Зеленски во Шведска преговара за авиони Грипен за Украина


Стокхолм – Украина започна преговори со Шведска за можно купување на авиони Грипен за зајакнување на нејзината противвоздушна одбрана, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон. Овие преговори за Грипен доаѓаат откако САД ги одобрија Данска и Холандија да испратат борбени авиони Ф-16 во Украина, пренесува Ројтерс.

Кристерсон го осуди денешниот смртоносен руски ракетен напад врз украинскиот град Чернихив, велејќи: „Ова само потврдува колку е важно за нас да бидеме со вас во сите предизвици со кои се соочувате“. Покрај тоа, Украина и Шведска потпишаа договор со кој Украина ќе започне со производство на шведското борбено возило CV90.