Бајден ги одзема лиценците на Трамп


Американскиот претседател Џозеф Бајден најави дека ќе ги укине преостанатите седум дозволи за експлоатација на нафта и гас во природниот резерват на Алјаска. Покрај тоа, беа најавени нови мерки за заштита на повеќе од 5,2 милиони хектари од Националниот нафтен резерват, исто така во Алјаска. Овие активности „ќе помогнат во заштитата и зачувувањето на земјата […]

Клавирот на Фреди Меркјури продаден на наддавање за два милиони евра


Малиот концертен клавир на Фреди Меркјури, на којшто тој ги компонираше речиси сите негови партитури од „Боемска рапсодија“ е продаден вчеравечер за 1.742.000 фунти (околу два милиони евра) на аукција во „Сотби“ во Лондон. Taa „Јамаха Г-2“ беше главната понуда на наддавањето со илјадници предмети што му припаѓале на пејачот. Проценетата вредност за клавирот што […]

Влезот во Венеција ќе се наплаќа пет евра


Венеција следната година воведува влезна такса за туристи од пет евра на ден. Целта е обид да се управува со протокот на туристи привлечени од историските канали на овој познат град во северна Италија, соопшти Градското собрание. – Сите посетители постари од 14 години ќе треба да платат влезница. Намерата е ново урамнотежување меѓу правата […]

Украина може да има поголеми шанси да победи во 2024 година, вели пензиониран американски генерал


  Некои американски воени претставници се чини дека се изненадени што украинската контраофанзива не напредува брзо и, преку анонимни медиумски цитати, вината ја префрлаат на украинската војска. Пензионираниот генерал на американската армија Марк Арнолд вели дека не е ни малку изненаден од бавното темпо на напредок и за тоа ги обвинува Американците, а не Украинците. […]

Во Софија промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова


Во Културно-информативниот центар во Софија денеска, во пресрет на Денот на независноста – 8-ми септември ќе се одржи промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова. За промоцијата на книгите од големиот македонски писател со албанско потекло ќе присуствуваат: издавачот Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров, како и семејството на писателот. Двете книги, во […]

Нов договор помеѓу ЕУ и Турција: 781 милион евра за најранливите бегалци


Европската комисија и Владата на Турција синоќа потпишаа договор вреден 781 милион евра, со кој се обезбедуваат средства од ЕУ за најранливите бегалци. Тоа е најголемиот договор потпишан со Анкара, истакна Делегацијата на ЕУ. Договор за социјална безбедносна мрежа е продолжение на мрежата за итна социјална заштита, најголемата хуманитарна програма во историјата на ЕУ, која […]

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста


По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, во касарната ,,Илинден“ во Скопје со почеток во 18.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија, од состав на артилерискиот баталјон на Армијата. Претходно, во попладневните часови во период од 15.00 до 18.00 часот ќе […]

Силен земјотрес во централниот дел на Чиле


Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на централниот дел на Чиле. Земјотресот бил на мала длабочина од околу 10 километри. Засега нема извештаи за жртви или материјална штета. 

Во Мексико декриминализиран абортусот


Врховниот суд на Мексико го декриминализираше абортусот на национално ниво, пресудувајќи дека е неуставно да се изрекуваат затворски казни за прекинување на бременоста. Судот му нареди на Парламентот да ги отстрани од кривичниот законик казните кои беа во сила од 1931 година. – Криминализирањето на абортусот ги крши човековите права на жените, соопшти Врховниот суд. […]

Крсте Роџевски ја отвора есенската сезона на концерти во НУ Центар за култура-Битола


Македонскиот  композитор, гитарист и пејач, Крсте Роџевски со целовечерен коцерт ќе ја отвори есенската сезона на културни настани кои ќе се одржуваат во битолскиот Центар за култура. Роџевски пред битолчани ќе исполни композиции од својот најнов албум  „Црна Земја“ („Black Earth“) кој содржи традиционални македонски песни, но и од познатиот музички репертоар содржан во албумите […]

САД ќе ги откажат концесиите за нафта и гас во Алјаска издадени од Трамп


Американското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ќе ги откаже договорите за концесија за нафта и гас за федералниот резерват за диви животни што и беа доделени на Агенцијата за развој на државата Алјаска во последните денови од администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп. Републиканската администрација на Трамп издаде седум договори за концесија на Администрацијата […]

Свечена академија – „32 години независност“ по повод државниот празник 8 Септември


Со Свечена академија – „32 години независност“ што ќе се одржи попладнево во Филхармонијата, почнува одбележувањето на Денот на независноста на Република Северна Македонија, 8 Септември. Свечената академија на која ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, ќе се пренесува во живо на Националната радио-телевизија, како и на каналите на социјалните мрежи на […]

Социјално-економскиот совет ќе разговара за зголемување на минималната плата во Србија за 2024 година


Седница на Социјално-економскиот совет, на која претставници на репрезентативните синдикати, Владата на Србија и работодавачите ќе расправаат за зголемувањето на минималната плата за 2024 година, ќе се одржи денеска. Сојузот на независни синдикати на Србија (СССС) и УГС „Независност“ имаат единствен став и предлагаат изедначување на вредноста на минималната потрошувачка кошница, која според податоците на […]

Без струја делови од село Ново Село, Хром, Усје, Драчево и Зелениково, без вода делови од Карпош и Чаир


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека денеска поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од село Ново Село, Општина Ѓорче Петров, населбите Хром, Усје, Драчево и дел од село Зелениково. Прекинато пак водоснабдување денеска ќе имаат корисниците во Скопје […]

Променливо облачно со повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, наместа краткотрајно пороен, проследен со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. UV=5 Во Скопје, како што информираа од УХМР, […]

Руско МО: Во близина на Москва соборен украински дрон и уште два над Ростовската област


Украинско беспилотно летало е соборено рано утринава во близина на Москва, а уште два дрона се соборени над јужниот дел на Ростовската област, соопшти руското Министерство за одбрана. Едно лице е повредено, а три згради се оштетени во градот Ростов на Дон кога еден од дронови се урнал во центарот на градот. Руски медиуми јавија […]

Шпански министри пред европратениците ќе ги презентираат приоритетите на претседавањето на Шпанија со ЕУ


Шест шпански министри денеска во Европскиот парламент ќе ги претстават приоритетите на шпанското претседателство со ЕУ во нивните ресори.  Пред Комитетот за вработување и социјални прашања на ЕП приоритетите ќе ги презентираат министрите за труд и социјална економија Јоланда Дијаз, за инклузија, социјална заштита и миграција Хозе Луис Ескрива и за социјални права Јоне Белара. […]

Воведениот плафон на цената на руската нафта воведен од Г-7 функционира


Воведениот плафон на цената на руската нафта работи и САД продолжуваат да ги охрабруваат земјите да купуваат нафта само по цена согласно ограничувањето, изјави синоќа за МИА Џон Кирби, координатор за стратешки комуинкации во Белата куќа.  -Идејата со плафонот на цената е да се ограничи способноста на Путин да профитира од пазарот со нафта, но […]

САД: Федералните обвинители најавуваат нови обвиненија против Хантер Бајден до крајот на месецов


Американските федерални обвинители планираат да побараат ново обвинение против синот на претседателот Џо Бајден, Хантер Бајден до крајот на месецов, јавија американски медиуми повикувајќи се на судски документи. Документите беа поднесени за нелегално поседување на огнено оружје, при што Хантер Бајден е обвинет дека имал пиштол додека се дрогирал, иако обвинителите се уште не прецизираа […]

Македонските одбојкари поразени од Чешка, во осминафиналето против Италија


Македонската одбојкарска репрезентација со пораз ја заврши групната фаза на Европското првенство, откако вечерва загуби од Чешка со 3-0 во последниот натпревар во групата Ц која се играше во Скопје. Бодрени од неколку илјадната публика во СЦ „Борис Трајковски“, македонските одбојкари влегоа во натпреварот мотивирано и борбено, но го загубија првиот сет со 19-25.   […]