Почина нобеловецот со гостиварско потекло Ферид Мурад


На 87-годишна возраст, вчера почина светски познатиот лекар и научник д-р Ферид Мурад, кој има потекло од гостиварско. Медицина завршил во Кливленд, Охајо, а на истиот универзитет докторирал во 1965 г. За целиот свој работен век бил извонредно активен, секогаш жеден за нови информации од областа на медицината и пред се од областа на клиничката […]

Орбитерот на НАСА го фотографира индискиот лендер „Викрам“ на Месечината 


Американската вселенска агенција НАСА објави фотографија од индискиот лунарен лендер на површината на Месечината. Го прикажува лендерот „Викрам“ како мала дамка во центарот на сликата со „неговата темна сенка видлива на светлиот ореол што го опкружува возилото“. Лендерот на „Чандрајан-3“ се спушти во близина на малку истражениот јужен пол на Месечината на 23 август. НАСА […]

Холандска партија предлага намалување на сточниот фонд за 75 отсто за пониски емисии на штетни гасови


Холандската Партија за животните (ПВДД), чија примарна заложба е заштита на правата на животните и на животната средина, во својата програма за ноемвриските предвремени парламентарни избори во Холандија предлага бројот на добиток во земјата да се намали за 75 отсто со цел да се намалат емисиите на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина. […]

Граѓаните ќе може да ги споредуваат трошоците на услугите на банките


Народната банка на својата интернет-страница до крајот на овој месец ќе започне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки, по поединечен давател на платежни услуги (по банка). Како што известуваат од НБРМ, овие активности на се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како […]

Четири намирници поради кои нашето тело мириса непријатно


Погледнете кои четири намирници го зголемуваат непријатниот мирис на телото! Секој човек има свој специфичен мирис, во текот на летото повеќе се потиме, па затоа се засилува. Меѓутоа, она што го јадеме, покрај одредени лекови, хормонални влијанија и здравствени состојби, може да создаде непријатен мирис на телото. За да го намалите или спречите, нутриционистот Ешли […]

Бесплатни културни настани и слободен влез во музеите, во галериите и на локалитетите


По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под насловот „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со […]

ОТА од утре останува без директор, Собранието допрва распишува оглас


Сѐ уште актуелниот директор на Оперативно – техничката агенција, Зоран Ангеловски, чиј мандат завршува утре, вчера ги повика медиумите на прес-конференција која требаше да се одржи денеска во единаесет часот пред Собранието, но денеска беше откажана поради неодложни обврски на Ангеловски. – Ве известуваме дека поради итни и неодложни работи, најавената прес конференција на директорот […]

Изложба во Скопје за кандидатурата на Рим за домаќин на Универзалната изложба ЕКСПО 2030


Изложба посветена на кандидатурата на Рим за домаќин на Универзалната изложба ЕКСПО 2030 година денеска напладне ќе биде отворена во трговскиот центар Скопје Сити Мол. Како што соопштија од Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија, поставката е дел од промотивната кампања на кандидатурата на Градот Рим, за која Северна Македонија прв пат ќе има […]

Најголема експанзија до сега: Хрватски „Инфинум“ ја презеде американската дигитална агенција ЕТР


Една од најголемите хрватски ИТ компании, „Инфинум“, ја презема ExpandTheRoom (ETR), креативна дигитална агенција со седиште во Њујорк. Присутен на македонскиот пазар со свои канцеларии од 2022 година, овој наградуван технолошки колектив, чии клиенти се „Филипс“, КПМГ, „Порше“ и „Ворнер брадерс“, го проширува своето присуство во САД за да одговори на зголемената побарувачка во областа […]

МНТ со „Лагата“ учествува на 31. ФКТ „Ристо Шишков“ во чест на Џиби


Македонски народен театар оваа година со претставата „Лагата“ ќе учествува на 31. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Претставата е работена според текст на актуелениот француски писател Флоријан Зелер, во режија на Бесфорт Идризи, а играат: Јордан Симонов, Габриела Петрушевска, Оливер Митковски и Драгана Левенска. „Лагата“ ќе се одигра на 12 септември во 20 часот […]

Еврокомесарката Вестагер времено се повлече од Европската комисија


Извршната потпретседателка на Европската комисија за подготовка на Европа за дигиталната ера и еврокомесарка за конкурентност Маргарете Вестагер ја информира времено ја напушта својата позиција, откако данската Влада ја номинира за претседател на Управниот комитет на Европската инвестициска банка (ЕИБ), соопшти ЕК.  Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во соопштението се наведува […]

„ЕУ за македонското културно наследство“ – отворена трибина од кампањата „Ние сме Европа“


Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, вечер од 18 часот во Центарот за култура-Битола ќе биде организирана отворена трибина „ЕУ за македонското културно наследство“. Најавени се обраќања на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ – домаќин на кампањата „Ние сме Европа“, која се организира во осум градови низ […]

Стапката на рак кај младите во пораст од 79 отсто за изминатите 30 години


Единбург – Случаите на рак кај младите луѓе ширум светот пораснале за 79 отсто, меѓу 1990. и 2019 година, предупредуваат новите истражувања. Научниците го проучувале зголемувањето на стапките за оние на возраст под 50 години. Северна Америка, Австралија, Азија и Западна Европа се подрачјата со највисоки стапки на рак во рана возраст. Според истражувачите, иако […]

„Те дуа, жими мене“ награден на филмски фестивал во Албанија


Македонскиот независен филм, „Те дуа, жими мене“, на затворањето на „Tirana European Youth Film Festival 2023“, се закити со престижната награда од публика. Филмот беше едногласно одбран како најдобар од девет филмови во официјалната интернационална програма, соопштија денеска од „Емперор продукција“. Станува збор за интернационален филмски фестивал што се залага за афирмација и презентација на […]

За само еден месец граѓани наплатија еден милион евра од осигурување живот


Петте компании за осигурување живот само за јули годинава исплатија 62,4 милиони денари, односно еден милион евра на свои осигуреници или на носители на правото за обесштетување. Износот на исплатените средства за штети покриени со осигурување живот во јули е за 19 отсто повисок од истиот месец минатата година. Средствата се исплатени заради смрт на […]

Македонска винска вечер во Будимпешта


Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта, Институтот  унгарски вина и Балкан-инфо вчера во Будимпешта организираа дегустација на македонски вина. Настанот беше реализиран во соработка со Здружението „Вина од Македонија“ и со поддршка од Амбасадата на Северна Македонија во Будимпешта. Како што соопшти организаторот, присуствуваа голем број познавачи на вина и се дегустираа 14 видови вина […]

Глобалната поп сензација Џон Њуман доаѓа во Струмица: Едвај го чекам Get EXITed


Глобалната поп и соул сензација Џон Њуман (33), познат по хитот „Love me again“,  повеќе од една деценија суверено владее со светската музичка сцена и ги освојува срцата на обожавателите со својот моќен глас, емотивните мелодии и песни што го достигнуваат самиот врв на водечките топ листи. Уникатниот продуцент, пејач, текстописец и диџеј на 7 […]

Поради дефект во шахта, без вода дел од корисниците од булеварот „11 Октомври“ до Рампа


Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради дефект во шахта на булеварот „11 Октомври“ бр. 34, во периодот од 9 часот, па сè до отстранување на дефектот, без вода ќе останат корисниците од булеварот „11 Октомври“ лоцирани на потегот од булеварот „Кочо Рацин“ до Рампа, општина Центар. Без вода и дел од Карпош […]

Три проверени начини да ја исчистите пеглата без да ја изгребете


Дознајте кои се докажаните, најдобри начини за чистење на пеглата дома. Задолжително пробајте ги! Кога пеглате ткаенини кои се почувствителни на превисоки температури, се случува да се залепат на дното на пеглата. Таквите наслаги потоа лесно се „залепуваат“ на следното парче што е во ред за „затегнување“, оставаат траги кои понекогаш не можат да се […]