестијата не се однесува на лицата кои се осудени на доживотен затвор, за кривично дело убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и половиот морал, против државата, против човечноста и меѓународното право, за кривичните дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 , „Несовесно работење во службата“ од член 353-в, сите од Кривичниот закон, за кривични дела против јавниот ред од членовите 394 до 394-г од Кривичниот законик, како и за кривични дела сторени при вршење на семејно насилство и родово-базирано насилство.
Амнестијата, како што укажува ресорното Министерство, не се однесува за кривични дела „Разбојништво” од член 237 став 5 и „Разбојничка кражба” од член 238 став 5 од Кривичниот законик, за кривичните дела „Измама на штета на средства на Европската Унија” од член 249-а, „Перење пари и други приноси од казниво дело” од член 273, „Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353, „Несовесно работење во службата” од член 353-в, „Примање поткуп” од член 357, „Давање поткуп” од член 358, „Давање награда за противзаконито влијание” од член 358-а и за „Примање награда за противзаконито влијание” од член 359, сите од Кривичен законик.
Исто така, амнестијата не се однесува на лицата кои делата кои се предмет на амнестија ги сториле по 1 септември 2023 година, и не се однесува на лицата кои во време на сторување на делата биле избрани и именувани лица во државава, како и на правосилно осудени лица за кои до денот на влегувањето во сила на овој закон е наредено издавање на потерница поради недостапност на органите за кривичен прогон.
Изјавата на министерот Лога е закажана за во 12 часот во просториите на Министерството за правда.