Поради дефект во шахта, без вода дел од корисниците од булеварот „11 Октомври“ до Рампа


Фото: Б. Грданоски

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради дефект во шахта на булеварот „11 Октомври“ бр. 34, во периодот од 9 часот, па сè до отстранување на дефектот, без вода ќе останат корисниците од булеварот „11 Октомври“ лоцирани на потегот од булеварот „Кочо Рацин“ до Рампа, општина Центар.

Без вода и дел од Карпош

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска, поради изведување водоводен приклучок од ф 100 мм на улицата „Ванчо Мицков“ бр. 101, во периодот од 9 часот, па сè до отстранување на дефектот, без вода ќе останат дел од корисниците од улиците „Ванчо Мицков“ и „Демир Трајко“ (општина Карпош).