Истражување: Повеќе од 55 отсто од избирачите имаат негативен став за Трамп


Бројот на американските гласачи кои имаат негативен став за поранешниот претседател Доналд Трамп надмина 55 проценти, додека, во исто време, се повеќе се и тие кои имаат „многу поволно“ мислење за него, покажува истражувањето на телевизијата „Њуз Нејшн.

Како што се наведува, 44 отсто од испитаниците имаат „многу неповолен“ став за Трамп, што е повеќе од кој било друг кандидат за претседателска номинација на Републиканската партија. Околу 13 отсто од нив велат дека имаат „донекаде неповолно“ мислење за поранешниот претседател, што е вкупно околу 56 отсто од Американците кои негативно гледаат на Трамп. 

Сепак, најголем процент од гласачите на Републиканската партија исто така имаат позитивно мислење за него, при што приближно 22 отсто од нив изразиле голема наклонетост.

Претседателските избори во САД ќе се одржат во ноември 2024 година, пред кои ќе има избори во рамките на Демократската и Републиканската партија, на кои ќе се избираат кандидати за претседателската функција. Трамп моментално е фаворит меѓу републиканците, а десетина проценти зад него е второпласираниот гувернер на Флорида, Рон Десантис.