Ѓоковиќ по победата над Фриц израдува македонски навивач со автограм на знамето


Њујорк- Србинот Новак Ѓоковиќ со триумфот над американскиот тенисер Тејлор Фриц со 3-0 во сетови (6-1, 6-4, 6-4) по 13. пат се пласираше во полуфиналето на УС Опен, а по 47. пат на грен-слем турнирите со што го надмина досегашниот рекордер Роџер Федерер од Швајцарија. Четвртфиналето беше осми меѓусебен дуел меѓу 35-годишниот српски тенисер и […]

Уапсени четворица членови на екипажот на грчки траект поради смрт на 36-годишен маж, кој беше турнат на атинското пристаниште


Четворица членови на екипажот на грчки траект се уапсени поради смртта на 36-годишен маж, за кој првично имаше информации дека го загубил животот откако паднал во морето во обид да се качи на траектот во движење на атинското пристаниште Пиреа, меѓутоа, по објавеното видео од „Прото тема“ беше обелоденето дека не станува збор за несреќен случај, туку […]

Претседателот на аргентинската федерација сака да го види Меси на СП 2026: Тој може да прави што сака


Првиот човек на аргентинскиот фудбал Клаудио Тапија ја поттикна фантазијата на навивачите на оваа селекција со изјава за иднината на Лионел Меси во дрес со националниот амблем. На денот кога Луис ван Гал крена прашина со изјавата дека Светското првенство во Катар е наместено за да го освои Лионел Меси, пристигнува „контра“ од Аргентина. „Можам […]

Испржете го совршено вкусното месо: Се додаваат две состојки, едната го омекнува, а другата ја впива вишокот на маснотија


Запржете го највкусното месо со додавање на две состојки кои сигурно ги имате дома. Сите кои обожаваат да јадат месо и обично јадење што ја содржи оваа храна која се подготвува за главниот оброк, како што е ручекот. Рецепти за месо има безброј, а овде најчесто се јаде пилешко и свинско месо. Овие два вида […]

Ангелов во 3 часот по полноќ спасувал повредено момче на Водно – гестот наиде на пофалби


Првиот човек на Центарот за управување со кризи со гест кој наиде на пофалби на социјалните мрежи. „Стојанче Ангелов направи човечки потег за поздрав“, се коментира. Тој во раните утрински часови самоиницијативно присуствувал на една незгода со цел да помогне на момче кое се повредило на Водно. Несреќата се случила минатиот четврток, кога младо момче […]

Јашари се врати со нова победа во најнеизвесниот турнир досега!


По пропуштениот трет турнир од „Алфа Плам Национално првенство во снукер“, актуелниот првак Берат Јашари овој викенд се врати на државниот собир и можеби на најтежок начин досега, успеа по трет пат сезонава (осми пат по ред) да го освои турнирот што се бодува за освојување на шампионската титула во организација на македонската снукер асоцијација. Во играта на Јашари се чувствуваше паузата од натпреварувања која настана неочекувано по Европското првенство во јуни оваа […]

(Фото) Претрес во Волково, запленета дрога, приведен дилер


Вчера, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд  Скопје, извршија  претрес во дом кај И.К. (31) во Волково, скопско. При претресот пронајдени се марихуана, дигитална вага и еден куршум. Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и […]

„Мозокот“ за нападот на Капитол доби 22 години затвор, плачеше


Поранешниот лидер на американската крајнодесничарска група „Горди момчиња“ Енрике Тарио е осуден на 22 години затвор, најтешката казна изречена за нападот на Капитол. Минатата недела четворица членови на Проуд Бојс, кои во мај беа прогласени за виновни заедно со Енрике Тарио, беа осудени на затворски казни од 10 до 18 години. Стјуарт Роудс, основачот на […]

Регионот зафатен од невреме: Поплави и огромни бранови во Грција, Турција и Бугарија, има жртви


Грција, Турција и Бугарија се погодени од силно невреме и поплави во кои загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и двајца туристи кои беа однесени од поројните дождови во камп во северозападна Турција. Али Јерликаја, турскиот министер за внатрешни работи, изјави дека уште четири лица се водат како исчезнати по силните поплави во камп во […]

Училиштата во Црна Гора наскоро ќе добијат помошници заради спречување вандализам


Училиштата во Црна Гора наскоро ќе добијат помошници кои ќе му помогнат на персоналот во спречувањето на насилство и вандализaм. Како што е најавено во документот објавен на веб-страницата на Владата на Црна Гора, асистентите ќе се обучуваат на Полициската академија во Даниловград и обуката ќе трае 35 дена. Кандидатите треба да се пријават до […]

Вархеи во дводневна посета на Турција


Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеи денеска и утре ќе престојува во посета на Анкара на разговори со неговите турски домаќини посветени на билатералните односи и соработката меѓу ЕУ и Турција. Како што соопшти Европската комисија, за време на дводневниот престој во Анкара, Вархеји ќе се сретне со турските министри за надворешни работи […]

Украина: На пребегнатиот руски пилот на хеликоптер ќе му биде врачена награда од 500.000 долари


 Руски пилот кој пребегнал на украинската страна и на таа земја и предаде руски хеликоптер Ми-8 ќе добие награда од половина милион долари, изјави украински функционер, пренесува Скај њуз. Портпаролот на украинското воено разузнавање Андриј Јусов синоќа изјави дека парите ќе бидат исплатени во украинска валута. Тој ги повика другите членови на руската армија да […]

Гардијан: Русија прва уништила тенк „Челинџер 2“ во изминатите речиси 30 години


Во Украина е уништен тенк Челинџер 2, што не се случило во текот на речиси 30 години користење на тие тенкови од британско производство на боиштето, пишува лондонски Гардијан. Уништувањето на „Челинџер 2“ во близина на Работин, во областа Запорожје, е прв таков инцидент во изминатите 30 години во кои овие тенкови се користени во […]

Украинска војска: Русија изврши ракетен напад врз Киев, сите проектили соборени


Рано изутринава Русија изврши ракетен напад врз Киев, но украинската противвоздушна одбрана ги собори сите проектили истрелани пред да стигнат до нивната цел, соопшти воената администрација на главниот град преку објава на социјалната мрежа Телеграм. Очевидци изјавија дека во Киев утрово биле регистррани истрели од системите за ПВО, додека во истиот момент била прогласена воздушна […]

Дури и поранешен шпион е загрижен дека одредите за атентат во Украина одат предалеку


Од почетокот на руската целосна инвазија на Украина, десетици руски функционери и заговорници беа убиени и на окупираната украинска територија и на Русија. Но сега, дури и еден украински поранешен шпион е загрижен дека одредите за атентат во земјата одат предалеку. Валентин Наливајченко, поранешен шеф на Службата за безбедност на Украина и актуелен член на […]

Романија е домаќин на Самитот на Иницијативата „Три мориња“


Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска ќе биде домаќин на Самитот на Иницијативата „Три мориња“ во Букурешт. Настанот вклучува претставници од сите 12 земји кои учествуваат во Иницијативата (Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Романија), како и стратешките партнери – САД, Европската комисија и Германија. На форумот ќе има гости од […]

Во тек е аплицирањето за активни мерки за невработени лица


Агенцијата за вработување објави пет активни мерки за невработени лица кои се пријавуваат во центрите за вработување низ државата, а меѓу кои Центарот за вработување во Велес. Од велешкиот центар информираат дека невработените ги подржуваат со активни мерки како што се субвенционирање на плати, финансиска поддршка за создавање на нови работни места и практиканство, а […]

Претседателот на Бразил легализираше повеќе автохтони резервати во Амазон


Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва денеска официјално призна две автохтони територии, давајќи им правна заштита од инвазии на илегални дрвосечачи, рудари за злато и сточари. Објавата дојде на денот кога Бразил го слави својот регион Амазон, дом на најголемата тропска прашума во светот, чие зачувување се смета за клучно за апсорпција на емисиите […]

Бектеши и директорот на Бирото за метрологија Селами на средба со менаџментот на ЕВН Македонија и ЕВН Дистрибуција


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами ќе ја посетат подружницата на ЕВН Македонија во Бутел и ќе направат увид на лабораторијата каде што се врши тестирање на броила за електрична енергија. Како што најавија од Министерството за економија, во рамки на пoсетата ќе остварат средба […]

Деспотовски: Во зоните годинава креирани над 1100 работни места


 Бројот на нови работни места што се креирани годинава во технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во државава достигна над 1 100. Од Дирекцијата за ТИЗР најавуваат еднакви можности за домашните и странските инвеститори со измените на Законот за индустриски зони, што се во финална фаза.   -Покрај постојаниот раст на извозот, на економијата внатре во […]