ЗНМ, ССНМ, СЕММ и МИМ: Обидот за внесување страв и самоцензура кај новинарите нема да успее


По апелот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија итно да престане злоупотребата на процесот за неоснована лична и институционална дискредитација и соопштението на „Брако“ во кое се отфрлаат наводите во документарецот на ИРЛ за пожарот во тетовската модуларна болница, и дека не е во нивна надлежност дали и како по примопредавањето потоа се доопремувал, […]

Албанија забранува користење телефони за учениците и за наставниците за време на настава


Тирана – Албанија забранува употреба на мобилни телефони, за време на настава, во основните и средните училишта и за учениците и за наставниот кадар. -За елиминирање на масовната појава на употреба на мобилни телефони за време на наставата, Министерствата за образование  и за финансии, потпишаа заедничка наредба, која има за цел забрана на  користењето мобилни […]

Околу 26.000 луѓе принудени да избегаат поради шумските пожари на Тенерифе


Мадрид –  Вкупно околу 26.000 луѓе се принудени да избегаат од пожарот на шпанскиот остров Тенерифе, соопштија спасувачките служби. „Привремените проценки сугерираат дека евакуираните денeска се над 26.000“, се вели во пораката на социјални мрежи, објавена од службите за итни случаи. Вчера беа евакуирани 4.500.  Пожарот уште повеќе се прошири ноќеска поради особено тешките временски […]

Уставните измени се блокирани, што сега?


Македонскиот парламент не ја изгласа вчера потребата за уставни измени со кои Бугарите треба да станат дел од Уставот на Македонија, или што би рекол Антонио Милошоски – и покажаа среден прст на Софија и на нејзините барања. За волја на вистината, гласање воопшто и немаше, па останува да им се верува на пораките од […]

Две починати лица пронајдени во нивните домови


Две починати лица се пронајдени вчера во нивните домови, во два одделни случаи во Скопје и Битола, соопшти МВР. Ј.Ш. од Прилеп, вчера во 10.00 часот во СВР Скопје, пријавила дека на ул. „Козле“ во Скопје го пронашла починат нејзиниот татко З.Ј.(62). Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. Во […]

Новиот тест на крвта може да ја идентификува причината за треска кај децата во рок од еден час


Лондон – Крвниот тест што може да помогне да се дијагностицира причината за високата температура кај децата за помалку од еден час, научниците го опишаа како големо откритие. Повеќето постоечки дијагностички тестови се фокусираат на откривање на патоген и може да потрае 72 или повеќе часа за да се добијат резултати. Глобален тим предводен од истражувачи […]

Илон Маск ќе ја ограничи функцијата за „блокирање“ на Х, порано познат како Твитер


Илон Маск во петокот објави дека функцијата за блокирање ќе биде многу ограничена на социјалната мрежа X, порано познат како Твитер, со што ќе се отстрани функцијата која долго време се сметаше за заштита од вознемирување, објави Вашингтон пост. Маск во повеќе твитови рече дека функцијата за блокирање „нема смисла“ и дека ќе биде „избришана како […]

 „Лага е дека е погребан“. Никој веќе 7 дена не го презема телото на тројниот убиец од Градачац


Тузла – Телото на тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ се уште е во Комеморативниот центар во Тузла, а до ден денес никој не поднел барање за негово подигање. Оваа информација за Аваз ја потврди директорот на Комеморативниот центар во Тузла, Фарук Латифагиќ. Латифагиќ тврди дека неточната информација што ја објавија одредени медиуми е дека Сулејмановиќ е […]

Зеленски во Шведска преговара за авиони Грипен за Украина


Стокхолм – Украина започна преговори со Шведска за можно купување на авиони Грипен за зајакнување на нејзината противвоздушна одбрана, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон. Овие преговори за Грипен доаѓаат откако САД ги одобрија Данска и Холандија да испратат борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесува Ројтерс. Кристерсон го […]

Нема нови случаи со ККХТ, Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваaт кон првентивните мерки


Двајцата пациенти заразени со конго-кримска хеморагична треска (ККХТ) се стабилни. Според лекарите, најкритичната фаза од болеста кај нив поминала и не се очекува влошување на нивната состојба. Нема други суспектни случаи ниту, пак, кај некои од контактите е потврдено присуство за ККХТ, соопшти Министерството за здравство. Потсетува на заклучокот од  последниот состанок со Комисијата за […]

Што понатаму со уставните измени?


Дискусијата за измена на Уставот на првата пленарна седница која е за т.н. отворање на највисокиот правен акт, со цел да се изгласа потреба од негова измена, со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во Преамбулата, вчера заврши за три часа. Гласањето е одложено до обезбедување на потребното двотретинско […]

Речиси две третини Германци сакаат нова влада


Берлин –  Речиси две третини од германските граѓани сакаат нова влада, според анкетата објавена деенска, само еден ден откако мнозинството изјави дека не се задоволни од работата на канцеларот Олаф Шолц и неговата коалициска влада во друга анкета. Дури 64 отсто од испитаниците сметаат дека промената на власта би била добра за Германија, покажуваат резултатите […]

Како југословенските војни ја променија Германија


„Деведесетите години беа клучна деценија за надворешната и безбедносната политика на Германија. Во тој период беше редефинирана нејзината меѓународна улога. Обединета Германија ја врати старата геополитичка позиција како централна сила во срцето на Европа, но ја редефинираше во свесно одвојување од минатото“, пишува Мајкл Штак во воведниот текст на Франкфуртер алгемајне цајтунг. Станува збор за претставување на книгата „Бундесверот на Балканот. Помеѓу војната и […]

Завршен изборот на композиции на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип


Завршени се основните подготовки за реализација на Фестивалот на забавни мелодии  „Макфест“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вели дека завршен е изборот на композиции, а фестивалот како и претходната година ќе се одржи во Центарот за  култура „Ацо Шопов“-Штип.  И оваа, како и претходната година, фестивалот го финансира Општина Штип. -Оваа година општината сама […]

Нова варијанта на коронавирусот со голем број мутации регистрирана во четири земји, научниците претпазливи


Женева – Новата варијанта на коронавирусот БA.2.86, која има голем број мутации, досега се појави во четири земји – САД, Велика Британија, Данска и Израел. Научниците се во состојба на готовност, истражувајќи до каде е раширена новата варијанта и како таа реагира на антителата. Новата варијанта на коронавирусот, наречена „пирол“ на социјалните мрежи, има повеќе од […]

Уживам во стареењето: Шарлиз Терон ги отфрли гласините за естетска операција на лицето


Шарлиз Терон ја прифаќа возраста на своето лице. Во интервјуто за Allure на 18 август, 48-годишната актерка, една од најубавите во Холивуд,  зборуваше за тоа дека е заштитно лице на новиот парфем на Диор L’Or de J’Adore, за воспитувањето на  ќерките – Џексон, 11 и Август, 7, како и за убавината и созревањето. Зборувајќи за […]

Шведска по четврти пат во историјата освои бронза на Светските првенства за фудбалерки


Бризбејн- Репрезентацијата на Шведска го освои бронзениот медал на Светското првенство за жени кое се одржува во Нов Зеланд и Австралија. Во мечот за третото место, шведските фудбалерки денес во Бризбејн ја победија репрезентацијата на Австралија со резултат 2:0.  Головите ги постигнаа Фридолина Ролфево 30. минута и Косоваре Аслани во 62. минута.  Репрезентацијата на Шведска по […]

Дваесетгодишен скопјанец усмрти 54-годишен пешак на автопатот Скопје-Куманово


Дваесетгодишниот скопјанец Џ.И. со живеалиште во Швајцарија, синоќа, во 20: 43 часот, на автопатот Скопје-Куманово, со возило „ауди“ го удрил 54-годишниот Г.С. кој починал на самото место. – На 18.08.2023 во 20.43 часот во скопското СВР било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, на излез од главниот град, скопјанецот Џ.И.(20), со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко […]

Мицкоски упорен на ставот дека изборите се единствено решение


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека изборите се единствено решение и оти нивните црвени линии во однос на Бугарија се јасни.  – Многу пати сме зборувале, многу пати сме го кажале нашиот предлог, многу пати сме зборувале за нашите црвени линии. Во овој момент зборуваме за час поскоро одржување на предвремени […]

„Нора“ на Ибзен– симбол на женскиот отпор и потрагата за индивидуална слобода


Словенечките актери од Градскиот театар Љубљана, вчеравечер ја донесоа на „Охридско лето“ театарската претстава „Нора“ од Хенрик Ибзен а во режија на Нела Витошевиќ,  една од најистакнатите претставници на помладата генерација македонски театарски творци. Претставата, која критички го начнува проблемот на патријархално уредениот модел на граѓанско семејство и го артикулира правото на жената да избере […]