Скопскиот фестивал продолжува со поетско читање


 Во рамки на третото издание на Скопскиот поетски фестивал вечер ќе биде одржано интернационалното поетско читање. Ќе настапат Марам ал-Масри од Франција, Имануел Мифсуд од Малта, Лана Деркач од Хрватска, Мартин Глаз Серуп од Данска, Драгослав Дедовиќ од Србија, Ален Брлек од Хрватска и Николина Андова Шопова. Читањето ќе биде придружено со соло концерт на […]

Северна Кореја го смени Уставот за да ѝ отвори пат на нуклеарната програма


 Северна Кореја со уставни амандмани ја зајакна својата политика за развој на нуклеарно оружје, а врховниот лидер Ким Џонг-ун вети дека ќе го забрза производството на нуклеарно оружје за да ги спречи, како што ги нарече, американските провокации, објавија денеска државните медиуми. Врховното народно собрание едногласно ги усвои уставните амандмани во кои се наведува дека […]

(Видео) Бран брутални грабежи во САД, „Таргет“ затвора продавници. „Ова е без преседан“


Поради бранот насилни грабежи, големите американски трговци на мало предупредија дека „невидените“ нивоа на криминал доведоа до загуби од 112 милијарди долари минатата година. Во масовните насилни кражби, работниците во продавниците беа претепани, а некои беа убиени, поради што многу продавници ангажираа дополнителни чувари за да го заштитат нивниот персонал. Организираните банди постојано биле фаќани […]

Вучиќ со фотографии од погребот на терористите во Диво Насеље ги обвини Тирана и Приштина за лицемерие


Сакајќи да го претстави, како што кажа, лицемерието на Приштина и на Тирана околу осудата за прогласениот ден на жалост за сите загинати во Бањска, претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа на РТС покажа фотографии од погребите на албанските терористи кои во 2015 година убија македонски полицајци во Диво Насеље. Тој потсети дека во 2015 […]

Денови на македонскиот мед на улица „Македонија“


На улица „Македонија“ во Скопје денеска ќе бидат отворени 19-те „Денови на македонскиот мед 2023“. Манифестацијата ќе ја отворат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Жерар Депардје на аукција продаде дел од личната уметничка колекција


  Аукцијата со дел од уметничката колекција на францускиот глумец Жерар Депардје во Париз заврши вчеравечер, достигнувајќи цена од 1,3 милиони евра „во соба преполна колекционери и љубопитни гледачи“, како што соопшти аукциската куќа „Адер”. Депардје (74), одлучи да се прости со над 250 дела на мајстори од 20 век, како што е вајарот Огист […]

Анкета: Шест од десет Грци сметаат дека земјата оди во погрешна насока


Над шест од десет Грци, односно 61,9 отсто сметаат дека земјата оди во погрешна насока, 47,2 проценти се задоволни од изборот на Стефанос Каселакис за лидер на најголемата опозициска партија, а разликата меѓу Нова демократија и СИРИЗА е намалена на 17,7 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Opinion Poll“ за […]

Трамп отсуствуваше и на втората ТВ дебата на републиканските кандидати


На втората претседателска ТВ дебата на Републиканците учествуваа седуммината Републиканци кои заедно со Доналд Трамп се борат да бидат кандидат на нивната партија на претседателските избори во САД следната година, а овој пат повторно отсуствуваше поранешниот американски претседател. Во дебатата одржана вчера во библиотеката и музејот на Роналд Реган во Сими Вали, Калифорнија учествуваа поранешниот […]

Хелсиншки Србија: Вучиќ од порано го најави нападот во Бањска, целта му беше поделба на Косово


Претседателката на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Србија, Соња Бисерко вели дека целта на нападот од страна на српска вооружена група врз косовската полиција во Бањска, кај Звечане, во северно Косово, во неделата, на 24 септември, била поделба на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во интервју за црногорскиот медиум „ЦдМ“ (Cafe del […]

Москва не гледа можност за стабилизирање на ситуацијата во Косово


  Русија не гледа можност за долгорочно стабилизирање на ситуацијата во Косово, поради поттикнувачката политика на САД и Европската унија, изјави рускиот заменик – министер за надворешни работи Александар Грушко. „Нема изгледи за долгорочна стабилизација. Косовскиот лидер Курти, кој одржува тензии на теренот и ги протерува Србите, смета дека неговите шефови, Вашингтон и Брисел, дополнително […]

Османи: Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ


Најдобрата гаранција за зачувување на македонскиот идентитет е, по влезот во НАТО, земјата да стане членка и на ЕУ, истакнува во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ), министерот за надворешни работи Бујар Османи. Сепак, забележува дека Северна Македонија е најмалтретираната земја во процесот на проширување на ЕУ. Прашан дали има гаранции оти Бугарија […]

Украинската одбрана ноќеска уништила повеќе од 30 дронови во регионите Одеса и Миколајев


Украинската противвоздушна одбрана ноќеска уништила повеќе од 30 беспилотни летала во новиот руски напад врз регионите Одеса и Миколаев, на југот на земјата, соопштија официјални лица, пренесе Бета. -Изминатата ноќ беа ланизрани повеќе групи дронови во масовниот напад врз двата региона, изјави портпаролката на јужната команда на украинската армија. Руските сили редовно го гаѓаат региони […]

Десет лица повредени во пожар по експлозија во близина на аеродромот во Ташкент


Десет лица се повредени во пожар предизвикан од силна експлозија во магацин во близина на аеродромот во узбекистанскиот главен град Ташкент. Еден од повредените е во тешка состојба. Пожарот рано утринава е локализиран и ситуацијата е под контрола, соопшти узбекистанското Министерство за вонредни состојби. Причините за експлозијата се уште не се разјаснети, но според една […]

Западен Балкан 2023: Од Солунската декларација до воведувањето на ЕТИАС


ИФИМЕС подготви анализа за актуелната политичка ситуација во Западен Балкан по серијата состаноци на регионалните лидери и европски претставици. Од опсежната анализа „Западен Балкан 2023: Од Солунската декларација до воведувањето на ЕТИАС, ги издвојуваме најважните и најинтересните делови.  ЕУ не знае што да прави со Западен Балкан Неодамна во Солун беше прославена 20-годишнината од потпишувањето […]

Интер Мајами без Меси загуби од Хјустон Динамо во финалето на УС Опен Купот


Интер Мајами ноќеска загуби од Хјустон Динамо во финалето на УС Опен Купот со 2:1. Средбата се одржа на стадионот „ПНК“ во Форт Лодердејл, Флорида. Играчот од средниот ред на Хјустон, Грифин Дорси го отвори резултатот во 24. минута. Девет минути подоцна Амин Баси од пенал го удвои водството. Во вториот дел Нелсон Кињонес го […]

Момче на 24 години починало во битолската болница по седум дена висока температура


  БИТОЛА – Момче од Битола на возраст од 24 години вчера доцна попладнето починало во Битолската клиничка болница, откако било примено со многу висока температура и трески.  На почеток било згрижено на одделот за Интензивна нега, и биле консултирани конзилијарно и лекари од други одделенија, но од час во час состојбата се влошувала, па […]

Волос и околината повторно под вода


Грчкиот град Волос, како и околните села, повторно се поплавија, по втор пат во период од неколку седмици, а невремето „Илиас“ ги зафати и областа Тесалија и северниот дел на Евија, каде што исто така има проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.  Жителите на Волос и околината, поминаа тешка ноќ, повеќе делови се без […]

Истражување: Повеќе од 55 отсто од избирачите имаат негативен став за Трамп


Бројот на американските гласачи кои имаат негативен став за поранешниот претседател Доналд Трамп надмина 55 проценти, додека, во исто време, се повеќе се и тие кои имаат „многу поволно“ мислење за него, покажува истражувањето на телевизијата „Њуз Нејшн. Како што се наведува, 44 отсто од испитаниците имаат „многу неповолен“ став за Трамп, што е повеќе […]

Полска и САД потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна електрана


Во Варшава денеска полските и американските претставници потпишаа договор за изградба на првата нуклеарна централа во Полска, која настојува да ја намали употребата на загадувачки фосилни горива. Премиерот Матеуш Моравјецки изјави дека договорот за изградба на електрана во Померанија, во близина на Балтичкото Море, е почеток на ново поглавје за Полска. Тој рече дека електраната […]

Трудо се извини што канадскиот Парламент со овации поздрави нацист


 Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа се извини што парламентот на неговата земја му оддаде почит на човекот кој се борел на страната на нацистите во Втората светска војна, за време на минатонеделниот говор на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трудо кажа дека претседателот на Долниот дом на Парламентот, Ентони Рота, кој во вторникот поднесе оставка, е […]