Во Мексико декриминализиран абортусот


Врховниот суд на Мексико го декриминализираше абортусот на национално ниво, пресудувајќи дека е неуставно да се изрекуваат затворски казни за прекинување на бременоста.

Судот му нареди на Парламентот да ги отстрани од кривичниот законик казните кои беа во сила од 1931 година.

– Криминализирањето на абортусот ги крши човековите права на жените, соопшти Врховниот суд.

Во 2021 година, Врховниот суд ја прогласи апсолутната забрана за абортус за неуставна. Сепак, кривичниот законик сè уште предвидува затворски казни до пет години за абортус. Инволвираните лекари би можеле да се соочат и со затворска казна. Тужбата за декриминализација на национално ниво до Врховниот суд ја поднесе граѓанската организација ГИРЕ.

По пресудата, јавните болници низ целата земја сега мора да го обезбедат и правото на бесплатен абортус.