Црногорските банки го удвоија профитот на повеќе од 66 милиони евра


Подгорица – Црногорските комерцијални банки заработиле вкупно 66,4 милиони евра во првата половина од годината, што е за 112 отсто повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ). Деловниот резултат на банкарскиот сектор е повисок во слични проценти во однос на сите претходни пет години, особено во однос […]

Поетеси во фокусот: Поетска ноќ во Велестово под ѕвездено небо


Jубилејното 35. издание на интернационалниот поетски фестивал Поетска ноќ во Велестово синоќа беше отворено пред рекорден број посетители.  Во фокусот беше македонската поезија пишувана од жени. Беше промовирана книгата „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“, а настапија: Весна Ацевска, Виолета Танчева-Златева, Лидија Димковска, Снежана Стојчевска, Љубица Шопова, Сузана Мицева, […]

Поранешниот економски советник во Кремљ, Андреј Иларионов – прогласен за „странски агент“


Москва– Поранешниот економски советник на Кремљ Андреј Иларионов е прогласен за „странски агент“, соопшти руското Министерство за правда. Додавањето лице на списокот на странски агенти значи дека руските власти внимателно ќе го следат и ќе бараат од него детални информации за неговите извори на приходи, неговите трошоци итн. Иларионов, кој ја напушти функцијата во Кремљ […]

ЦУК: Нема активни пожари


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на вчерашниот ден вкупно 14 пожари се регистрирани на отворен простор, коишто се изгаснати. -Изгаснати се пожарите во с. Злокуќани (запалена дива депонија), Арачиново, с.Грушино (стрниште и сува трева); Општина Карпош (запалена дива депонија), Општина Дојран, с. Ѓопчели, површина 6 ха  (ниско стеблеста шума и […]

Европските железници на неизвесен пат до (по)зелена мобилност


Политичарите, сообраќајните експерти и деловните луѓе подеднакво негодуваат во врска со состојбата на железничката инфраструктура, огромните субвенции за воздушниот сообраќај и очигледното немање политичка волја. Во борбата против климатските промени, Европската комисија сака двојно повеќе експресни возови да сообраќаат на европските шини до 2030 година и три пати повеќе експресни возови до 2050 година. Целта […]

ФК Вардар: Грнчаров и Бејевски поднесоа оставки, Хаџиевски ќе го води тимот против Воска


Tренерот на екипата Бобан Грнчаров, спортскиот директор Александар Бајевски, заедно со членовите на стручниот штаб Орхан Абди, Игор Тасевски и Стево Митревски поднесоа оставки на функциите и повеќе не се дел од ФК Вардар, објави раководството на „црвено-црните“. Екипата денес, по планот заминува во карантин, каде што под водство на вардаровата легенда Ѓоко Хаџиевски и […]

Украина соопшти дека нејзиното воздухопловство соборило 15 руски беспилотни летала


Киев – Воздухопловните сили на Украина соопштија дека собориле 15 руски дронови Шахед од иранско производство за време на ноќниот напад. „Руските сили нападнаа од север со беспилотни летала Шахед-136/131. Вкупно 17 беспилотни летала беа лансирани од областа Курск“, објавија украинските сили на Телеграм. Се додава дека воздушната одбрана е активирана во северните, како и во […]

Хакери ги украле имињата и мобилните броеви на 2.800 швајцарски полицајци


Берн– Неидентификувани хакери успеале да ги добијат имињата и броевите на мобилните телефони на 2.800 кантонски полицајци во Берн, Швајцарија, соопштија властите. Безбедносен пропуст во апликацијата што ја користат сите полицајци на нивните паметни телефони им овозможи на хакерите пристап до тие податоци, објасни синоќа портпаролката на полицијата Флорина Шенк. – Имаше протекување на податоци, […]

БРАКО: Kатегорично ги отфрламе лагите на ИРЛ, објектите се изградени и предадени по проектот на Светска Банка  


Македонската компанија БРАКО категорично, силно, непопустливо и ригорозно ги отфрла и ги демантира сите лаги, измислици, срамни криења информации и монструозни идеи на групата ИРЛ, која со последната лажна конструкција покажа дека е срам за луѓето кои професионално работат во новинарството и дека недвосмислено станува канцер за здравото економско ткиво на државата. Комуникација со вакви […]

Норвешкиот масовен убиец Брејвик ја тужи државата поради „екстремна“ изолација


Осло – Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик ја тужи државата за наводно прекршување на човековите права поради тоа што бил држен во „екстремна“ изолација и поднел уште едно барање за условно ослободување, соопшти неговиот адвокат. Десничарскиот милитант уби 77 луѓе, главно тинејџери, со пукање и бомби  во најголемото мирновременско злосторство во Норвешка во јули 2011 […]

Шолц не верува дека Трамп ќе се врати во Белата куќа


Вашингтон – Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека е малку веројатно поранешниот американски претседател Доналд Трамп да биде реизбран, јави ДПА. „Поверојатно е дека претседателот Џо Бајден ќе биде реизбран“, рече Шолц на настанот „Аугсбургер алгемајне лајв“ организиран од истоимениот германски весник. Канцеларот сепак не сакаше да коментира конкретно дали германската влада е подготвена за […]

Администрацијата на Бајден најави проширување на правото на привремен престој на Украинците во САД


Вашингтон– Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден најави продолжување на привремениот престој на Украинците кои најдоа засолниште во таа земја по руската инвазија. Според новата одлука, 166.700 Украинци ќе можат да аплицираат за привремен заштитен статус во САД, додека 26.000 во моментов го имаат тој статус, објавија американските власти. За да се […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против ЕУ, Мицкоски е како Груевски


Вчерашната седница на Собранието покажа дека ДПМНЕ дефинтивно е против ЕУ, а Христијан Мицкоски е ист како неговиот ментор Никола Груевски.  Вчера, ДПМНЕ и Левица покажаа дека немаат никакви аргументи, дека не знаат да дискутираат, дека не знаат како се води дебата. Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина […]

Манчевски од Сараево: Во животот љубовните врски се многу покомплицирани


Сараево – Режисерот Милчо Манчевски вели дека негов следен филм ќе биде „Збогум Копакабана“, дека актуелниот „Кајмак“ ја обработува вечната тема на индивидуалната слобода и комплицираните љубовни врски и дека во моментов не се планира одбележување на 30-годишнината од првиот филм „Пред дождот“. – „Кајмак“ е малку чуден филм. Можеби мал експеримент. Но, јас секогаш […]

Трамп ќе се предаде, во затвор до крајот на неделата


Атланта – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се предаде во затворот во округот Фултон во Џорџија до крајот на неделата, објави телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на тројца неименувани официјални лица. Тие изјавија дека предавањето нема да се случи пред четврток и дека плановите се финализираат, но дека се уште ништо не е официјално. Окружниот […]

Уапсен грчки навивач за убиството на Михалис Кацурис


Атина – Грчки навивач (24), кој се барал за убиството на Михалис Кацурис во Нова Филаделфија, е уапсен во областа Гиза во Атина. Тој е идентификуван со помош на видео снимки, а е познат навивач на Панатинаикос, кој во минатото учествувал во разни навивачки пресметки, пренесува Прототема. Како што пишува грчкиот портал, повикувајќи се на […]

Зеленски гледа напредок по прашањето за западните гаранции за безбедноста на Украина


Киев – Раководството на Украина соопшти дека гледа напредок во барањето безбедносни гаранции од Западот против идната руска агресија. Ова го изјави претседателот Володимир Зеленски во своето традиционално вечерно видео обраќање, пренесува ДПА. Тој зборуваше за „дипломатски успех“ и истакна дека 18 земји се приклучиле на декларацијата на Групата седум (Г7) за да обезбедат такви гаранции, […]

Маричиќ: Колку повеќе чекаме ќе се отвораат поголеми прашања и ќе ја зајакнуваат позицијата на Бугарија


Праксата покажува дека времето не работи во наша корист кога сме надвор од процесот. Колку повеќе чекаме повеќе и сè поголеми прашања ќе се отвораат, што само ќе го комплицира процесот и ќе ја зајакнуваат позицијата на Бугарија. Да не дозволиме да го комплицираме процесот кога сега ни е патот јасно поставен пред нас, истакнува […]

На ГП Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека половина час


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Поради асфалтирање на регионалниот пат Р1102 Велес […]

Цигарите поскапуваат- за колку?


Во 2024 година, од два до четири денари, ќе поскапат цигарите и разни други тутунски производи. Тоа се должи измените на Законот за акцизите кои се доставени во Собранието. Со измените се предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите […]