Претседателот на аргентинската федерација сака да го види Меси на СП 2026: Тој може да прави што сака


Првиот човек на аргентинскиот фудбал Клаудио Тапија ја поттикна фантазијата на навивачите на оваа селекција со изјава за иднината на Лионел Меси во дрес со националниот амблем.

На денот кога Луис ван Гал крена прашина со изјавата дека Светското првенство во Катар е наместено за да го освои Лионел Меси, пристигнува „контра“ од Аргентина.

„Можам да го замислам Меси во тимот за следното Светско првенство и би сакал да го видам таму. Како што е сега подготвен, лесно може да игра на Светското првенство во 2026 година“, вели Тапија.

Јасно е дека Меси ужива максимална слобода во репрезентацијата на Аргентина и дека прашува за сѐ, а потврда за тоа се и овие зборови на претседателот на Федерацијата.

„На Светското првенство може да игра на која позиција сака, затоа што може да игра сѐ. На крајот сѐ зависи само од неговата желба, но без никакво сомневање би сакал да биде дел од репрезентацијата на следното Светско првенство. Клучно е тој да биде среќен, а тој е во репрезентацијата. Тоа можете да го видите на секој натпревар, на секој тренинг“, додава тој.

Тапија исто така смета дека заминувањето на Меси во Интер Мајами било одличен потег, гледајќи го од гледна точка на репрезентацијата на Аргентина.

„Среќен сум кога гледам дека му оди добро, со некои нови предизвици, во некои нови победи. Меси направи лига која многумина не ја гледаа во една од најгледаните во светот и ќе биде сѐ посилна и посилна. Нашата врска е полна со почит и затоа ми е многу драго што му оди толку добро“, изјави Тапија.