Во Софија промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2023/09/luan-starova-promococija-knigi-vo-sofija.jpg)
Во Културно-информативниот центар во Софија денеска, во пресрет на Денот на независноста – 8-ми септември ќе се одржи промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова.
За промоцијата на книгите од големиот македонски писател со албанско потекло ќе присуствуваат: издавачот Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров, како и семејството на писателот. Двете книги, во превод на бугарски јазик, излегоа од печат оваа година како изданија на издавачките куќи „Персеј“ и „Изида“, соопштија од КИЦ во Софија.