Сончево и многу топло со температури до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне особено во планинскте региони ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од […]

Се кројат стратегии за уставни измени и за избори


 Уставните измени и европската иднина на земјата остануваат во фокусот на Владата, додека, пак, ВМРО-ДПМНЕ го детализираше барањето за избори со тоа тие да се одржат до крајот на годината и дека нема да учествуваат во техничка влада. На ова барање за избори се приклучи и Левица, додека од Алијансата за Албанците предупредија дека доколку […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 23 август 2023 година, 235-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 130 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 50 минути, а ќе зајде во 19 часот и 23 минути. Денов трае 13 часа и 33 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во […]

Измама во Ресен: Со тврдење дека банкнотите од евра и долари се стари, украдени 2,6 милиони денари


Измама со кражба од над 2,6 милиони денари пријавила 64-годишна жена од Ресен. Женско лице ѝ кажало дека треба да ги смени еврата и австралиските долари што ги имала, бидејќи имало нови банкноти и старите немало да важат. Пријавеното лице ѝ рекло на оштетената дека месечно ќе ѝ исплати дел од парите што требало да […]

Полициските хеликоптери исфрлија над 80 тони вода, продолжува гасењето на пожарот кај Богомила


 Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствува во реонот на планината Јакупица, во близина на велешкото село Богомила каде успешно беа изгаснати неколку краци од пожарот што настана денеска, но пожарот се уште е активен и заедно со пожарникарите од ТППЕ Велес се преземаат дополнителни мерки за негово гасење.   -По добиено барање од Центарот […]

Шпанскиот крал Фелипе му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на конзервативците, Алберто Нунес Феихо


Шпанскиот крал Фелипе Шести му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на конзервативната Народна партија (НП), Алберто Нунес Феихо. Монархот, кој е шеф на шпанската држава, ја донел одлуката по консултациите со претставниците на политичките сили кои најдоа место во Парламентот по изборите на 23 јули, кои не дадоа јасен победник. Феихо сега […]

Путин: Процесот на дедоларизација во БРИКС е неповратен


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека процесот на дедоларизација меѓу членките на БРИКС е неповратен. „Неповратниот процес на дедоларизација зема замав, се прават напори да се развијат ефикасни механизми за меѓусебно порамнување и монетарна и финансиска контрола“, рече Путин во видео обраќањето за време на самитот на БРИКС во Јоханесбург. Тој додаде дека се […]

Спасени сите деца од жичарницата што висеше над провалија во Пакистан (ВИДЕО)


Пакистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека сите осум лица, од кои шест деца, се извлечени од жичарницата која висеше над провалија на висина од над 300 метри, јави „Би-Би-Си“. Спасувачката операција во која беа вклучени командоси од армијата на Пакистан е официјално завршена. На жичницата утринава кога децата оделе на училиште пукнале жици, а […]

Шаќири: Поголем дел од учебниците за трето и шесто и сите учебници за другите одделенија ќе ги има на 1 септември


 Сите учебници за прво, второ, четврто, петто, седмо, осмо и деветто одделение и поголем дел од учебниците за трето и шесто одделение ќе бидат доставени во училиштата до 1 септември. И во средното образование, по подолг период, ќе имаме достава на учебници на првиот училишен ден, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири. За […]

Пожар го прекина сообраќајот низ теснецот Дарданели


Поморскиот сообраќај од Егејското Море до Мраморното Море преку теснецот Дарданели е во прекин поради шумски пожар во северозападната турска провинција Чанаккале, соопштија вечерва турското Министерство за сообраќај и Агенцијата за транспорт Трибека. Во соопштението на Агенцијата се прецизира дека сообраќајот преку Дарданелите е прекинат во двата правци, за авионите кои го гаснат пожарот безбедно […]

Марош Шефчович именуван за нов извршен потпретседател на Европската комисија


 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска го именува потпретседателот на ЕК за меѓуинстутционални односи Марош Шефчович за нов извршен потпретседател на Комисијата задолжен за спроведување на Европскиот зелен договор. Шефчович доаѓа на местото на Франс Тимерманс, кој се повлече од Европската комисија за да биде кандидат за холандски премиер на блокот на […]

Еврокомесарот Тимерманс ќе поднесе оставка поради неговата кандидатура на изборите во Холандија


Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс ќе поднесе оставка на функцијата во Европската комисија за да се кандидира на националните избори во Холандија во ноември, лишувајќи ја ЕУ од клучната фигура во претстојните меѓународни преговори за климата. Холандската Лабуристичка партија и Зелената левичарска партија денеска соопштија дека Тимерманс ќе биде нивен лидер на општите избори […]

Почина легендарниот пејач Тото Кутуњо, кој ги отпеа незаборавните „Insieme“ и „L’italiano“


Милано – Тото Кутуњо почина на осумдесет и една година, јавуваат италијанските медиуми. Италијанскиот пејач, музичар и текстописец Тото Кутуњо не напушти на 81-годишна возраст и почина во болницата во Милано каде што беше хоспитализиран. Веста на италијанската агенција Анса ја потврди неговиот менаџер Данило Манкузо, кој објасни дека „по долго боледување, состојбата на пејачот […]

Во водите на Вардар најдено безживотно тело на 52 годишник по кого се трагаше речиси три недели


По речиси три недели потрага денеска е најдено безживотното тело на 52 годишниот Иса Рушити од село Теново, Општина Брвеница. По него се водеше потрага од 6 август, откако ноќта помеѓу 4 и 5 август излегол од дома и оттогаш не се вратил во Теново. – Денеска 22 август во 15 часот во СВР Тетово […]

Уникатната изложба со златните маски од Требениште, по Скопје ќе биде поставена во Софија


Владата на денешната 180-та седница ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за култура за реализација на меѓународната изложба „105 години Требениште“ во Националниот археолошки институт со Музеј при БАН во Софија. -Националната установа Археолошки музеј на Република Северна Македонија, во соработка со Националниот археолошки институт со Музеј во Софија, Република Бугарија и со […]

Васовски нов тренер на Вардар, се враќа и Хаџиевски како спортски директор


Од денес за нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски – Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година, соопштија попладнево преку социјалните мрежи „црвено-црните“, соопшти клубот. Покрај Васовски, во клубот како спортски директор се враќа и Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров […]

Дуда тврди дека Русија префрла нуклеарно оружје во Белорусија


Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека Русија веќе е во процес на пренесување на нуклеарното оружје со краток дострел во соседна Белорусија. И рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко минатиот месец изјавија дека Москва веќе и испорачала дел од своето тактичко нуклеарно оружје на Белорусија, откако во март ги објавија […]

Спасени првите две деца од расипаната жичарница над провалија во Пакистан


ПЕШАВАР, Пакистан (АП) – Воени командоси со хеликоптери спасија две деца од жичарата која висеше стотици метри над провалија во оддалечен дел на Пакистан, изјави претставник на службата за итни случаи. Тие работат на спасување на уште четири деца и двајца возрасни. Командосите можеа да се видат на локалната телевизија како се обидуваат да се […]

Во Тетово ќе се основа Државен студентски дом, ќе има капацитет од 300 легла


На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на денешната седница донесе одлука за основање Државен студентски дом „Тетово“ во Тетово кој ќе има капацитет од 300 легла.    Како што информира владината прес-служба, потребниот кадар, опрема и други услови за работа на новиот студентски дом во Тетово се предвидени согласно со нормативите и […]

Формирана Работна група за прашањето за најниските пензии


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за формирање Работна група за разгледување предлози за прашањето за најниската пензија во Република Северна Македонија, како и пакет мерки за помош и поддршка на пензионерите и го донесе Решението за формирање на Работната група, соопшти владината прес-служба.   […]