Трамп ќе се предаде, во затвор до крајот на неделата


Атланта – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе се предаде во затворот во округот Фултон во Џорџија до крајот на неделата, објави телевизијата Ен-Би-Си, повикувајќи се на тројца неименувани официјални лица.

Тие изјавија дека предавањето нема да се случи пред четврток и дека плановите се финализираат, но дека се уште ништо не е официјално. Окружниот обвинител Фани Вилис им даде рок на Трамп и неговите наводни соработници до следниот петок да се предадат.

Поранешниот претседател и неговиот соработник се обвинети за обвиненија за заговор во врска со наводниот обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, на кои Трамп загуби од Џо Бајден.