Британски научници развиле гориво за долгорочен живот во вселената?


Британски научници тврдат дека развиле извор на енергија кој би можел да им овозможи на астронаутите да живеат на Месечината долго време. Универзитетот Бангор дизајнираше нуклеарни ќелии, со големина на семе од афион, кои можат да ја произведат потребната енергија за одржување на животот. Експертот за нуклеарни материјали и горива Сајмон Мидлбург од Универзитетот Бангор […]

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Скопје и Рим


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Градот Рим, Роберто Гуалтиери, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за воспоставување соработка, пријателски релации, заеднички активности, размена на искуства од областа на културата и на животната средина, како и за изнаоѓање решенија на предизвици од социо-економски карактер. Со Меморандумот, Скопје и Рим ќе поддржат и поттикнуваат реципрочна […]

Со фалсификувани евра сакал да купи телефон


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.И.(29) од с.Пекљане, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама” и кривично дело „фалсификување пари“. Имено, на почетокот на јуни 2023 година, жена од Скопје објавила оглас за продажба на мобилен телефон, по што пријавениот и се јавил […]

Реконструкција на албанската влада, меѓу новите министри и еден Македонец


Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама, на денешното партиско собрание соопшти за реконструкција на владиниот кабинет, а целосно е сменет и Секретаријатот на партијата. Така, нов министер за Европа и надворешни работи ќе биде Игли Хасани, на местото на Олта Џачка, Огерта Манастрилиу го напушта Министерството за здравство и социјална заштита и […]

Се фрлаа и јајца кон ОЈО на протестот за случувањата на Онкологија


Граѓаните кои протестираа прво пред Владата, а потоа и пред Јавното обвинителство бараа одговорност и оставка од тројцата последни министри за здравство, во врска со случајот на Клиниката за онкологија. Учесниците во протестот го изразија нивниот револт со фрлање на јајца кон ЈО и извикуваа „убијци”, „мафија”, „оставка”, „нема правда, нема мир”, како и „правда […]

Мисијата на Индија на Месечината чинеше помалку од снимањето на филмот „Интерстелар“


Во текот на 1960-тите и 1970-тите, НАСА издвои над 250 милијарди долари за своите различни мисии, додека Индија деновиве успеа да влезе во вселенската историја за мал дел од таа сума. На 23 минатиот месец индиското вселенско летало „Чандрајаан-3“ (Chandrayaan-3) слета на јужниот регион на Месечината, од каде ги испрати првите фотографии од Земјиниот сателит. […]

Шојгу: Воените вежби „Запад“ нема да се одржат годинава


 Воените вежби Запад нема да се одржат оваа година, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. -„Не“, накратко одговори Шојгу на прашање на новинарите во Сочи дали воените вежби „Запад“ ќе се одржат годинава. Оваа година имаме „научници“ во Украина, додаде тој, цитиран од ТАСС, пренесе БТА. Русија последен пат ја одржа вежбата „Запад“ со […]

Нов земјотрес почувствуван во Делчевско


Нов земјотрес попладне околу 18:20 часот е почувствуван во Делчевско. Ова е втор земјотрес денеска почувствуван од граѓаните, откако утрово земјотрес беше регистриран во Р.Бугарија во околината на Благоевградскиот регион со магнитуда од 3,2 степени, кој исто така се почувствува во повеќе македонски градови во истокот. Според бугарските медиуми, земјотресите кои биле вкупно четири во […]

Со наноси од земја и кал, непрооден е патот од село Степанци Општина Чашка кон Прилеп


– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ информираат дека регионалниот пат […]

ПМФЛ: Струга го совлада Тиквеш


Фудбалерите на Струга Трим Лум го совладаа попладнево Тиквеш со 3-1 на домашен терен во последниот натпревар од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).  Во натпревар со по еден црвен картон на двете страни, актуелниот шампион ја забележа втората победа сезонава со головите на Марјан Радески (15 минута) и двојниот стрелец  Агим Ибраими […]

Почна протестот пред Влада за случајот на Клиниката за онкологија


Пред Владата, попладнево почна протестот на граѓаните кои го изразуваат својот револт во врска со случувањата на Клиниката за онкологија. Со транспаренти „Убивате за профит”, „Колку вреди човечкиот живот”, „Онкологија=профит”, „Разбуди се мој народе“, тие бараат овој случај да не помине неказнето. Според најавите, протестот ќе продолжи со марш кон Министерство за здравство. Премиерот Димитар […]

ЕУ воведува нова ознака која ќе го промени начинот на купување технички уреди


  Европската комисија претстави ознаки за поправливост, т.е. „repair score“ за мобилни телефони и таблети. Тоа е првата категорија на производи што ќе ја носи етикетата низ ЕУ од средината на 2025 година. Така, потрошувачот ќе знае при купувањето колку е лесно да се поправи производот во случај на дефект. „Во средината на 2025 година, […]

Присила Присли од Венеција: Го освоив Елвис на 14 години зашто бев добар слушател


Венеција- Еден од најочекуваните филмови на годинешниот филмски фестивал во Венеција е Присила, последниот на Софија Копола за врската помеѓу Присила Присли (Кејли Спени) и рокенрол легендата Елвис Присли (Џејкоб Елорди од Еуфорија), кои се запознаа кога таа имаше 14 години, а тој беше 24 додека служел во армијата и бил стациониран во Германија.  А […]

Рамос се врати во Севиља


Иако имаше богата понуда од саудискиот клуб Ал Итихад, легендарниот шпански дефанзивец Серхио Рамос ќе ја продолжи кариерата во Севиља, враќајќи се по пауза од 18 години во клубот во кој ја почна својата блескава кариера. -Среќен сум што се вратив. Ова е посебен ден, секогаш е убаво кога се враќаш дома. Сега преостанува уште […]

Авион на „Луфтханза“ прогласи вонредна состојба и принудно слета во Загреб


Авионот Ербас А321 НЕО (A321-271NX) на германскиот превозник „Луфтханза“ на лет од Тел Авив до Франкфурт побарал пренасочување кон Загреб поради дефект на моторот. Како што дознава „Авиорадар“ (AvioRadar), на височина од 36.000 стапки (11.000 метри), моторот број два (моторот што се наоѓа на десното крило на авионот) не функционирал, поради што тој се исклучил. […]

Бесими се сретна со новиот регионален претставник на ММФ: Продолжуваат напорите за фискална консолидација


Земјава успеа да ја зачува стабилноста и здравата макроекономска поставеност и покрај турбулентниот период проследен со неколку глобални економски кризи. Доказ за тоа е и одобрувањето на ПЛЛ аранжманот од 530 милиони евра, кој се доделува на држави со здрави економски фундаменти, беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими со новиот регионален […]

Грција ја ограничува посетата на Акропол поради наездата од туристи


  Едно од најпознатите знаменитости на Грција е во режим на пробно ограничување на дневните посетители, почнувајќи од денес. Археолошкиот локалитет Атински Акропол привлекува посетители од целиот свет кои сакаат да се восхитуваат на античкото културно место. Во иднина, посетителите ќе бидат ограничени на 20.000 на ден, со веб-локација за резервации што ќе ги следи […]

Продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм, вели Лазаревски


Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, отворено зборуваше со филмските работници на неформална средба за две клучни прашања за филмските работници. Првото прашање околу продукцијата на македонски филмови годинава е апсолвирано бидејќи Агенцијата за филм е подготвена да ги финансира филмовите кои се најавени од продуцентските куќи како подготвени да тргнат со снимање. Од […]

Ердоган верува дека сепак ќе се постигне договор за житото


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по тричасовната средба со неговиот руски колега Владимир Путин денеска во Сочи изјави дека очекува наскоро да биде донесена одлука за договорот за жито. „Разговаравме за обновување на договорот за жито во Црното Море. Верувам дека наскоро ќе биде донесена одлука во врска со иницијативата за жито“, рече Ердоган. Тој […]

Путин: Прво исполнување на барањата на Русија, па после договор за житото


  Рускиот претседател Владимир Путин изјави во понеделникот дека договорот за жито што ѝ овозможи на Украина безбедно да извезува жито преку Црното Море нема да биде обновен додека Западот не ги исполни своите обврски за олеснување на рускиот земјоделски извоз. Путин ја даде изјавата по разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој заедно […]